Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Прва национална симулација за евакуација

Official logo of the national evacuation campaign

Официјално лого на националната кампања за евакуација.

Утрото на 5 октомври, 2011 година, Колумбија спроведе национална симулативна вежба за евакуација во која учествуваа 14 градови. Идеjата беше да се симулира вoнредна состојба (земјотрес) и да се изгради свеста за чекорите кои луѓето треба да ги превземат во случај на вистинска вонредна состојба.

Оние кои беа главни за настанот, кој од страна на националната влада беше закажан да започне во 11:00 часот предпладне, се обратија преку медиумите и веб-сајтот за да ги поканат Колумбијците да земат удел во вежбата. Како таква, државните установи, образовните институции и бројни приватни компании се согласија да учествуваат во оваа симулација, која беше прва на национално ниво, но трета во главниот град, Богота.

Официјалната страница за настанот објави:

El Simulacro de Evacuación ha permitido posicionar a Bogotá y al país en general como líderes en el tema de prevención y preparación para afrontar emergencias en América Latina. Este año se ha hecho especial énfasis en el sector educativo, en el cual ya confirmaron su participación 214 planteles educativos, tanto privados como públicos, de toda la ciudad.

Симулацијата на евакуација и овозможи на Богота, и на земјата во целина, да завземе став на лидер во областа на заштитата и подготовките за надминување на вонредните ситуации во Латинска Америка. Оваа година посебен акцент беше ставен на образованието, во кој 214 образовни институции во целиот град, и приватни и јавни, го потврдија нивното учество.

Социјалните мрежи ја одиграа нивната улога и луѓето зборуваа за настанот со доста смисла на хумор.

Некои исто тако го извртеа и политички. Карлос Хернандес (@creacionhumana) изјави дека настанот беше  димна завеса за да луѓето не зборуваат за текот на договорот за слободна трговија помеѓу САД и Колумбија:

Lo del #simulacro era para distraernos de la aprobación del TLC?

Дали симулацијата беше направена за да ни го одвлече вниманието за текот на договорот за слободна трговија?

Мал_нацида (@JelizMon) ја искористи ситуацијата и зборуваше за пропусти при вниманието на здраствениот систем на Колумбија за итни случаи:

Por que no mejor un #simulacro de atender bien en las URGENCIAS de los hospitales

Зошто да не се направи подобра симулација и да обрати повеќе внимание на итните случаи во болниците

Сепак корисниците на Твитер како Марисол Гутиерез (@marysolga) ги расчисти настаните и напиша:

charlé, reí, caminé, busqué a mi grupo, dije presente y volví a trabajar, estaba #simulacro. Jaja será que en un terremoto se pasa tan bueno?

Разговарав, се смеев, чекорев, ја побарав мојата група, кажав дека бев присутен и се вратив на работа. Тоа беше симулацијата. Хаха, дали вистинските земјотреси се толку забавни?

Исто така имаше повеќе мислења кои покажаа на фактот дека целта на настанот не беше постигната.

Хосе Давид Хидалго (@josedavidalejo) напиша:

El #Simulacro De Mi Colegio Fue Muy Malooo :/

Симулацијата во моето средно училиште беше многу лоша:/

Ѓеована Валенсија(@Geovannella) посочи дека за време на вистинска итна ситуација, никој не останува смирен:

#simulacro es una perdedera de tiempo, a la hora de una emergencia NADIE piensa, ni conserva la calma!

#симулација е трошење на време, за време на итен случај никој не мисли, или останува мирен!

Конечно, некој како Себастијан Алварез (@SebasAlvarez6) не забележа дека се одвиваше симулација:

Yo ni me di cuenta del #simulacro!

Дури и не сфатив дека се случуваше симулација!

Можете да прочитате повеќе реакции под хаштагот #simulacro.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.