Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Перу: Mик Џегер во посета на Лима

Гласината дека Мик Џегер, познатиот пејач од Ролинг Стоунс, е во посета на Лима, започна да се шири во саботата попладне на 8 октомври, 2011.

Се започна со заматена слика објавена од корисникот на Твитер, Цезар Бејарано (@Cesar_Bejarano) која потоа беше повторно објавена во интернет верзијата на  локалниот весник Перу21. На неа можеме да видиме некој кој изгледа како добро познатиот англиски уметник, но тоа е за тоа.

Во недела, 9 октомври, други весници ја потврдија веста, а се појави дури и снимка објавена на Јутјуб од корисникот fmphotos, на кој се гледа Мик Џегер на неѓународниот аеродром Хорге Чавез:

http://www.youtube.com/watch?v=mbzvVXged1o&feature=player_embedded

Перуански блогери и корисници на Твитер разговараат за неочекуваната посета:

Блогот Mejor hablar de ciertas cosas повторно објавува:

De acuerdo al exconductor de “TV Rock”, Cucho Peñaloza, el vocalista de Rolling Stones, Mick Jagger, llegó a nuestro país para recorrer Lima y Puerto Maldonado. La única imagen difundida hasta el momento es esta difusa toma que una cuenta de Twitter mostró desde el interior del Hotel Country Club de San Isidro.

Според поранешниот домаќин на „ТВ Рок“, Кучо Пењолоза,  пејачот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер пристигна во нашата земја  со цел да патува низ Лима и Порто Малдонадо. Единствената слика што беше објавена досега е од внатрешноста на хотелот Сан Исидро кантри клуб, истата е матна, и можеше да се види на профилот на Твитер.

На Tвитер, хаштаговите #mickjagger и #mickjaggerenlima за предизвикаа твитосферата да зборува.

Според Вилиам Амаја (@dkden77e), уметникот достигна стара возраст:

@DJPaulBsAs: #MickJagger confesó q pasa + tiempo en Facebook que tocando una guitarra // le llegó la vejez, no?

@DJPaulBsAs: #Mик Џегер призна дека поминува повеќе време на Фејсбук отколку свирејќи гитара// тој е стар сега, нели?

Додека Мучо Вицио (@muchovicio) прави шеги за некои омилените активности на средновековечните жени:

Tomando el té con Mick Jagger. Luego al bingo y quizás, si la noche es propicia, charadas con las groupies. Y a la camita.

Пијам чај со Мик Џегер. Потоа бинго и можеби, ако ноќта е поволна, играње пантомима со обожавателите. Па во кревет.

Даниел Моралес (@dasang) прашува:

#MickJaggerEnLima porfavor hagan que diga #calata #huachafo o una de esas palabras q son graciosas cuando las dicen los gringos!

#MickJaggerEnLima ве молам натерајте го #calata #huachafo или еден од тие зборови што се смешни кога грингосите ги изговараат!

‘Calato’ машка форма од придавката ‘calata’, значи гол или, во поширока употреба  некој кој нема пари; и ‘huachafo’ може да се преведе како нападен.

Хелена (@HeleNa_Sz_) сака да знае каде може да го најде Мик Џегер:

Y en este momento en qué parte del Perú se encuentra #MickJagger?

И моментално, каде во Перу е #Мик Џегер?

Освалдо Азк (@azk1610) споделува линк со плановите на Мик Џегер за оваа посета во Перу:

#MickJagger se aloja en hotel de Lima y viajaría a Puerto Maldonado periodismoenlinea.org/desde-peru/15/

#Mик Џегер е сместен во хотел во Лима и ќе оди во Пуерто Малдонадо periodismoenlinea.org/desde-peru/15/

Пуерто Малдонадо е јужен град во Перу, главниот град на Мадре де Диос делот, во перуанско-амазонскиот регион.

Многу корисници алудираат со подбивање за нешто што се случило пред повеќе од 20 години: Mониќе Пардо, перуански уметник, се сретна со Мик Џегер во Иќитос. Блогот Доктор Мониќе ни кажува повеќе за средбата:

Dice que se acercó a tomarle una fotografía con una Nikon gris casera que le había arrebatado a su novio, quien permanecía callado durante toda la escena como si fuera un extra, y que pidió a su ídolo que posara como si estuviera leyendo. Mick abrió un libro de bolsillo que llevaba consigo y ensayó algo de poesía amanerada en sus movimientos. La Pardo recuerda haber sentido como si un ratón se alborotara de miedo en su estómago. Al fin disparó la cámara como pudo, en un intento inútil por hacerlo suyo aunque fuese un instante. Jagger se puso de pie y los tres guardaron silencio. Monique, compadeciéndose de su novio, se despidió de Mick.

[Moниќе Пардо] вели дека се приближила за да го слика него со сивиот Никон кој го земала од нејзиниот дечко, кој останал тивок во текот на целата  сцена, како да бил вишок и таа го замолила нејзиниот идол да позира како чита. Мик ја отворил книгата што ја имал со него и се обидел да изгледа поетски со неговите движења. Пардо се присетува, како имала пеперутки во стомакот од нервоза. Конечно, го сликала најдобро што можела, во бескорисен обид да го нарави него, нејзин, барем за секунда. Мик Џегер се исправил и тројцата молчеле. Мониќе, сожалувајќи го нејзиниот дечко, му кажа збогум на Мик.

Имајќи го ова во предвид, Гонзало Аларкон (@Gonzaloalarco) се шегува за посетата на Џегер:

Joder #MickJagger en Lima y nadie enterado? Será que #MoniquePardo lo habrá secuestrado?

Боже #MickJagger е во Лима и никој не знае? Можно ли е #МониќеПардо да го има киднапирано?

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.