- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јапонија се подготвува за револуцијата на податоци од отворен вид

Категории: Источна Азија, Јапонија, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Здравје, Слобода на говор, Технологија

По смртта на Aрон Сварц, [1] активист за податоци од отворен вид, прашањата околу отворен пристап и сопственост на податоци беа повторно покренати ширум светот. Но, за Јапонија, само што започнаа да се сеат семињата на податоците од отворен вид, во почетокот на 2013 година. 

Хакирање на податоци од отворен вид

Фондацијата на отворено знаење Јапонија (OKFJ) [2] работи на поддржувањето во креирање, објавување и користење на различни податоци вклучувајќи ги и владините податоци. Целта е да се подобри општеството на начин да луѓето и системите станат пософистицирани и поинформирани. Групата започна во јули 2012 година и целосно беше ставена во функција од ноември истата година. OKFJ им помага на локалните организатори во Јапонија за Интернационалниот ден на податоци од отворен вид [3] да се одржи на 23ти февруари. 

International Open Data Day in Japan

Интернационален ден на податоци од отворен вид во Јапонија.
Сликата е употребена со дозвола од OKFJ

Во Токио, Hack for Japan [4], заедница на програмери кои се соединија по Земјотресите во 2011 [5] со цел поддржување на олеснувањето од катастрофата преку користење на информатичката технологија, ќе биде домаќин на Интернационален ден на податоците од отворен вид, Хакатон, Токио [6]. Други локални случувања [7] се очекува да се одржат во Јокохама [8] и во Чиба. Овој викенд на 25-26 јануари, Комитетот за развој на решенија на податоци од отворен вид [9] одржа 24-часовен хакатон за податоци од отворен вид. Настанот се надева дека ќе успее да собере информации достапни за локалните граѓани како и корисни информации за луѓето кои ја посетуваат Јокохама за нејзината уметност и култура, и за ревитализација на заедницата.

Yokohama Open Data Hackathon

Фотографија од Хакатонот на отворени податоци во Јокохама, кој се одржа на 25-26 јануари, 2013. Фотографија употребена со дозвола.

Предизвикот за поврзани податоци од отворен карактер Јапонија 2012 [10], инициран од страна на комитетот на одделот на животна средина и информатички студии при универзитетот Кејо, отвори апликација за овој предизвик. Крајниот рок е 31ви јануари и победникот ќе биде прогласен на 7ми март. 

Податоците од отворен вид одат и подалеку

Такви напори за податоци од отворен вид се јавуваат не само во главните градови од Kанто регионот [11], но и во помалите. Градоначалникот на Градот Такео [12] во префектурата Сага каде популацијата изнесува околу 50,961 [13]привлекува внимание со своите прогресивни политики за отворена влада. Градот Такео планира да состави еден заедничи совет [14]од податоци од отворен вид и големи податоци со градот Чиба, Нара и Фукуока. Во префектурата Ишикава, Хакатонот Каназава [15] постави тема „отворена влада“ за својот настан на 16ти февруари, да собере од различни идеи и да објави прототип за јавноста 2.0.

Стратегијата за е-влада е на пат

Зад овие иницијативи е „стратегијата на податоци од отворен вид за е-администрација [16]“ водена од владата, која е документирана од Стратешкото седиште за напредни информации и општеството за телекомуникациски мрежи (ИТ стратешко седиште), и е објавен на 4ти јули, 2012 година. Распоредот [17] за имплементирање на планот е исцртан, во кој спаѓа прогласување на главен информациски директор за владата, зголемувајќи ја пристапноста до административни услуги, и актот „Mој број“, сметка чија цел е да ги дефинира граѓаните според уникатен број како за оданочување, така и за социјална безбедност (која се уште не е донесена).

