Криза на децата во Сирија: Како можете да помогнете

Овој напис е дел од нашата спеијална репортажа за Протестите во Сирија 2011/13

Последиците од војната врз децата од Сирија: 

Се проценува дека се убиени 4,355 деца од Сирија (до 15/1/2013) во тековниот конфликт во Сирија, според најновиот извештај објавен од страна на Martyrs of the Syrian Revolution Database. Уште илјадници други се повредени, притворени, оставени без семејство или без пристап до медицинска или хуманитарна помош.

Според Агенцијата за бегалци на ОН (UNHCR), 650,764 бегалци од Сирија, кои моментално се наоѓаат во или надвор од земјата, се регистрирани или чекаат да бидат регистрирани. Повеќе од половина од нив (52%) се помлади од 18 години. Сепак, огромен број на деца од Сирија се соочуваат со болката од губењето на своите домови, предмети и родители. Порталот за детските права изјави:

Сириски деца во криза, јаката зима придонесува кон нивното страдање. Извор: Save the Children

Во вакви услови, практично сите неопходни константи за детското развивање се сериозно нарушени и психолошките оштетувања од вооружени конфликти се непроценливи… Овие деца, кои не можат да растат во средина исполнета со доверба, кои се принудени да се соочат со злосторства од многу мала возраст, често развиваат мислења дека насилството е еден од начините за решавање на недоразбирања. Затоа за нив е тешко да испратат порака за мир и интернационална безбедност до идните генерации.

 

Како да им помогнете на децата во Сирија? 

На почетокот од оваа недела, објавивме напис за високата цена што ја плаќаат децата во Сирија во оваа војна која ја распарчува нивната земја. Овој пат, ги разгледуваме сите начини на кои индивидуи може да им помогнат во ублажувањето на овие страдања.

Со вашите одговорни постапки, Вие можете да го покажете Вашето сочуство и да го повишите својот глас со цел ОН да ја исполни својата улога во заштитата на правата на злоупотребуваните деца од Сирија. Покажете ја Вашата солидарност кон децата во Сирија:

  • Изразете ги вашите грижи преку споделувањето на овој напис каде пишува за многуте начини на кои може да им се помогне на децата од Сирија и нивната ужасна судбина.
  • Споделете го придонесот преку Rise 4 humanity што претставува:

Движење посветено на подигањето на јавната свест за злосторства против човештвото низ целиот свет, како и помош за нивно сопирање, почнувајќи со злосторствата врз децата во Сирија.

 

Видео записот кој следува [Предупредување: непријатни прикази, меѓу кои и погинати деца] го претставува случајот на Rise 4 Humanity за децата во Сирија.

  • Во Велика Британија, Лондон, во градското метро се поставени UNICEF реклами за поддршка на децата во Сирија, донирајте 5 фунти.
  • Донирајте, БИЛО КОЛКУ, на официјалната веб-страница на UNICEF.
  • Подарете книги за да помогнете во едукацијата на децата од Сирија на страницата Just Giving: Books4Syria
  • Донирајте на Safeworld за да го поддржите училиштето во кампот за бегалци во Затари познат како „камп за деца“ затоа што скоро половина од неговите резиденти се на возраст помала од 18 години.
  • Донирајте на Save the Children за да ги снабдите децата со топла облека, обувки и ќебиња и да помогнете во составувањето на зимските пакети за помош специјално адаптирани за новороденчиња.

Save the Children лансираше кампања за стопирање на злосторствата врз децата од Сирија. Резултатот беше неверојатен – кампањата го привлече светското внимание врз тоа што децата од Сирија го преживуваат. Ова беше нашата најбрзо растечка кампања, секојдневно се пријавуваа илјадници нови луѓе.

UNICEF’s Children of Syria Winter Crisis Appeal ad in a London Subway Dec 2012. Source: Global Research

Потпишете петиција: 

Помогнете преку споделување на овие веб-страници и петиции со вашите пријатели. Тие можат многу да помогнат. Вие можете многу да помогнете.

Кризата во Сирија влијае врз 2 милиони деца. Треба да им помогнеме на сите нив. Извор: UNICEF España на Твитер.

Локални заедници кои им помагаат на децата во Сирија:

Видео записот кој следува, Надвор на студот: семејства бегалци од Сирија се борат со зимата, е објавен од savethechildrenuk, со цел прикажување на потребите на децата и собирање на средства за помош на децата бегалци:

Децата од Сирија се невини жртви од војната и свртување на вниманието кон нивната несреќа и помош кон намалување на нивните страдања е најмалку што секој од нас може да направи.

Овој напис е дел од нашата спеијална репортажа за Протестите во Сирија 2011/13

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.