Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Различни гледишта за реизборот на Борис Тадиќ

Демократијата положи уште еден тежок испит во Србија, осум години по падот на режимот на Слободан Милошевиќ: сегашниот претседател Борис Тадиќ беше реизбран на 3 февруари, добивајќи 50.5 проценти од гласовите наспроти 47.9 проценти на Томислав Николиќ.

Претходниот напис на Глобал војсес околу исходот од изборите се однесуваше на реакциите на англофонските српски блогери. Подолу има превод од српски јазик на уште два написи, и двата објавени на блог порталот на Б92.

Бранислав Ковачевиќ Кол на 4 Февруари напиша:

[…] Наместо да му честитам на Борис Тадиќ, би го советувал внимателно да ги проучи резултатите од изборите. Тој не треба да мисли дека рејтингот на неговата Демократска партија се зголемил. Треба да им биде благодарен на сите гласачи кои беа многу позрели отколку нивните политички водачи…[…]

[…] По оваа победа, Борис Тадиќ и Демократската партија имаат огромна одговорност. Нема време за прославување. Им честитам на сите граѓани кои отидоа на гласачките места и со тоа ги спречија радикалите.

Нуне Поповиќ на 5 Февруари напиша:

Анти-демократските сили на Србија ја научија својата политичка лекција на 5-ти октомври 2000 г., и оттогаш нивното влијание се зголемуваше. За разлика од нив, демократските сили не ја научија својата лекција и ги игнорираа предупредувањата. Се затворија во нивниот дилетантски круг, имаа погрешна слика за ситуацијата во Србија и незаслужено си припишаа заслуга за фиктивната демократија во Србија.

Овој пат, Демократската коалиција има малку време за одлучна политичка борба против радикалните национално-социјалистички партии во Србија.[…]

[…] Полска го има „Институтот за национално сеќавање“, државно тело кое овозможува нивниот народ никогаш да не заборави што правеле во минатото криминалците од разните структури на претходниот режим. Целта е тие да бидат пронајдени и уапсени.

Доколку Србија имаше слична институција, немаше да биде потребно да ги потсетуваме граѓаните за тоа кои биле радикалите, [Војислав Шешељ], [Слободан Милошевиќ] и нивниот режим. И немаше да треба да се потсетуваме што ни направија и зошто се уште се неказнети. Тие се повторно веднаш зад нас. Некои од нив се однесуваат како ништо да не се случило кога имале апсолутна власт, и не се казнети.[…]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.