Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

„Бомби паѓаат како дожд во Газа“

Жителите на Газа останаа будни цела ноќ додека Израел продолжи со бомбардирањето врз палестинската енклава. Ситуацијата се загреа откако Израел и Газа разменија оган, кој се уште трае, откако Израел го уби воениот лидер на Хамас, Ахмед Ал Џабари за време на воздушен напад врз Газа што се случи вчера.

Според новинарските извештаи, моменталниот натпревар останува на 13 Газанци и тројца Израелци мртви. Еба Разек на Твитер ја објави бројката на загинатите на палестинската страна:

الحصيلة حتى الآن| 15 شهيد (منهم 3 أطفال, سيدة حامل بتوأم, وعجوزين) + 140 إصابة. #غزة

@Gazanism: Загинати засега: 15 маченици (меѓу кои три деца, бремена жена со близнаци и две постари лица), и плус 140 повредени #Газа

Khaled Shawa shares a photograph of his neighbour's house burning after being shelled by Israel

Калед Шава споделува фотографија од запалена куќа од соседството откако беше бомбардирана од страна на Израел. Извор: @Калед Шава

Ваел Оуда го опишува интензитетот на бомбардирањето околу него:

@WillOuda: Беспилотните летала практично „шетаат“ во дневната соба … толку силна бучава над глава. #Газа

Во друг „твит“, ги споделува човечките загуби, најновата рунда напади сочинува:

@WillOuda: Жртви: 14-15 мртви и повеќе од 120 повредени #Газа

Gaza Under Attack

Газа под напад. Фотографија од @journeytogaza на Твитер

И Маџед Абусалама истакнува:

@MajedAbusalama: Бомби паѓаат како дожд сега во Северна Газа #ГазаПодНапад

Во меѓувреме, Абу Омар постира надреално видео на Јутјуб насловено „Децата од Газа и покрај бомбардирањето играат фудбал“:

Видеото покажува како децата играат додека има експолозии во позадина.

Ола Анан коментира:

@olanan: #ГазаПодНапад сепак група деца одлучија да играат фудбал на улица! Ве учиме на живот!

Маџед Абусалама додава:

المعنويات عالية في #غزة, فليحطموا كل شي, يقتلوا أطفالنا ولكن لن يقتلوا ارادنا وأجلامنا, والى التحرير انشا الله

@MajedAbusalama: Во Газа имаме високи морали. Остави ги да ни уништат се и да ни ги убијат децата, но никогаш нема да можат да ни ги убијат желбите и соништата. Со Божја волја до ослободување!

People queue outside a bakery to get bread in Gaza

Редица од луѓа пред фурна за да добијат леб во Газа. Твитер фотографија на @sarahussein

Во меѓувреме, новинарката Сара Хусеин, која само што беше во можност да влезе во Газа, споделува фотографија од редица луѓе пред фурна.

Таа објавува на Твитер:

@sarahussein: yfrog.com/nws02mjj Редица пред фурна во #Газа. Луѓето се плашат од недостиг на храна.

Што е следно?

„Патување до Газа“ се прашува дали ќе има копнена инвазија:

@journeytogaza: Некоја вест од #Израелскиот кабинет за одлуки дали ќе има или не копнена инвазија во #Газа?

Твитови:

За повеќе од конверзациите на Твитер проверете: #PrayForGaza, #GazaUnderAttack и #Gaza.

Дополнителни информации: (на англиски)

Мондовајс: Два нови ресурса: Временска рамка на израелската ескалација во Газа и израелската историја на прекршување на прекинот на огнот

Гардијан: Милитантите од Израел и Газа во смртоносна размена – тековни новости

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.