- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Судан: Фотографии од референдумот во Јужен Судан

Категории: Супсахарска Африка, Судан, Граѓански медиуми, Избори, Најважни вести, Политика

Во Јужен Судан, од 9 до 15 јануари 2011 година, се одржува рефердум [1]за да се реши дали југот треба да остане дел од Судан или да биде независна држава. Овие фотографии го документираат значајниот референдум во Јужен Судан.

Погледни го мојот прст:

[2]

Жена во Јужен Судан го покажува нејзиниот прст обележан со мастило по гласањето. Фотографијата е дело на Сулејман Абдулахи (http://upiu.com/)

Долгиот пат до местото за гласање:

[3]

Долгиот пат до местото за гласање. Фотографијата е дело на Алун МекДоналд

Ново знаме на Јужен Судан. Значење на боите: црна – луѓето од Јужен Судан, црвена – крвта пролеана за слободата, зелена – земјата, сина – водите на реката Нил, златна ѕвезда – единство на државите од Јужен Судан.

[4]

Новото знаме на Јужен Судан. Фотографијата е дело на Жулио Петрока.

Долгото чекање за слобода:

[5]

Гласачите смирено стоеја во ред со часови. Фотографијата е дело на Интернационалниот Спасувачки Комитет

Изгледа, телевизијата од Јужен Судан не знае да спелува арапски:

[6]

Телевизијата од Јужен Судан незнае соодветно да спелува арапски: صويت наместо صوت . Сликата е дело на Sate3

Како се обележува гласачкото ливче:

[7]

Како се обележува избирачкото ливче на референдумот

Чекање да се гласа за слобода:

[8]

Жителите на Јужен Судан чекаат да гласаат за слобода. Фотографијата е дело на Давид Мекензи

Гласачките ливчиња:

[9]

Гласачко ливче што жителите од Јужен Судан го користат за да гласаат. Фотографијата е дело на Усамах

Ќе донесеш ли стол за мене?:

[10]

Редицата беше многу долга. Луѓето си носеа столчиња. Фотографијата е дело на Интернационалниот Спасувачки Комитет