Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Фудбалската федерација ја прифаќа оставката на Болило Гомез од местото главен тренер

Само неколку дена пред почетокот на квалификациската етапа за ФИФА Светското првенство во Бразил 2014, извршниот комитет на Фудбалската федерација на Колумбија (ФЦФ) изјави дека во недела, ноќта на 21 август, Хернанд Дарио Гомез ја ратификува неговта оставка како тренер на националниот фудбалски тим, додавајќи притоа дека е неодповиклива.

Оваа нова оставка беше донесена часови откако председателот Хуан Мануел Сантос побара оставка од Болило, поради неодамнешните настани и предложи да го замени странец. Ова исто предизвика оставка од страна на најблиските соработници на Болило: неговиот асистент (Леонел Алварез), физичкиот тренер на тимот (Елкин Санчес) и директорот (Франциско Матурана).

 

Photo by LullyФотографија од Лили

Следствено, преговорите со Аргентинецот Герардо Тата Мартино да го пополни слободното работно место, се движат напред. Тие предизвикаа различни видови анкети за тоа кој треба да биде новиот главен тренер. Во исто време проблемот пордолжува да предизвикува реакции на интернет.

Карлос В. Моралес (@CarlosVictorM) од Еквадор изразува сигурност за новиот главен тренер:

Ya hay acuerdo entre Federación Colombiana y Martino. Presidente Bedoya prepara viaje a Rosario para cerrar negociación. Tata será el DT de Colombia.

Веќе постои договор помеѓу Колумбијската федерација и Мартино. Претседателот Бедоја се подготвува за патување до Розарио за да ги заклучи преговорите. Тата ќе биде тренерот на Колумбија.

Новинарот Габриел де ла Касас (@gabodelascasas), презентираше опции за празното место и го покренува прашањето:

Hoy NO se conocerá técnico de la selección. Opcionados, Comesaña, Gareca, El Tata Martino. ¿Cuál le gusta a usted?

Денеска нема да знаеме кој ќе биде новиот главен тренер на националниот тим. Постојат неколку опции: Комесања, Гареса, Тата Мартино. Кој ви се допаѓа?

Чинита Беррио (@chinitaberrio) ја поздрави оставката на тренерот и неговиот советник:

Bolillo y Maturana fuera…. Gracias

Болило и Матурана се надвор… Благодарам

Андрес Ечевериа (@AndreloE) е еден од неколкумината кој по оставката на Болило коментира во негова корист:

Me hace reír, un equipo mediocre como el de #Colombia necesita un buen técnico y no un mediocre como el Tata Martino, prefiero al Bolillo.

Me тера да се смееам, просечен тим како Колубија бара добар тренер, а не просечен како Тата Мартино, јас го преферирам Болило.

Новинар Феликс де Бедоут (@fdbedout) го критикува недостатокот на ефективност на Фудбалската федерација на Колумбија:

La ineptitud de la federación llevo a tiempo extra lo inevitable, a esta hora ya tendríamos técnico y al bolillo arreglando sus asuntos.

Ѓубрето од Федерација го зеде неизбежното за екста време, за тоа време „Болило“ ќе се погрижеше за неговите проблеми и Колумбија ќе имаше главен тренер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.