- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Нема повеќе награди и признанија!

Категории: Источна Азија, Кина, Владеење, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Уметност и култура, Хумор, Човекови права

Јасно е дека кинеската влада не е среќна за Нобеловата награда за мир 2010. Како и да е, незамисливо е гневот на пропагандната машинерија да прерасне во цензура на зборовите „признание“ и „награда“.

Според последното генерално соопштение од Централното биро за пропаганда, кое се однесуваше на вести и пропаганда во 2011, [1] сите веб-сајтови за вести и реклами не треба да иницираат било каков вид на избор на национално ниво (листи и награди) на вести, луѓе или настани. Позадината на оваа вест е поврзано со серија настани од изминатата година:

Прво, кинескиот политички дисидент Лиу Ксиаобо ја освои Нобеловата награда за мир 2010 [2].

Второ, Тајм викли објави листа на „100 највлијателни луѓе на денешниата“, во која беше вклучен и активистот за безбедност на храна Жао Лианхаи и неколку потписници на Повелбата о8, вклучувајќи ги и Кју Веипинг и Ксу Јуји. Пенг Ксиаојун, кој беше задолжен за листата, беше присилен да го напушти списанието.

Покрај двете претходно споменати контроверзни случувања, имаше бројни листи и доделување на награди организирани од медиумски организации, минатиот декември, за да служат како едно заокружување на крајот на 2010та. На пример, на 17.12.2010, Саутрн метрополис деили додели 23 награди [3] на уметници, граѓани, бизнис лидери, дизајнери, млади итн.

За да ги сопре медиумските организации во промовирањето на „незаконски“ и „нехристијански“ достигнувања и дела во граѓанското општество, владата ја забрани листата на најдобри новински извештаи на Саутерн викендс, „Поздрав до Медиумите [4] 2010″, изминатиот месец. Покрај тоа, Централното биро за пропаганда неодамна одлучи дека владините и партиските власти треба да имаат монополска позиција во издавањето на „признанија“ и „награди“.

Во конкретната имплементација на општата одлука, кинескиот знак „獎“, кој што значи „признание“ или „награда“ е забранет во голем број на медиумски куќи и јавни настани без одобрение од релевантните власти.

Со цел да ја предизвика апсурдната мерка за цензура, независниот медиумски работник, Ванг Шаушан, објави „Ванг Шаушан Новински награди 2010“ преку неговиот блог [5]. Има вкупно 6 награди и резултатите беа објавени на 12.01.2011 преку Твитер [6].

【1】大铁锤奖,获奖者:南方都市报记者:龙志。获奖报道:《安元鼎:北京截访“黑监狱”调查》,http://gcontent.oeeee.com/f/6c/f6c9dc70ecfd8f90/Blog/4a3/c0aee0.html 。

1. Награда- Голем чекан [7]: Лонг Зи од Саутерн метрополис и неговата вест за „Ан Јуан Динг: Истрага за „Црниот затвор“ : http://gcontent.oeeee.com/f/6c/f6c9dc70ecfd8f90/Blog/4a3/c0aee0.html
[Белешка на преведувачот: Чеканот симболизира сила и влијателност.]

【2】八爪鱼奖:环球时报英文版记者: Wen tao、Song Shengxia 。获奖报道:Дваесет уметници протестираат во центарот на Пекинг, http://sinaurl.cn/h0yWQ

2. Награда- Октопод [8]: Известувачите на англиската верзија на Глобал тајмс: Вен Тао и Сонг Шенгшауа и нивната вест за дваесет уметници, протестираат во центарот на Пекинг: http://sinaurl.cn/h0yWQ
[Белешка на преведувачот: Октоподот симболизира повеќеаголност и обемност.]

【3】稻草人奖:河南商报记者 王文凯。获奖报道:76岁菜农遭执法者掌掴 称卖红薯系为儿子挣药费,http://news.sina.com.cn/s/p/2010-11-10/052621444610.shtml

3. Награда- Сламен човек [9]: Известувачот на Хенан комршал деили, Ванг Венкаи и неговата вест за 76 годишниот фармер кој ги продава неговите слатки компири за неговиот болен син и кој беше удрен од полицајците: http://news.sina.com.cn/s/p/2010-11-10/052621444610.shtml.
[Белешка на преведувачот: Сламениот човек симболизира хуманитарна грижа.]

【4】水产蟹奖:成都商报 前记者 殷玉生。获奖理由:成都商报记者殷玉生因报道河北大学飙车案,被自动离职,并遭莫名群殴。

4. Награда- Речен рак [10]: Поранешниот известувач од Ченгду комршл деили, Јан Јушенг. Тој беше претепан од страна на анонимна толпа и присилен да го напушти весникот по објавувањето на сообраќајната несреќа со автомобил во универзитетот Хебеи.
[Белешка на преведувачот: Речниот рак симболизира хармонија и наградата е претставена за оние кои се осудуваат да им се спротивстават на речните ракови.]

【5】乌鸦嘴奖:时代周报 评论部 彭晓芸。获奖理由:时代周报2010年评论版相当给力,超乎期待。

5. Награда- Чавка [11]: Пенг Ксиаојун, уредничка на коментари од Тајмс викли. Таа имаше одлична изведба во одделот за коментари во Тајмс викли во 2010, која ги надмина очекувањата.
[Белешка на преведувачот: Чавката прави ужасни звуци, но најчесто тие се предупредувачки.]

【6】南美羊驼奖:赵连海。获奖理由,坚持不懈地为结石宝宝奔走呼吁,公民典范。

6. Награда- Алпака [12]: Жао Линхаи, како граѓанин продолжува да го следи инцидентот со отровното млеко и се бори за правата на бебињата со камен во бубрег.
[Белешка на преведувачот: Алпака претставува активисти и дисиденти.]

Индивидуалците и дисидентите можат да се спротивстават на Бирото за пропаганда со ваков вид на уметнички изведби со саркастично однесување. Како и да е, забавната индустрија е силно погодена од новите одредби. Истакнатиот филмски режисер, Фенг Ксиаоганг, ја опишува чудната ситуација во една неодамнешна прилика на доделувањето на режисерски награди и се пожали [13] во неговиот Сина микроблог:

导演会颁奖,因不允许说”奖"字,只能改称"表彰"。奖杯因为有奖字,主持人为避开这个奖字只能说:请表彰人向被表彰人颁发被表彰证明物体。请获奖者发表 获奖感言也只能改为:请被表彰人发表得体感言。李雪健说,这么多导演这么严肃评的奖,为躲这么一字搞的这么累,让人心酸。赢得现场全体导演鼓掌。

Сега кога режисерите добиваат награда, ние не можеме да го кажеме зборот „награда“ и треба да го употребиме зборот „пофалба“. Бидејќи зборот „Награден трофеј“ го носи зборот „награда“, домаќинот треба да го избегнува зборот и да каже: нека пофалениот го добие доказот на пофалбата од страна на презентерот на оваа пофалба. „Забелешките на благодарност презентирани од пофалениот“ треба да бидат преформулирани во: нека пофалениот ја изрази својата благодарност. Ли Ксучанг (познат домашен актер) рече: многу режисери присуствуваа на оваа свечена церемонија на доделување на награди. Сега ние треба да го избегнуваме зборот, на сите им е преку глава. Ова е навистина тажно. Сите режисери ракоплескаа (откако го слушнаа ова) .

Микроблогот на Фенг доби илјадници повратни реакции. Ова е еден од најчестите класични примери за тоа како Бирото за пропаганда го политизира аполитичниот сектор со неговата практика на апсурдна цензура.