Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индонезискиот фудбал вовлечен во контроверзија

Индонезискиот фудбал продолжува да биде вовлечен во контроверзија. Прво, имаше демонстрации против номинацијата на Нурдин Халид како председател на Персатуан Сепакбола Индонезија или ПССИ (Индонезиска Фудбалска Асоциација). Тогаш настана кавга поради откажувањето на конгерсот на ПССИ во Пеканбару. Но, најсериозен проблем беше појавата на отцепување од фудбалската лига, минатиот јануари: Премиер Лигата во Индонезија или ЛПИ (Индонезиска Премиер Лига)

ЛПИ има визија да го направи индонезискиот фудбал попрофесинален и независен. Нема да бара средства од владата.

 

Supporters of Indonesian football team, Persiba Bantul. Image by Flickr user Paserbumi Bantul (CC BY-NC-SA 2.0).

Навивачи на индонезискиот фудбалски тим, Персиба Бантул. Слика од Фликр корисник Пасербуми Бантул(CC BY-NC-SA 2.0).

 

ПССИ ја признава индонезиската Супер Лига или ИСЛ, но не ЛПИ. Всушност ПССИ  го откажа членството на трите големи клубови кои се придружија на игрите спонзорирани од ЛПИ. Исто така, наметнаа санкции на членовите на националниот тим кои играа во натпреварот на ЛПИ.

За среќа, владата преку Министерот за млади и спорт, Анди Маларангенг, го одобри ЛПИ натпреварувањето изјавувајќи дека не ги прекршува правата и прописите на државата. Ова им овозможи на ЛПИ да продолжат со натпреварите; и дури конечно полицијата даде дозвола за ЛПИ игрите.

Кои се коментарите на Индонезиските нетизени за трката до власт меѓу фудбалските групи и лидери?

Catatanbujangan blog ги потсетува ПССИ дека Индонезија сеуште нема освоено медал на меѓунароните игри:

Tahun 1991 sampai dengan sekarang Indonesia paceklik gelar. Tak ada medali emas yang berhasil diraih, bahkan pada ajang Piala Tiger yang sekarang berganti nama menjadi AFF, kita belum pernah jadi juara.

„1991 година, до сега Индонезија нема освоено титули. Нема освоено златни медали, дури и во Тигар купот кој беше преименуван во АСЕАН Фудбалска Федерација, никогаш не сме биле шампиони.“

Блогерот „Pustaka Langit Biru“ дури кажа дека ПССИ сега е погоден од тежок хаос.

Menegpora Andi Malarangeng membekukan kepengurusan PSSI dan otomatis PSSI tidak boleh diberi anggaran oleh negara. Kubu Nurdin Halid balik menyerang Andi Malarangeng, dan meminta agar menteri itu dipecat dari jabatannya.

Министерот за млади и спорт, Анди Маларангенг, го замрзна раководството на ПССИ и автоматски државата не може да даде буџет на ПССИ. Нурдин Халид тогаш го врати нападот со барање за разрешување на министерот од неговата позиција.

Gresnews football објави дека овој случај постана меѓународен:

Dalam sebuah kolom yang dituliskan di ESPNSPORT.com, Jesse Fink menilai FIFA sebaiknya turun tangan dalam memperbaiki sepakbola Indonesia. Ini menurutnya adalah langkah untuk menyelamatkan sepakbola Indonesia.

Во колумна напишана во ESPNSPORT.com, Џеси Финк мисли дека ФИФА би требало да подаде рака во подобрувањето на фудбалот во Индонезија. Според него ова е чекорот што е потребен да се спаси Индонезискиот фудбал.

И во Yahoo Answers, некој прашува:

“Mengapa prestasi sepakbola Indonesia sangat jelek, Padahal olahraga ini populer di Indonesia?”

Зошто толку слаба изведба на фудбалските тимови во Индонезија, додека овој спорт е популарен во Индонезија?

Корисникот на Твитер, Сламет Нурул Анвар, предложува ЛПИ и ПССИ да работат заедно за да го подобрат фудбалот во Индонезија:

„LPI dan PSSI harusnya berdampingan bukan berseberangan, kasihan rakyat rindu dengan tontonan bola nasional yang bagus dan berkualitas.“

ЛПИ и ПССИ треба да се рамо до рамо, не обратно. Жално е за граѓаните на кои им недостасува националниот фудбал со квалификувани играчи и добри игри за гледање.

Блогерот Мултибренд го обвинува фудбалското раководство во земјата

Под незрелото раководсво на  ПССИ, многу е тешко да се очекува нашиот фудбалски тим да се покаже зрело, или да бидат подобри од тоа што беа..

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.