Тајландско законодавно тело назначено од војската спроведе гласање за недоверба (импичмент) на отповиканата премиерка
Политиките во Тајланд станаа уште по хаотични денес, кога законодавно тело гласаше за недоверба (импичмент) за поранешната премиерка, тело кое е назначено од влада подржана од војската.
Националното законодавно собрание (НЗС) спроведе тајно гласање во импичментот на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра за корупција поврзана со шема на субвенции за ориз наменета за мали земјоделци која таа ја надгледувала.
Програмата вклучуваше откупување на посевите од ориз од локалните земјоделци од страна на владата, и потоа продавање на светските пазари. Но, критичарите ја сметаа програмата за субвенционирање на оризот како катастрофална популистичка полиса која беше имплементирана за бенефит на поддржувачите на партијата на Јинглук во северните делови од земјата.
Јинглук е првата жена премиер во ова кралство, и чија коалиција со водство од Феу Таи партијата ги доби изборите во 2011. Сепак, војската раководи со Тајланд уште од мај, 2014. Војската изгласа нов устав и назначи неколку тела за владеење и спроведе изборни и политички промени како дел од процесот на нормализација. НЗС е едно од телата создадено од војската да ја надгледува транзицијата на земјата.
Импичментот ја рефлектираше желбата на војската да го блокира враќањето на премиерката во политиката.
Вкупна бројка на гласови од тајното гласање @PouYingluck за импичмент: 190 наспроти 18. #ThaiJunta #Thailand
— Стив Херман (@W7VOA) 23 јануари, 2015
Вкупна бројка на гласови од тајното гласање @PouYingluck за импичмент: 190 наспроти 18. #ThaiJunta #Thailand
— Стив Херман (@W7VOA) 23 јануари, 2015
Безбедносните сили беа „на готовс“ околу собранието за време на гласањето.
8 наутро пред собранието тешка воена полиција за запирање на поддржувачи на ЈШ. Забранети протести. РТ @ArmUpdate: คุมเข้มห้ามชุมนุม pic.twitter.com/WTa7lUWYvA
— แก้วมาลา Kaewmala (@Thai_Talk) 22 јануари, 2015
8 наутро пред собранието тешка воена полиција за запирање на поддржувачи на ЈШ. Забранети протести. РТ @ArmUpdate: คุมเข้มห้ามชุมนุม pic.twitter.com/WTa7lUWYvA
— แก้วมาลา Kaewmala (@Thai_Talk) 22 јануари, 2015
Јинглук ја отфрли одлуката на собранието, кое исто така и забрани да држи јавни функции во наредните 5 години. Таа се соочува со неколку криминални обвиненија (исто така поврзани со случајот за корупција) за кои може да добие казна затвор и до десет години.
Јинглук се обрати со изјава на Фејсбук, откако откажа прес-конференција во Бангкок по барање на властите.
Ново: Откако и беше забрането да зборува со новинарите од #ThaiJunta, Јинглук дава изјава на Фејсбук https://t.co/3Dv3g7DPF4 — Saksith Saiyasombut (@Saksith) 23 јануари, 2015
Ново: Откако и беше забрането да зборува со новинарите од #ThaiJunta, Јинглук дава изјава на Фејсбук https://t.co/3Dv3g7DPF4 — Saksith Saiyasombut (@Saksith) 23 јануари, 2015
NCPO и полицијата во хотелот СЦ Парк. Велат дека дошле фино да ја замолат ЈШ да не држи прес-конференција. “@capital_lism: pic.twitter.com/isiN5Lh2x5 — Ryn C. (@Ryn_writes) 23 јануари, 2015
NCPO и полицијата во хотелот СЦ Парк. Велат дека дошле фино да ја замолат ЈШ да не држи прес-конференција. “@capital_lism: pic.twitter.com/isiN5Lh2x5 — Ryn C. (@Ryn_writes) 23 јануари, 2015
Преведена копија на нејзината изјава, како што објави Феу Таи паријата на нивниот веб сајт, потенцира:
Би сакала повторно да потврдам дека сум невина. Би сакала да им се заблагодарам на малцинството кое гласаше против во гласањето за недоверба. Се восхитувам на вашата сила во запазувањето на принципот на правдата. И покрај тоа што процесот за мојот импичмент беше забрзан и процедурата беше игнорирана до степен што моите основни права, права кои ги има секој граѓанин на Тајланд, не беа почитувани, верувам дека го претставив мојот случај најдобро што можев.
Инсистирам на тоа дека шемата за субвенционирање на оризот има бенефит и за земјоделците и за државата, и дека не трпевме загуби од неа како што тврдат. Сите пресметки за загубите од шемата се манипулирани со субјективност кон мене и со скриена агенда која се користи за елиминирање на политички противник. Најлошо од се, животите на одгледувачите на ориз станаа политичка алатка.
Во однос на обвиненијата поднесени од јавниот обвинител, поранешната премиерка исто така рече:
Жално е што толку многу таканаречени коинциденции за кои зборував вчера, се случија и повторно денес. Само еден час пред гласањето за недоверба на НЗС, од кабинетот на јавниот обвинител одлучија да поднесат кривични пријави за занемарување на службената должност. Ова е спротивно на коментарите на раководителот на обвинителниот тим дека се уште немаат доволно добра причина (мотив). Кабинетот на јавниот обвинител е институција која долго време игра клучна улога во обезбедувањето на правдата. Сепак нивните постапки по ова прашање се проблематични.
Во нејзината изјава, таа опишува, она што таа вели дека е отсуство на демократија и владеење на правото, особено за земјоделците.
Додека импичментот не беше изненадување, некои ја анализираа ситуацијата.
Колку повеќе нелегитимноста и конфликтот на интерес се поочигледни, толку повеќе луѓето ќе се освестат. #Thailand — Pravit Rojanaphruk (@PravitR) 23 јануари, 2015
Колку повеќе нелегитимноста и конфликтот на интерес се поочигледни, толку повеќе луѓето ќе се освестат. #Thailand — Pravit Rojanaphruk (@PravitR) 23 јануари, 2015
Импичментот на Јинглук е повеќе како театарска претстава да се даде легитимност и чувство на процедуралност’ http://t.co/GGuqxGq9qE pic.twitter.com/LhklkbIMe4 — Tony Jordan (@tonygjordan) 23 јануари, 2015
Импичментот на Јинглук е повеќе како театарска претстава да се даде легитимност и чувство на процедуралност’ http://t.co/GGuqxGq9qE pic.twitter.com/LhklkbIMe4 — Tony Jordan (@tonygjordan) 23 јануари, 2015
Како би се чувствувал ти, ако се разбудиш 1 ден, и сфатиш дека живееш во банана република со која владее воена хунта без владеење на правото/граѓански слободи и права — Kris Koles (@KrisKoles) 23 јануари, 2015
Како би се чувствувал ти, ако се разбудиш 1 ден, и сфатиш дека живееш во банана република со која владее воена хунта без владеење на правото/граѓански слободи и права — Kris Koles (@KrisKoles) 23 јануари, 2015
#Thailand-е-#Bangkok и Бангкок е Тајланд – импичмент – по која цена http://t.co/HTVJu3HdmM
— John Le Fevre (@photo_journ) 23 јануари, 2015
#Thailand-е-#Bangkok и Бангкок е Тајланд – импичмент – по која цена http://t.co/HTVJu3HdmM
— John Le Fevre (@photo_journ) 23 јануари, 2015
Ни доаѓаат бурни времиња, и се додека државата е под воена состојба, без јавно учество во владеењето и одговорност, прогонот на политички противници ќе продолжи.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!