Некој процени оваа недела дека и покрај тоа што е блокиран, дека Twitter сѐ уште има меѓу 26,000 и 30,000 активни корисници во континентална Кина.
Кога Google најави дека нивното присуство во Кина сериозно се преиспитува, блогерот Дупола започна анкета на Twitter која ги истражува мислењата на луѓето за потенцијалното заминување на Google од континентална Кина. Анкетата е сѐ уште во тек, но Дупола само што објави краток преглед на резултатите добиени од 15 јануари:
注:除“你的身份是?”以外,其他均为多选题,所以比例可能看起来有点奇怪。格式为:选项 — 票数 — 图表。
你的身份是?
中国人在中国 — 420 — 93%
中国人在外国 — 3 — 1%
其他 — 30 — 6%
Кинез во Кина – 420 – 93%
Кинез во странство – 3 – 1%
Друго – 30 – 6%
如 Google 退出中国,你的态度是?
抱歉,这项没统计分析。
Се извинуваме, резултатите на ова прашање треба да се обработат.
你认为 Google 此举是?
坚守自己“不作恶”的底线 — 384
商业策略失败,败走中国 — 44
一定是炒作 — 9
看不懂唉 — 67
Потврдување на нивната мисија „не биди злобен“ – 384
Пад на нивната бизнис стратегија, напуштајќи ја Кина поразени – 44
Промотивен трик- 9
Не знам- 67
如 Google 退出中国,你将会…?
用百度等国货 — 24
用Bing/Yahoo等外国货 — 73
翻墙 Google — 397
呼吁中国政府放宽审查,呼吁Google重返中国 — 206
Ќе го користите Baidu и други домашни услуги – 24
Ќе ги користите Bing/Yahoo и други странски услуги – 73
Ке ја избегнете цензурата и ќе го користите Google.com – 397
Ќе побарате од кинеската влада да ја поолесни цензурата и ќе го повикате Google да се врати во Кина – 206
对此,你认为中国政府是否应该负责?
很明显,应当负全责 — 373
不好说,可能 Google 不够强大或者沟通出问题了 — 82
当然不,中国政府无须负责 — 5
Секако дека треба да земе целосна одговорност – 373
Тешко е да се каже, Google можеби не беше доволно упорен или способен да комуницира добро – 82
Секако дека не, кинеската влада нема никаква одговорност за ова – 5
你认为此事会对其他在华外企构成什么影响?
无影响,照旧 — 144
坚守自己的商业道德底线 — 123
重新审视自己的道德操守并努力执行 — 211
干脆退出中国 — 73
Никако, работите ќе продолжат како и порано – 144
Ќе стојат до својата бизнис етика – 123
Ќе го ревидираат својот морален интегритет и ќе направат напори да го спроведат/наложат – 211
Едноставно ќе се повлечат од Кина – 73
你认为此事会对中国企业有何影响?
无意识,照旧 — 219
无影响,照旧,外加鄙视Google总部 — 106
重新审视自己的道德操守并努力执行 — 83
有意识有努力,苟延残喘 — 140
Недостаток на свесност/знаење, работите ќе продолжат како и порано – 219
Нема да влијае, работите ќе продолжат како и порано, а дополнително ќе ја презираат централната дирекција на Google – 106
Ќе го ревидираат својот морален интегритет и ќе направат напори да го спроведат/наложат- 83
Тие се свесни и прават слични напори, борејќи се да преживеат – 140
Дупола продолжува истакнувајќи дека додека корисниците на Twitter сочинуваат само мал дел од кинеската онлајн популација и оваа анкета рефлектира само дел од нив, сепак е подобро отколку алтернативата да не се направи ништо.
Анкетата која е во тек може да се најде на http://u.dupola.net/19
Последните резултати може да се најдат на http://dupola.net/post/337
Статистичкиот краток преглед може да се спушти во XLS или PDF формат.
Во врска со анкетата, корисникот на Twitter, @xdp1999 коментира:
这个统计结果提示在互联网上人们趋向于与自己观点相近的群体。
За повеќе ставови за Google, погледнете го постот на Key на ChinaHush, „кинеските нетизени му велат збогум на Google со логоата на Google“
„Колку сме среќни ние. Да имаме пријатели кои доаѓаат од далеку!“- Конфучие