- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Колумбија: Фудбалската федерација ја прифаќа оставката на Болило Гомез од местото главен тренер

Категории: Латинска Америка, Колумбија, Граѓански медиуми, Спорт

Само неколку дена пред почетокот на квалификациската етапа за ФИФА Светското првенство во Бразил 2014, извршниот комитет на Фудбалската федерација на Колумбија (ФЦФ [1]) изјави дека во недела, ноќта на 21 август, Хернанд Дарио Гомез [2] ја ратификува неговта оставка како тренер на националниот фудбалски тим, додавајќи притоа дека е неодповиклива.

Оваа нова оставка беше донесена часови откако председателот Хуан Мануел Сантос [3] побара оставка од Болило, поради неодамнешните настани [4] и предложи да го замени странец. Ова исто предизвика оставка [5] од страна на најблиските соработници на Болило: неговиот асистент (Леонел Алварез [6]), физичкиот тренер на тимот (Елкин Санчес) и директорот (Франциско Матурана [7]).

 

Photo by Lully [8]Фотографија од Лили

Следствено, преговорите со Аргентинецот Герардо Тата Мартино [9] да го пополни слободното работно место, се движат напред [10]. Тие предизвикаа различни видови анкети [11] за тоа кој треба да биде новиот главен тренер. Во исто време проблемот пордолжува да предизвикува реакции на интернет.

Карлос В. Моралес (@CarlosVictorM [12]) од Еквадор изразува [13] сигурност за новиот главен тренер:

Ya hay acuerdo entre Federación Colombiana y Martino. Presidente Bedoya prepara viaje a Rosario para cerrar negociación. Tata será el DT de Colombia.

Веќе постои договор помеѓу Колумбијската федерација и Мартино. Претседателот Бедоја се подготвува за патување до Розарио за да ги заклучи преговорите. Тата ќе биде тренерот на Колумбија.

Новинарот Габриел де ла Касас (@gabodelascasas [14]), презентираше [15] опции за празното место и го покренува прашањето:

Hoy NO se conocerá técnico de la selección. Opcionados, Comesaña, Gareca, El Tata Martino. ¿Cuál le gusta a usted?

Денеска нема да знаеме кој ќе биде новиот главен тренер на националниот тим. Постојат неколку опции: Комесања, Гареса, Тата Мартино. Кој ви се допаѓа?

Чинита Беррио (@chinitaberrio [16]) ја поздрави [17] оставката на тренерот и неговиот советник:

Bolillo y Maturana fuera…. Gracias

Болило и Матурана се надвор… Благодарам

Андрес Ечевериа (@AndreloE [18]) е еден од неколкумината кој по оставката на Болило коментира [19] во негова корист:

Me hace reír, un equipo mediocre como el de #Colombia [20] necesita un buen técnico y no un mediocre como el Tata Martino, prefiero al Bolillo.

Me тера да се смееам, просечен тим како Колубија бара добар тренер, а не просечен како Тата Мартино, јас го преферирам Болило.

Новинар Феликс де Бедоут (@fdbedout [21]) го критикува недостатокот на ефективност на Фудбалската федерација на Колумбија:

La ineptitud de la federación llevo a tiempo extra lo inevitable, a esta hora ya tendríamos técnico y al bolillo arreglando sus asuntos.

Ѓубрето од Федерација го зеде неизбежното за екста време, за тоа време „Болило“ ќе се погрижеше за неговите проблеми и Колумбија ќе имаше главен тренер.