- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Најавување на новиот натпревар за мали грантови во 2013 на Rising Voices

Категории: Граѓански медиуми

Дали имате идеја за проект кој би и помогнал на вашата локална заедница во употребата на граѓански медиуми, за тие полесно да може да ги споделат своите приказни? Имате потреба од финансирање и поддршка за вашата идеја да стане реалност? 

Од 2007 година, Rising Voices се обидува да поддржи индивидуи, групи на обични луѓе, мрежи и организации посветени на помагањето на учеството на своите локални заедници во дигиталниот онлајн простор. Преку снабдување на финансии и менторство за мали проекти, Rising Voices до сега има поддржано 35 проекти на граѓански медиуми [1] од сите страни на светот. Овие проекти им помогнаа на локалните лидери во донесувањето на нови и недоволно присутни гласови во глобалниот дигитален разговор, со цел тие да ги споделат своите приказни или пак да ги откријат прашањата кои се според самите нив важни за заедницата.

Нова платформа

 

Почнувајќи со првиот круг од финансирањето на мали грантови во 2013 година, Rising Voices разви нова платформа [2] каде кандидатите можат јавно да ги споделуваат своите идеи со пошироката заедница. Овој отворен процес може да овозможи препознавање на добри идеи и можности, како и помош при создавањето на врски помеѓу групи лоцирани на исто географско подрачје или групи кои работат околу истото прашање. Ние мислиме дека овој нов начин на споделување на идеи ќе има позитивно влијание врз глобалната заедница која дели заедничка цел во создавањето на поинклузивен и разновиден дигитален онлајн простор.

Уште еднаш, ние ќе поддржиме до пет мали грантови во вредност од 2,500-4,000 американски долари на успешните апликанти кои покажале силна и јасна идеја за како најдобро да им се пружи обука и поддршка на членовите од нивната локална заедница. Одредени проекти на грантисти ќе и се приклучат на Rising Voices заедницата и ќе бидат на широко споделувани низ мрежата на Global Voices.

УПАТСТВА

Rising Voices е во потрага по проекти кои ја делат нашата мисија во воведувањето на гласови од нови заедници, како и на гласови на недоволно застапени јазични групи во глобалниот онлајн разговор, преку употребата на партиципативни граѓански медиуми. Примарните активности на овие проекти треба да бидат снабдувањето на работилници за обука на целата заедница, како и пружање на константна поддршка и менторство. Ве молиме погледнете го нашиот список на cегашни [1] и поранешни [3] стипендирани проекти како пример на одобрени проекти.

Неколку примери на потенцијални проекти би биле:

Проектните идеи не се ограничени на наведените примери, ве охрабруваме да бидете креативни, но и реални во своите предлози. Погледнете ги често поставуваните прашања [4] за дополнителни информации.

За да се пријавите, посетете ја страницата за „Поднесување на предлог [5]“, каде можете да најдете кратки прашања кои ќе ви овозможат да го опишете вашиот проектен план. Ќе можете да забележите дека има одреден број на карактери (не на зборови) за секој одговор.

ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ

Натпреварот ќе го следи следниот временски процес:

Прв циклус – Кандидатите ги доставуваат своите првични предлози [5] користејќи ја интернет платформата. Откако предлогот е објавен, ги покануваме кандидатите да ги споделат своите предлози со нивната мрежа, на начин да добијат коментари и придонес од други граѓани. Можете да забележите дека постои опција со која кандидатите може да ги задржат своите предлози како приватни доколку се загрижени за безбедноста.

Сите предлози ќе бидат разгледани од страна на комисија составена од членови на Global Voices заедницата, меѓу кои и добитници на мали грантови од минатото.

Крајниот рок за пријавување е петок, 1ви март, 2013 година во 23:59 GMT

Втор циклус – Комисијата ќе одреди кратка листа на финалисти, кои ќе бидат поканети да достават подетален и подолг предлог вклучувајќи и буџет, временска рамка и дополнителни детални информации. Овие финалисти исто ќе имаат можност да достават додатни мултимедијални податоци, кои на пример можат да бидат во форма на видео записи или фотографии направени од апликантите за да и помогнат на комисијата во донесувањето на конечна одлука.

Победниците ќе бидат прогласени на 31ви март (оваа дата може да биде подложна на промени во однос на бројот на примени предлози кои треба да бидат разгледани).

Ве молиме слободно да ги поставувате вашите прашања преку објавувањето на коментар или испраќање на електронско писмо преку формуларот за контакт [6].

Со среќа!