Претседателот на Таџикистан зборува за проблемите, парламентот аплаудира?

Tajik parliament applauds during the presidential message. Photo from Tajikistan President's page in Flickr.

Парламентот во Таџикистан аплаудира за време на обраќањето на претседателот. Слика од страницата на Фликр на претседателот на Таџикистан.

На 23 јануари 2015, претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон се обрати пред парламентот за последен пат пред изборите во земјата закажани за март 2015.

За време на неговиот мандат за овој период парламентот во Таџикистан – кој се состои главно од претставници на Народната демократска партија на Рахмон – беше остро критикуван од граѓанското општество за неговата согледана пасивност.

Овие согледувања се содржани во коментар на Фејсбук испратен за време на обраќањето на локалниот адвокат познат по неговите опозициски гледишта, Фајзинисо Вохидова:

Ачоиб. Президент бо як хуни чигар аз зиед шудани вайроншавии оилахо назар ба соли гузашта сухан карда, омилхои чудо шудани чавононро тахлил мекунад, вакилон карсак мезананд. Президент аз кудакони маъюби модарзод ва беморихои онхо сухан мекунад, вакилон карсак мезананд. Карсакзании вакилонро хатто набераам дарк карда гуфт, ки чаро ин кадар онхо карсак мезананд. Ман мачбур шудам бигуям, ки президент мотам дорад, вакилон ид!

Занимливо. Претседателот зборува за зголемувањето на бројот на разводи споредено со претходната година и ги анализира причините зошто младите семејства се разделуваат; членовите на парламентот ракоплескаат. Претседателот зборува за децата со хендикеп и нивните болести; членовите на парламентот аплаудираат. Дури и моите внуци ме прашаа зошто парламентарците аплаудираат. Морав да им кажам дека претседателот е тажен, но парламентарците слават.

Сегашниот парламент на Таџикистан се состои од 63 членови, од кои само неколку покажаа интерес во одбраната на правата на гласачите, се жалат граѓанските активисти.

Моментално постојат осум регистрирани политички партии во Таџикистан, од кои само две можат да се сметаат за вистинска опозиција — Партијата за исламска преродба (IRPT) и Социјалдемократската партија на Таџикистан (SDTP). Социјалдемократската партија на Таџикистан, којашто никогаш не била во националниот парламент се закани дека ќе ги бојкотира изборите како протест против казната на нејзиниот заменик-претседател Шукрат Кудратов  од локалниот суд. Двете партии се пожалија на зголемен притисок од владата во периодот до изборите во март.

Експертите веруваат дека и во наредниот парламент ќе доминира партијата на Рахмон. Од осамостојувањето на Таџикистан, набљудувачите на OSCE никогаш не ги признаа изборите таму како транспарентни или правилни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.