Србија: Претседателот Тадиќ повторно избран
Подолу се наведени неколку размислувања на англофонски блогери околу исходот од претседателските избори во Србија.
Ерик Горди од Источна Етнија ја започна неговата анализа за OpenDemocracy.net со ова резиме:
Неубедливиот резултат од првиот круг на претседателските избори во Србија одржан на 20 јануари 2008 г. резултираше со втор круг во недела 3-ти февруари. Повторно, се стравуваше дека екстремната националистичка десница застапувана од Српската радикална странка (СРС) и нејзиниот кандидат Томислав Николиќ ќе однесат убедлива победа; но исто како во првиот круг, извонредно високата излезност спречи таков исход. Сегашниот претседател Борис Тадиќ од Демократската странка (ДС) се провлече до победата со 50.5 % наспроти 47.9 проценти на Николиќ. Со тоа, Тадиќ веројатно стекна одредена политичка автономност за неговиот втор петгодишен мандат, но ништо не е сигурно. […]
На 15-ти јануари, Крис Фармер на неговиот блог „Б92“ пишуваше за стравувањето на неговата српска беби-ситерка од победата на Николиќ:
Еден ден, пред неколку недели, ја слушнав кога рече дека ќе се спакува и ќе ја напушти земјата доколку радикалите, т.е. насмеаниот „Томи Ник“ победат на претстојните претседателски избори.
Хм, и реков. […]
Во делот за коментари од овој напис, Александар Стошиќ одговори:
Твојата беби-ситерка не е единствената. Многу млади и средовечни Срби ми го кажаа истото, никој не сака уште една војна, уште една криза, уште една инфлација, уште една регионална нестабилност. Јас лично, секогаш го чувствувам истото во предизборниот период. […]
Лајтхаус се надоврза на Стошиќ:
[…] Твојата беби-ситерка веројатно се сеќава на 1992 г., и фамозниот егзодус на странските дипломати во конвој. И јас се сеќавам. Иако не сум беби-ситерка, во тоа време заработував благодарение на дипломатите. Кога тие си заминаа, морав да го затворам мојот мал бизнис.
Значи, тоа е она што „го знае“ твојата беби-ситерка. Така што, ако победи Ник Гробарот, спакувај се. Подготви се да си одиш дома, затоа што твојата беби-ситерка веќе ќе биде таму.
Алан Јакшиќ, хрватски Србин кој живее во Англија, познат како балкански анархист, со олеснување ја прими веста за победата на Тадиќ:
[…] „Иако во идеалниот свет не би требало да има држави и граници, ниту влади или политичари, а со тоа би немало потреба ни за избори, ова е сепак добар резултат.“ […]
Во написот за првиот изборен ден, Јакшиќ за двата кандидати и Србите од дијаспората вели:
Борис Тадиќ докажа дека е повеќе од способен да води земја како Србија, со оглед на нејзиното недамнешно минато. Под негово водство, Србија полека го подобруваше својот углед низ светот. Каде и да се спомне добар збор за Србија, толку подобро за Србите во Дијаспората и Србите во соседните земји како Хрватска, од каде сум и јас. Секако, се шири добра енергија! […]
[…] Според министерот на дијаспората – Милица Чубрило, Србите од дијаспората вообичаено гласаат за демократската опција. Србите од дијаспората не сакаат нивната земја Србија и нивните роднини кои живеат таму повторно да минуваат низ нестабилноста од деведесеттите. […]
[…] Навистина не сакам да победи Николиќ. Можам да разберам зошто многу луѓе можат да гласаат за него, но навистина треба да размислат за нас во дијаспората.
Виктор Марковиќ од Белград 2.0, иритиран од постојаната потреба да избира меѓу „црно“ и „бело“, ги замоли читателите да се обложуваат кој кандидат ќе победи:
Оваа црно-бела ситуација не е нешто ново за нас и веќе станува досадна.
Но, да се обидеме да ја направиме поинтересна. Ќе организираме мал натпревар – оној што ќе биде поблиску во своите коментари до официјалните резултати добива пиво во Белград. Секако, може да се придружат и губитниците.
Иако се уште не се објавени победниците на натпреварот на Белград 2.0, се чини дека 23 проценти од оние што се обложиле ќе треба да си го платат своето пиво; 5 од 22 гласачи сметаа дека Николиќ ќе го победи Тадиќ.
Даглас Мјур од „Дланка полна евра“ се надеваше на победа на Николиќ, само за да се раздвижат работите, тоа би било лошо на краток рок, но би отворило нови можности понатаму.“ Еве што тој напиша за ставот кој го заземаа Албанците во Србија:
[…] Албанското малцинство во Прешевската долина во Јужна Србија одби да го поддржи Тадиќ. […] Тоа е разбирливо, но за жал кога Албанците одбиваат да гласаат во српската политика, тоа им дава сила на екстремистите од двете страни. Многу Албанци во Прешево мислат дека ќе бидат дел од Косово за неколку години, во замена за делот од Косово северно од Ибар. Можеби тоа има смисла, но нема да се случи наскоро, доколку некогаш се случи, а во меѓувреме не им оди во прилог да ја игнорираат државата во која живеат.
Словенскиот блогер д-р Филомена, пишува за косовското прашање и двајцата претседателски кандидати:
[…] Тадиќ и Николиќ не се толку различни во своите гледишта како што тоа се претставува, а особено кога станува збор за Косово. Според мене, можеби Николиќ ќе можеше (ќе може?) подобро да преговара при појавувањето на првичните изливи на насилство по прогласувањето на независност. Сепак, можеби грешам.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!