Љубовната револуција на мексиканските социјални медиуми

На меѓународно ниво, ќе најдете многу различни прикази на Мексико: еден од нив ја прикажува земјата како рајот на плажите, сонцето, забавите и текилата; друг пак ги опишува Мексиканците како опасна нација во која постојано се случуваат нарко војни; трета можна слика е Мексико во видот на уметничка, фолклорна земја исполнета со шаренила и одлична храна.

Мексико е многу голема и разновидна земја, а во последните неколку дена мексиканските социјални медиуми се исполнети со вести за насилство, почнувајќи со трагедијата во која една банда силувала 6 шпански туристи, па се до експлозијата во канцелариите на Pemex, а да не зборуваме за корупцијата и злоупотребата на човековите права на новинарите.

Познавајќи ја негативната слика која Мексико ја добива во глобалните медиуми, на некои од луѓето од интернационалната заедница кои живеат во Мексико им здосади да гледаат како позитивната страна на оваа земја се губи во морето од секојдневни, негативни вести. Ова е причината зашто тие се одлучија да дејствуваат на Твитер преку креирање на хаштаг #ForTheLoveOfMexico.

Едни од подобрите твитови од овој разговор се:

Сузана Риг (@MexicoRetold) ги поканува интернет корисниците да го започнат разговорот:

@MexicoRetold: Приклучете се на љубовната револуција #fortheloveofmexico

Мексикански момент (@MexicoMoment) се надоврза на дискусијата нагласувајќи ја важната улога на овој хаштаг:

@MexicoMoment: Ние веруваме во ефикасноста и потенцијалот. Веруваме во добри вести и добра храна. Веруваме во одговорни твитови. #fortheloveofmexico @MexicoRetold

Тач (@tachauvergne) сподели неколку комплименти за мексиканските културни шаренила:

@tachauvergne: Затоа што не постои друго место на земјата кое нуди таква разновидна и возбудлива мешавина од култура, храна и луѓе #ForTheLoveOfMexico

Паола о Силк (@HTOMpaola) спомена дека е горда на својата земја поради своите домородни наследства:

@HTOMpaola: RT”@MexicoRetold: Мексико има повеќе од 68 различни домородни јазици!#fortheloveofmexico” ~ ова е една од причините зашто сум заљубена во мојата земја

Тапагринга (@kimmcdaniel) објасни како Мексико ги промени нејзините дефиниции за времето и фамилијата:

@kimmcdaniel: Го сакам Мексико за тоа што ме научи да забавам и да уживам. Ме научи дека фамилијата е најважна. Се друго може да почека. #fortheloveofmexico

Алехандро Кастањон (@alexgillessen) ги изрази своите грижи за „лошата среќа“ на неговата нација и храброст:

@alexgillessen: @vocativmexico Го сакам Мексико за неговата сила да продолжи понатаму и покрај лошата среќа која ја следи оваа земја #fortheloveofmexico

Алехандра Кастре (@Alejandra81) напиша за прекрасниот миграциски феномен кој се случува со пеперутките монарх:

@Alejandra81: #fortheloveofmexico Мексико е сведок на еден од најубавите миграциски појави: Пеперутките Монарх.

Конечно Лора Винфри (@CancunGringa) го искажа своето воодушевување со наследството кое зад себе го оставиле Маите, веднаш по карибските плажи:

@CancunGringa: Затоа што не постои друго место каде може да видите остатоци од градби на Маите веднаш до карибски плажи! #fortheloveofmexico http://twitpic.com/c16zbe

Captura de pantalla 2013-02-07 a la(s) 13.37.39

Неколку од позитивните мисли кои требаше да бидат споделени со светот, мисли на луѓе од Мексико и луѓе кои го посетиле Мексико, за луѓето од оваа земја да не ја изгубат својата надеж кога секојдневно се соочуваат со бранот на насилство со кој моментално се соочува оваа земја.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.