Податоците од отворен вид

Сепак, некои мислат дека не сите информации треба да бидат слободни [18]. Медицинскиот универзитет во Фукушима на 15 декември 2012 година потпиша договор со Интернационалната агенција за атомска енергија (IAEA) [19] за соработка во областа на здравјето на луѓето. Еден документ [ja [20]],[en [20]] во договорот зборува за обезбедување на доверливост на информациите класифицирани од другата странка како ограничени или доверливи. На 25ти јануари, граѓанскиот медиум JANJAN [21] го цитираше мислењето на др. Масуцаки [22] кој вели дека резултатите од тестовите спроведени врз крв земена од децата од Фукушима би требало да бидат јавни, затоа што тестот бил направен врз од прилика 70% од децата во овој град до крајот на декември 2011 година. Резултатите од тестовите спроведени врз возрасните граѓани беа откриени минатата година.

Censorship. Image by Flickr/IsaacMao (CC BY 2.0).

Цензура. Слика од Фликр/IsaacMao (CC BY 2.0).

Страв од Големиот брат

Некои пак се плашат дека зголемување на податоците земени од неверодостојна влада ќе ја претвори Јапонија во светот на книгата 1984 на Џорџ Орвел. [23] Твитот што следува беше споделен повеќе од 223 пати.

@NewStream_2012 [24]:【ツイッターで自由に呟けなくなる日も近い…】①人権救済機関設置法案 ②マイナンバー制度 ③コンピューター監視法案 ④私的違法DL刑罰化 ⑤秘密保全法 ⑥ACTA。今、日本は急速に言論統制国家へ向かっている

Ќе дојде ден кога луѓето нема да можат да твитаат слободно [како последица на следните сметки и закони] (1) Сметка за хуманитарната организација за човекови права (2) Актот „мој број“  (3) Акт за мониторинг на компјутерите (4) Санкционирање на нелегално преземање за лична употреба (5) Акт за потребна безбедност (6) ACTA. Мислам дека Јапонија брзо преминува во нација на цензура.

Блогерот RealWave пишува за актот „Мој број“, [25] тој вели дека прекумерниот страв е бескорисен и дека примарна идентификација за оданочување и социјална безбедност може да им биде од корист на граѓаните, особено поради практичност откако правилно ќе се воведе.

国家による国民監視を過剰に恐れるあまり、複雑怪奇なシステムを作ったり、国民総背番号制の実現自身に反対して、課税逃れの連中を喜ばすのは愚かなことです。国家による国民監視が行き届いた国民サービスになるか暗黒の統制社会を作るかはシステムの問題ではなく民主主義をきちんと機能させることができるかどうかの問題です。間違った危険の認識は間違った解決策を生むだけです

Би било непромислено да се креира бизарен и комплициран систем преку дополнителен страв на една нација која ги набљудува своите граѓани, или да им се удоволува на даночните затајувачи преку протестирање за националниот број за идентификација. Ако системот создаде мрачно општество на цензура, или општество каде владата ги следи своите граѓани за подобро да му служи на својот народ, не е избор на системот туку е избор на луѓето, дали луѓето можат да се потрудат да функционириаат како демократија. Кога ризикот е грешно протолкуван и решението е грешно.

Јавни податоци и приватни ентитети 

Прашањето за влада која собира податоци е поврзано со тоа колку податоци ќе бидат споделени со приватни компании. Градот Такео има во план да ја обнови својата јавна библиотека преку приватен ентитет, а картички за награда на приватните компании ќе се користат наместо членските картички од библиотеката. Старбакс ќе отворат нова кафетерија во библиотеката. Овој план е прогласен за контроверзен [26] бидејќи лични податоци во јавната библиотека можат да бидат искористени за маркетинг целите на приватните ентитети.

Кога Associated Press го тестираше законот за слобода на информации [27] ширум светот во 2011 година, министерот за правда во Јапонија го одби барањето на Associated Press велејќи дека неговата канцеларија ги нема одговорите и изјавувајќи ја својата загриженост за загрозување на приватноста [28]. Ние ќе мора да почекаме и да видиме дали 2013 ќе биде годината кога Јапонија безрезервно ќе прифати поинклузивни, попартиципативни податоци од отворен вид.