- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Саудискиот крал Абдула почина на 90 години; го наследи Салман, 79

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Саудиска Арабија, Граѓански медиуми, Најважни вести
King Abdulla of Saudi Arabia died today at the age of 90. His photograph appears on all Saudi currency. Photo credit: Amira Al Hussaini

Кралот Абдула на Саудиска Арабија почина денес на возраст од 90 години. Неговата фотографија се појавува на сите банкноти во Саудиска Арабија. Заслуга за сликата: Амира Ал Хусаини

После неколку неделните шпекулации, Саудиска Арабија денес [23 јануари, 2015] ја објави смртта на Абдула бин Абдулазиз, 90, Чуварот на двете свети џамии. Абдула дојде на власт во август 2005, по смртта на неговиот полу-брат Фахад бин Абдулазиз, и сега е наследен од неговиот друг брат Салман бин Абдулазиз кој има 79 години. Од друга страна, нивниот друг брат Мукрин беше назначен за принц. Сите тие се синови на кралот Абдулазиз, кој ја основа Саудиска Арабија во 1932, отстапувајќи го престолот во сукцесија низ годините. Абдулазиз имаше 46 синови од кои 36 го преживеaјa полнолетството и имаa деца. Амро Али од Египет го сподели овој графикон кој го покажува „постојаното намалување на старата генерација на саудиски кралеви во чекање“.

Постојаното намалување на #Саудиски [1] кралеви во чекање. Останаа тројца. http://t.co/vjLCCf5VE2 [2] pic.twitter.com/A2K0CxTdhf [3] v @markscheffler [4] — Amro Ali (@_amroali) 23 јануари, 2015 [5]

На интернет, граѓаните на другите земји побрзаа да го изразат нивното мислење. Саудискиот блогер Ахмед Ал Омран забележа како се смени биографијата на кралот Салман на Твитер за да ја прикаже неговата нова позиција:

Твитер биографијата @HRHPSalman [6] ажурирана за читање: Официјалниот профил на Чуварот на двете свети џамии, Кралот Салман pic.twitter.com/ieqqq1kTUZ [7] — Ahmed Al Omran (@ahmed) 23 јануари, 2015 [8]

Исто така имаше забуна за годините на починатиот крал и неговиот наследник. Абдулхалек Абдула, од ОАЕ, напиша на Твитер:

Најнова вест. 93 годишниот крал Абдула бин Абдулазиз од Саудиска Арабија почина. 82 годишниот Салман бин Абдулазиз е новиот крал. — Abdulkhaleq Abdulla (@Abdulkhaleq_UAE) 22 јануари, 2015 [9]

Многумина не беа пријатни со веста за смртта на Абдула. Овој Твитер корисник ја сподели следната слика:

Кралот Абдула е жив и е забележан како го јава својот коњ pic.twitter.com/h3XJAi8jN6 [10] — Zalameh (@BDS4Justice) 22 јануари, 2015 [11]

Но, исто така имаше Саудијци тажни за смртта на нивниот крал. Овој Твитер корисник напиша:

Моите очи се полни со солзи, Нема зборови со кои можам да опишам колку го сакав овој човек!#وفاة_الملك_عبدالله [12] — ﹌ (@Lmashmranii) 23 јануари, 2015 [13]

Друг корисник напиша:

Тој не беше само крал тој беше и водач и татко #وفاة_الملك_عبدالله [12] — miss g (@AJustagirl123)  23 јануари, 2015 [14]

Жалоста продолжи:

#RIPKingAbdullahBinAbdulaziz [15] Ние изгубивме татко. Изгубивме одличен водач. Изгубивме крал на човештвото. Почивај во мир кралу Абдула #وفاة_الملك_عبدالله [12] — رمآد ..♡ (@ramad_n_)  23 јануари, 2015 [16]

Од Египет, Карпата побрза да се приклучи кон поворката на жалост, заблагодарувајќи му се саудискиот монарх за неговите услуги кон Египет:

#وفاة_الملك_عبدالله [12] Одличен крал: Благодарност за сите твои напори да му помогнеш на Египет. Сочувство кон луѓето од Саудиска Арабија pic.twitter.com/M5nLYVWwWd [17] — Etch H (@TheRockH2012) 23 јануари, 2015 [18]

Илјадници пораки со сочувство продолжија да пристигнуваат заедно со молитви за милост за неговата душа.