- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тајландско законодавно тело назначено од војската спроведе гласање за недоверба (импичмент) на отповиканата премиерка

Категории: Источна Азија, Тајланд, Граѓански медиуми, Најважни вести, Политика
Image from the Facebook page of Yingluck Shinawatra. [1]

Фотографија од Фејсбук страницата на Јинглук Шинаватра.

Политиките во Тајланд станаа уште по хаотични денес, кога законодавно тело гласаше за недоверба (импичмент) за поранешната премиерка, тело кое е назначено од влада подржана од војската.

Националното законодавно собрание (НЗС) спроведе тајно гласање во импичментот на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра за корупција поврзана со шема на субвенции за ориз [2] наменета за мали земјоделци која таа ја надгледувала.

Програмата [3] вклучуваше откупување на посевите од ориз од локалните земјоделци од страна на владата, и потоа продавање на светските пазари. Но, критичарите ја сметаа програмата за субвенционирање на оризот како катастрофална популистичка полиса која беше имплементирана за бенефит на поддржувачите на партијата на Јинглук во северните делови од земјата.

Јинглук е првата жена премиер во ова кралство, и чија коалиција со водство од Феу Таи партијата ги доби изборите во 2011. Сепак, војската раководи [4] со Тајланд уште од мај, 2014. Војската изгласа нов устав и назначи неколку тела за владеење и спроведе изборни и политички промени како дел од процесот на нормализација. НЗС е едно од телата создадено од војската да ја надгледува транзицијата на земјата.

Импичментот ја рефлектираше желбата на војската да го блокира враќањето на премиерката во политиката.

Вкупна бројка на гласови од тајното гласање @PouYingluck [5] за импичмент: 190 наспроти 18. #ThaiJunta [6] #Thailand [7]

— Стив Херман (@W7VOA) 23 јануари, 2015 [8]

Безбедносните сили беа „на готовс“ околу собранието за време на гласањето.

8 наутро пред собранието тешка воена полиција за запирање на поддржувачи на ЈШ. Забранети протести. РТ @ArmUpdate [9]: คุมเข้มห้ามชุมนุม pic.twitter.com/WTa7lUWYvA [10]

— แก้วมาลา Kaewmala (@Thai_Talk) 22 јануари, 2015 [11]

Јинглук ја отфрли одлуката на собранието, кое исто така и забрани да држи јавни функции во наредните 5 години. Таа се соочува со неколку криминални обвиненија [12] (исто така поврзани со случајот за корупција) за кои може да добие казна затвор и до десет години.

Јинглук се обрати со изјава на Фејсбук, откако откажа прес-конференција во Бангкок по барање на властите.

Ново: Откако и беше забрането да зборува со новинарите од #ThaiJunta [6], Јинглук дава изјава на Фејсбук https://t.co/3Dv3g7DPF4 [13] — Saksith Saiyasombut (@Saksith) 23 јануари, 2015 [14]

NCPO и полицијата во хотелот СЦ Парк. Велат дека дошле фино да ја замолат ЈШ да не држи прес-конференција. “@capital_lism [15]: pic.twitter.com/isiN5Lh2x5 [16] — Ryn C. (@Ryn_writes) 23 јануари, 2015 [17]

Преведена копија на нејзината изјава, како што објави Феу Таи паријата на нивниот веб сајт [18], потенцира: 

Би сакала повторно да потврдам дека сум невина. Би сакала да им се заблагодарам на малцинството кое гласаше против во гласањето за недоверба. Се восхитувам на вашата сила во запазувањето на принципот на правдата. И покрај тоа што процесот за мојот импичмент беше забрзан и процедурата беше игнорирана до степен што моите основни права, права кои ги има секој граѓанин на Тајланд, не беа почитувани, верувам дека го претставив мојот случај најдобро што можев.

Инсистирам на тоа дека шемата за субвенционирање на оризот има бенефит и за земјоделците и за државата, и дека не трпевме загуби од неа како што тврдат. Сите пресметки за загубите од шемата се манипулирани со субјективност кон мене и со скриена агенда која се користи за елиминирање на политички противник. Најлошо од се, животите на одгледувачите на ориз станаа политичка алатка.

Во однос на обвиненијата поднесени од јавниот обвинител, поранешната премиерка исто така рече:

Жално е што толку многу таканаречени коинциденции за кои зборував вчера, се случија и повторно денес. Само еден час пред гласањето за недоверба на НЗС, од кабинетот на јавниот обвинител одлучија да поднесат кривични пријави за занемарување на службената должност. Ова е спротивно на коментарите на раководителот на обвинителниот тим дека се уште немаат доволно добра причина (мотив). Кабинетот на јавниот обвинител е институција која долго време игра клучна улога во обезбедувањето на правдата. Сепак нивните постапки по ова прашање се проблематични.

Во нејзината изјава, таа опишува, она што таа вели дека е отсуство на демократија и владеење на правото, особено за земјоделците.

Додека импичментот не беше изненадување, некои ја анализираа ситуацијата.

Колку повеќе нелегитимноста и конфликтот на интерес се поочигледни, толку повеќе луѓето ќе се освестат. #Thailand [7] — Pravit Rojanaphruk (@PravitR) 23 јануари, 2015 [19]

Импичментот на Јинглук е повеќе како театарска претстава да се даде легитимност и чувство на процедуралност’ http://t.co/GGuqxGq9qE [20] pic.twitter.com/LhklkbIMe4 [21] — Tony Jordan (@tonygjordan) 23 јануари, 2015 [22]

Како би се чувствувал ти, ако се разбудиш 1 ден, и сфатиш дека живееш во банана република со која владее воена хунта без владеење на правото/граѓански слободи и права — Kris Koles (@KrisKoles) 23 јануари, 2015 [23]

#Thailand [7]-е-#Bangkok [24] и Бангкок е Тајланд – импичмент – по која цена http://t.co/HTVJu3HdmM [25]

— John Le Fevre (@photo_journ) 23 јануари, 2015 [26]

Ни доаѓаат бурни времиња, и се додека државата е под воена состојба, без јавно учество во владеењето и одговорност, прогонот на политички противници ќе продолжи.