Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Успешен штрајкот на метрото во Каиро

Sadat Metro in Cairo

Метрото Садат во Каиро, од Питер Морган (CC BY-NC-ND 2.0)

Метрото во Египет продолжи со работа по четиричасовен штрајк. Возните услуги, кои дневно превезуваат 2 милиони луѓе низ Каиро, направија застој со тоа што работниците престанаа да работат протестирајќи против претседателот на одборот на директори на метрото, кој го обвинуваат за корупција. Работниците исто така бараат и подобри плати и работни услови.

Нетизените, на Твитер навиваа за штрајкот, поддржувајќи ги легитимните барања на работниците, како што тие опишаа.

Селма Ел Тарзи им оддава признание на работниците во метрото за нивниот успех со штрајкот. Таа напиша:

تحية لاضراب المترو! والمواطنين المتضررين مشكلتكم مع الحكومة مش مع العمال اللي مضربين عشان حقوقهم

@Salma_El_Tarzi: Честитки за метро-штрајкувачите! Луѓето кои беа засегнати од штрајкот треба да имаат проблем со владата, а не со работниците кои си ги бараат своите права.

Мона Сеиф има слични размислувања:

اللي متضرر من اضراب المترو يشوف طريقة تساعد في تحقيق مطالبهم فيرجعوا يشتغلوا.عيب يا بني ادمين يبقى طلبكو الناس تتقهر في صمت عشان تكمل خدمتكو

@Monasosh: Оние кои се засегнати од штрајкот треба да си најдат начин за нивните барања да бидат исполнети. Срамно е што луѓето очекуваат другите да се огорчени додека тие им служат.

Ола Шахба повикува на поддршка за метро-работниците:

#اضراب_المترو نموذج لعمال عارفين منين يوجعوا الحكومه ويجبروها تتفاوض.لادركهم ان الخدمه ال بيقدموها مينفعش تتوقف كثيرا,لازم ندعمهم ضد الضغط

@OlaShahba: Штрајкот е пример за работници кои знаат како да ја повредат владата и да ја присилат на преговори со тоа што ќе увидат дека нивните услуги не можат да се запрат на долг рок. Треба да ги поддржуваме за да не потпаднат под притисок.

Дина Самак го споредува успехот на штрајкот на работниците на метрото со штрајкот на докторите во Египет, кој не добил доволно внимание. Таа пишува:

اضراب المترو نجح بسرعة لان تعطيل النقل بيوجع الرأسمالية واضراب الاطباء مستمر لسه لان الحاكم مش فارق معاه الغلابة.. الحل تضامن الكل مع الكل

@dinasamak: Штрајкот на метрото резултираше со успех затоа што застојот на транспорт го повредува капитализмот. Штрајкот на докторите продолжува затоа што на владетелот се уште не му е грижа за сиромашниот. Решението е во солидарност помеѓу секого.

Докторите во Египет се во делумен штрајк од први октомври. Нивните барања вклучуваат зголемување на придонесот во трошоците за здравствената заштита од буџетот на владата од 5% на 15%, покачување на платите и поголема безбедност во здравствените установи.

Нермеен Бедаир додава:

اصحابي الأطباء على فيسبوك (سواء مع او ضد اضراب الأطباء) بيقترحو الأطباء يطلبو من عمال المترو يضمو مطالب الأطباء لمطالبهم وينصصو ف الكادر :))

@Nermbed: Моите пријатели-доктори на Фејсбук (оние за и против штрајкот) им предлагаат на работниците во метрото да ги вметнат барањата на докторите во нивните.

Мохамед Шавкуј пак забележува:

سواقين المترو عملوا اضراب و البلد وقفت وبعدها بـ 4 ساعات الوزارة بتتغير! الأطباء بقالهم 45 يوم عاملين اضراب وعشان محدش مات محدش معبر أهلهم!

@shawkination: Метро возачите одржаа штрајк кој ја доведе земјата до застој. По четири часа министерството направи промена. Докторите беа на (делумен) штрајк веќе 45 денови и никој не обрнува внимание затоа што никој не умрел.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.