36 мртви, накратко исклучен интернет во ДР Конго, како резултат на протестите против претседателот Кабила

Screen Shot 2015-01-25 at 2.56.29 AM

На 19 јануари, конголската полиција во Киншаса насилно ги растера демонстрантите против измените на изборниот закон кои ќе дозволат Јозеф Кабила да остане на власт. 35 демонстранти, најголем дел од нив студенти, и еден полицаец беа убиени. Градот Гома исто така беше погоден од судирите кои резултираа со апсења на многумина од илјадниците протестанти. Кабила има за цел индиректно да го продолжи неговиот мандат, кој завршува на крајот на идната година, преку организирање попис за кој ќе бидат потребни 3 години да се заврши. Иако на Кабила му е забрането со Уставот да бара трет мандат, сепак неговиот мандат автоматски ќе биде продолжен се додека пописот не биде завршен. Кратко после протестите, интернетот на мобилните телефони и пораките беа накратко затворени исто како и повеќето училишта во градот. Некои студентски домови беа запалени за време на протестите. 

Соработниците на Кабила тврдат дека пописот е потребен пред да се издадат избирачките листи за претседателските и парламентарните избори во 2016. Влијателната католичка црква го поддржа барањето на опозицијата за откажување на сите измени на планираниот изборен календар. Предложените измени тековно се разгледуваат во Сенатот.

Следново видео снимено од Кининфос на 19 јануари ги прикажува хаотичните сцени во главниот град како што демонстрантите се обидуваат да ги блокираат улиците:

Пол Нсапу, генерален секретар за Африка на Меѓународната федерација за човекови права во Киншаса, е запрепастен од прекумерните мерки преземени од владата:

Поголемиот дел од овие луѓе беа убиени додека одеа да протестираат. Ние не очекувавме владата да дејствува на ист начин како и бунтовничката група.

Следново видео содржи повторување на настаните од минатата недела:

Ида Сајер, истражувач за Human Rights Watch во ДР Конго, додава дека репресијата е спротивна на правото на граѓаните да се изразат себе си:

Безбедносните сили во Конго пукаа во толпата од демонстранти со смртоносни резултати. На луѓето треба да им се дозволи да ги изразат своите погледи и мирно да протестираат без страв дека ќе бидат убиени или уапсени

Програмскиот координатор за CPJ Африка, Су Валентајн тври дека исклучувањето на интернетот и СМС комуникацијата е повреда на основните права во Конго

Со исклучувањето на Интернетот и пораките и блокирањето на веб страниците, властите во Конго им ги оневозможуваат основните права на граѓаните да комуницираат и да примаат и праќаат информации

Џејсон Стрнс, објаснува зошто овие протести имаат поинаков карактер на неговиот Конго Сиаса блог:

Студентите сега играат многу поважна улога отколку во 2011. Епицентарот на протестите беше Универзитетот во Киншаса (UNIKIN), на кој упаднаа претседателските чувари и полицијата. Имаше повеќе од 30.000 студенти на универзитетот и стотици илјадници студенти од целата земја. Во Букаву, исто така, студентите беа на чело на демострациите организирани вчера. Во минатото, политичката страст на универзитетските кампуси често беше зацврстувана кога студентските тела беа назначувани од политичките елити. Овој пат се чини дека е поинаку. 

Јозеф Кабила дојде на власт во 2001, по убиството на неговиот татко Лорент Кабила. Според законот во Конго, националната полиција е одговорна за обезбедување сигурност и осигурување на јавниот ред за време на демонстрации. Началникот на националната полиција може да ја повика регуларната армија на Конго да обезбеди помош во случај полициските сили да бидат поразени.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.