- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Љубовната револуција на мексиканските социјални медиуми

Категории: Мексико, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Миграција и имиграција, Образование, Слобода на говор, Туризам

На меѓународно ниво, ќе најдете многу различни прикази на Мексико: еден од нив ја прикажува земјата како рајот на плажите, сонцето, забавите и текилата; друг пак ги опишува Мексиканците како опасна нација во која постојано се случуваат нарко војни; трета можна слика е Мексико во видот на уметничка, фолклорна земја исполнета со шаренила и одлична храна.

Мексико е многу голема и разновидна земја, а во последните неколку дена мексиканските социјални медиуми се исполнети со вести за насилство, почнувајќи со трагедијата во која една банда силувала 6 шпански туристи [1], па се до експлозијата во канцелариите на Pemex [2], а да не зборуваме за корупцијата и злоупотребата на човековите права на новинарите.

Познавајќи ја негативната слика која Мексико ја добива во глобалните медиуми, на некои од луѓето од интернационалната заедница кои живеат во Мексико им здосади да гледаат како позитивната страна на оваа земја се губи во морето од секојдневни, негативни вести. Ова е причината зашто тие се одлучија да дејствуваат на Твитер преку креирање на хаштаг #ForTheLoveOfMexico [3].

Едни од подобрите твитови од овој разговор се:

Сузана Риг (@MexicoRetold [4]) ги поканува интернет корисниците да го започнат разговорот:

@MexicoRetold: [4] Приклучете се на љубовната револуција #fortheloveofmexico [5]

Мексикански момент (@MexicoMoment [6]) се надоврза на дискусијата нагласувајќи ја важната улога на овој хаштаг:

@MexicoMoment: [6] Ние веруваме во ефикасноста и потенцијалот. Веруваме во добри вести и добра храна. Веруваме во одговорни твитови. #fortheloveofmexico [5] @MexicoRetold [7]

Тач [6] (@tachauvergne [8]) сподели неколку комплименти за мексиканските културни шаренила:

@tachauvergne: [8] Затоа што не постои друго место на земјата кое нуди таква разновидна и возбудлива мешавина од култура, храна и луѓе #ForTheLoveOfMexico [9]

Паола о Силк (@HTOMpaola [10]) спомена дека е горда на својата земја поради своите домородни наследства:

@HTOMpaola: [10] RT”@MexicoRetold [7]: Мексико има повеќе од 68 различни домородни јазици!#fortheloveofmexico [5]” ~ ова е една од причините зашто сум заљубена во мојата земја

Тапагринга (@kimmcdaniel [11]) објасни како Мексико ги промени нејзините дефиниции за времето и фамилијата:

@kimmcdaniel [11]: Го сакам Мексико за тоа што ме научи да забавам и да уживам. Ме научи дека фамилијата е најважна. Се друго може да почека. #fortheloveofmexico [5]

Алехандро Кастањон (@alexgillessen [12]) ги изрази своите грижи за „лошата среќа“ на неговата нација и храброст:

@alexgillessen [12]: @vocativmexico [13] Го сакам Мексико за неговата сила да продолжи понатаму и покрај лошата среќа која ја следи оваа земја #fortheloveofmexico [5]

Алехандра Кастре (@Alejandra81 [14]) напиша за прекрасниот миграциски феномен кој се случува со пеперутките монарх: [15]

@Alejandra81: #fortheloveofmexico [5] Мексико е сведок на еден од најубавите миграциски појави: Пеперутките Монарх.

Конечно Лора Винфри (@CancunGringa [16]) го искажа своето воодушевување со наследството кое зад себе го оставиле Маите, веднаш по карибските плажи:

@CancunGringa: [16]Затоа што не постои друго место каде може да видите остатоци од градби на Маите веднаш до карибски плажи! #fortheloveofmexico [5] http://twitpic.com/c16zbe [17]

Captura de pantalla 2013-02-07 a la(s) 13.37.39

Неколку од позитивните мисли кои требаше да бидат споделени со светот, мисли на луѓе од Мексико и луѓе кои го посетиле Мексико, за луѓето од оваа земја да не ја изгубат својата надеж кога секојдневно се соочуваат со бранот на насилство со кој моментално се соочува оваа земја.