Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Франција, Африка: Црната модна недела одбележана со проблеми со визите

На два реномирани африкански модни креатори и неколку модели не им беше дозволен влез во Франција за Црната модна недела во октомври 2012. Црната модна недела беше создадена од страна на сенегалски моден креатор, Адама Париз, за да му го покаже на светот диверзитетот и влијанието на африканската креативност во современата мода, која во последните десет години се оддржуваше во Дакар, Сенегал. Првото шоу надвор од Дакар се оддржа во Прага во ноември 2011, и од тогаш патуваше од едно на друго место.

Црна модна недела 2010, Дакар од Сеневеб ( CC-license-2.0)

Самба Дукуре напиша на „Стритпрес“:

La “Black Fashion Week” a donc la particularité d’être itinérante. Elle se déplacera en novembre prochain à Montréal (Canada), en attendant Bahia (Brésil) et Bratislava (Slovaquie).

Карактеристична црта на „Црната модна недела“ е тоа што патува од едно на друго место. Во ноември 2012 ќе биде во Монтреал, потоа Бахиа (Бразил) и Братислава (Словачка).

Сепак, кој и да патува, потребна му е виза, што беше камен за спрепнување за двата реномирани модни креатори и неколкуте модели на кои им беше одбиен влезот во Франција.

Црна модна недела 2010, Дакар од Сеневеб ( CC-license-2.0)

Креаторката Мам Фагује Ба, која конечно ја доби визата даде соопштение за печатот, и на нејзината Фејсбук страница можат да се прочитаат неколку извадоци:

… Nous avons gagné ensemble et je vous le dois !

Je pourrai donc faire défiler ma collection à “Black Fashion Week” à Paris le 6 octobre 2012. Notre détermination à communiquer une injustice et de lutter ensemble pour la faire reculer …

… Je voulais également vous sensibiliser sur le fait que nous allons travailler en direction du Ministère de la culture sénégalais, dans le cadre des accords internationaux notamment entre la France et le Sénégal pour une meilleure reconnaissance des ambassadeurs culturels et artistiques de chaque discipline.

… Заедно победивме и тоа вам ви го должам!

Затоа ќе можам да ја покажам мојата колекција на Црната модна недела во Париз на 6ти октомври 2012. Бевме решени заедно да се бориме против неправдата и да се ослободиме од неа…

… Исто така сакав да ја подигнам свеста за фактот дека ќе работиме со сенегалското Министерство за култура, во рамките на меѓународните договори, особено меѓу Франција и Сенегал, за подобро препознавање на културните амбасадори и уметници од секоја дисциплина.

Ова е видео на модните ревии на Мам Фагује Ба од Јутјуб корисникот bbaabbccful:

Вториот случај, кој за жал се уште не е решен, е дека креаторка од Мали, Мариа Бокум Кеита, сестра на почитуваната пејачка Ина Моџа била спречена во Мали. Креаторката напиша отворено писмо до Француската амбасада во Мали. Подолу ќе најдете неколку извадоци:

Permettez-moi de vous exprimez ma stupéfaction face au refus qui m’a été signifiée pour ma demande de visa court séjour ce Mercredi 3 Octobre auprès du service des visas de votre ambassade au motif que les informations communiquées sur l'objet et les conditions de séjour ne sont pas fiables.

… j’ai résidé de façon permanente sur le territoire français plus précisément de 1993 à 1999 années au cours desquelles j’ai suivi des cours …. A la fin de mes études, je suis rentrée au Mali…

… Par ces temps de fort taux d’immigrations clandestines, je puis comprendre que cette décision puisse être motivée par une suspicion légitime. Mais au vu des documents présentés et des raisons que j’évoque ici, vous conviendrez avec moi que je n’en ai aucunement le profil visé.

Дозволете ми да го изразам моето чудење на Одделението за визи на Вашата Амбасада поради одбивање на мојата виза за краток престој, оваа среда на 3ти октомври, со образложение дека понудените информации за целта и условите за престој не биле веродостојни.

… Долго престојував во Франција, особено од 1993 до 1999, за време на моите студии… На крајот на студиите, се вратив во Мали…

… Во ова време на високи стапки на нелегална имиграција, разбирам дека оваа одлука може да биде мотивирана од легитимни сомневања. Но поднесените документи и причините што ги споменав овде, сигурна сум дека ќе се согласите со мене дека јас не се вклопувам во овој профил.

И покрај овие предизвици, изгледа сите креатори и модели на крајот стигнаа на настанот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.