Уличниот уметник и фотограф од Порторико, Енрике Арсе, познат како Аслан, (@ASLANTWIT) веќе шест месеци прикачува фотографии од авиони, на неговиот Инстаграм профил, кои се сега дел од неговите “#parriba” (нагорни) серии. Овој проект се поврзува со заедницата преку проектот „Уличен ловец“ чии детаљи се на неговиот блог. Избраните од сериите се испечатени и прикачени на плочки кои потоа се закачени на ѕидови и згради низ Сан Хуан. Оние кои имаат среќа први да ги пронајдат овие плочки и да му испратат слика на Аслан со локацијата, добиваат копија од плочката за нив.
Во неодамнешно интервју, објавено од страна на „Глобал војсис“, Аслан изјави: „Најпрво започнав да ги собирам фотографиите без особен мотив. Потоа одлучив да работам на серијата бидејќи сфатив дека ова истражување може да води до различен вид на уметничка творба која ќе привлече внимание. Интересно е како едноставни идеи, како гледање нагоре (или “p'arriba”) и фотографирање авион, привлекуваат се повеќе луѓе.“
Подолу ќе видите десет од моите омилени #parriba фотографии со авиони од гигантската серија, до денес со повеќе од 600 фотографии. Сите фотографии се повторно објавувани со дозвола на уметникот. Следете го Аслан при неговото собирање фотографии на Твитер и на неговиот блог.
Следните слики припаѓаат на колекцијата на Аслан „Суштества во заборав“, презентирани тука за да покажат други творештва на уметникот. Повеќе можете да видите на неговиот блог.