Белешки на сведокот од толпата

 Faces of participants of the No Muslim Ban protest at Lafayette Park, in Washington D.C., January 29, 2017. Photos: Ivan Sigal

Лицата на учесниците на протестот „Без забрана за муслиманите“ во паркот Лафајет во Вашингтон, 29 јануари 2017г. Фотографии: Иван Сигал

Минатото неделно утро, жителите на Вашингтон излегоа од своите куќи и станови. Тие пристигнаа до плоштадот Лафајет, пред Белата куќа, пеш, со велосипеди и со автобуси на спонтан протест, придружувајќи им се на останатите протести низ Соединетите Американски Држави против извршната наредба на Трамп за забранет влез во САД за имигранти, личности кои поседуваат виза и бегалци од седум држави.

Можеби 5,000 луѓе, очигледно ненавикнати на протест. Настанот започна со истиот импровизиран дух со кој и се оргранизираше – преку Фејсбук страница, преточувајќи се од социјалните мрежи во реалниот свет, во тесен преполн простор помеѓу останатите огради од претседателската инаугурација минатиот викенд.

Поради недостаток на сцена и лидер, луѓето во толпата се гледаа меѓусебно за сигнали. Тие не изгледаа како мобилизиран марш туку повеќе како збир на поединци кои во моментот одлучуваат како да се однесуваат. Тука имаше луѓе кои излегуваат од светот на социјалните мрежи, светот дефиниран со работа или училиште во потполно јавен простор. Имаше гласини дека биле присутни и лидери на политички партии, но од моја гледна точка никој од нив не беше ни чуен ни виден. Наместо тоа луѓето се договараа меѓусебно за просторот и насоката на движење. А можеби бидејќи оваа толпа не беше организирана според некое правило туку заради потребата да се покаже отпор, договорите се одвиваа најчесто тивко со погледи, климање на главата и повремени гестови.

 Faces of participants of the No Muslim Ban protest at Lafayette Park, in Washington D.C., January 29, 2017. Photos: Ivan Sigal

Лицата на учесниците на протестот „Без забрана за муслиманите“ во паркот Лафајет во Вашингтон, 29 јануари 2017г. Фотографии: Иван Сигал

Можеби беа лути или одлучни, па извиците и песните како „Срам“, „Нема забрана, нема ѕид“ и „Нема омраза, нема страв, за бегалците тука, патот е прав“ растеа во вознемирување помеѓу толпата, но никогаш не достигнаа ниво или тон за кој може да се каже дека е агресивен. Како што се полнеше толпата, некои преземаа иницијатива и објавија марш кон авенијата Пенсилванија до меѓународниот хотел на Трамп продолжувајќи кон зградата Капитол. Метежот се разби и почнавме да се движиме.

 Faces of participants of the No Muslim Ban protest at Lafayette Park, in Washington D.C., January 29, 2017. Photos: Ivan Sigal

Лицата на учесниците на протестот „Без забрана за муслиманите“ во паркот Лафајет во Вашингтон, 29 јануари 2017г. Фотографии: Иван Сигал

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.