Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мексико: Мајки од Централна Америка во потрага по исчезнатите имигранти

Според статистичките податоци на Mесоамериканското имигрантско движење, во последниве шест години во Мексико исчезнале околу 70,000 имигранти. Веќе неколку години, мајките на грабнати и исчезнати имигранти од Централна Америка, патуваат низ Мексико барајќи ги своите деца кои исчезнале одејќи кон север.

Патот по кој одат имигрантите од Централна Америка преку Мексико за да стигнат до Соединетите Американски Држави е опасен и небезбеден. Многу имигранти ги губат своите животи, а оние кои ќе стигнат до Мексико страдаат од лоши временски услови, глад и злоставување од организирани криминални групи, но и од властите.

Дури и да не ги најдат своите синови и ќерки, мајките се надеваат дека ќе добијат некакво внимание од медиумите, со што ќе се поткрене свеста на луѓето во однос на овој проблем кој досега е целосно игнориран.

Jose Leonidas Moreno, missing migrant

Мајка држи фотографија од нејзиниот син Хозе Леонидас Морено, исчезнат имигрант. Фотографија од Марио Марло од @Somoselmedio, под лиценца Криејтив Комонс (CC BY-NC-SA 3.0)

Омар Санчез де Тагле од Animal Politico раскажува за идејата на патувањето на мајките од Централна Америка и за нивните дестинации:

La idea de esta caravana es recorrer la llamada ruta migrante que comprende unos 4 mil 600 kilómetros a lo largo de 14 estados y 23 localidades. De acuerdo a distintas organizaciones no gubernamentales dedicadas a la defensa del migrante, este recorrido tiene como finalidad denunciar que la inseguridad, el secuestro y homicidio de migrantes ha ido en aumento en los últimos seis años.

Идејата на караванот е да патува по таканаречената имигрантска патека, која е долга околу 4600 километри, а минува низ 14 држави и 23 градови. Според неколку невладини организации посветени на заштитата на имигрантите, караванот има за цел да покаже дека небезбедноста, киднапирањата и убиствата на имигрантите е значително зголемена во последните шест години.

Suyapa Socorro walks through the streets of Reynosa, Mexico, holding an image of her missing daughter. Photo by Mario Marlo

Сујапа Сокоро во Рејноса, Мексико, држи слика од својата исчезната ќерка. Фотографијата е од Марио Марло од @Somoselmedio, со лиценца Криејтив Комонс (CC BY-NC-SA 3.0)

На блогот Somos El Medio (Ние сме медиумите), претставници од Месоамериканското имигрантско движење објаснуваат каде ќе бидат сместени учесниците на караванот:

En cada una de las 23 localidades donde pararemos contamos con el apoyo de una gran variedad de actores mexicanos solidarios quienes son los anfitriones locales: albergues de migrantes, colectivos, organizaciones no gubernamentales, Institutos de Migración de los Gobiernos de Tlaxcala y Tamaulipas y del Distrito Federal, universidades, activistas y defensores de los derechos de los migrantes, cuyos nombres se verán reflejados en la agenda de actividades de la caravana.

Во секој од 23 градови каде ќе застанеме ќе ја имаме поддршката од многу мексикански актери и поддржувачи  кои ќе бидат локални домаќини: домови за имигрантите, групи, организации, Институти за Миграција од владите од Тамаулипас и Тлакскала и од Мексико Сити, унивезитети, активисти и бранители на правата на имигрантите, чии имиња ќе бидат опфатени во програмата на активности на караванот.

Central American mothers participating in the caravan make and offering at a cross in memory of the migrants.

Мајки од Централна Америка кои учествуваат во подготовките на караванот направиле крст во чест на имигрантите. Фотографијата е од Марио Марло од @Somoselmedio, со лиценца Криејтив Комонс (CC BY-NC-SA 3.0)

Марсела Салас Касани, на блогот Desinformemonos, напишала за успехот на овогодинешниот караван:

La caravana de madres centroamericanas Liberando la esperanza, que tiene previsto visitar 15 estados de la República Mexicana en 20 días para localizar a migrantes desaparecidos en el camino hacia Estados Unidos,  ha comenzado a rendir frutos. Hasta el momento, son cuatro las personas que han logrado reencontrarse con sus familiares: Max Funes, Marvin Celaya, Gabriel Salmerón y Silverio Mateo.

Караванот „Ослободување надеж“ на мајките од Централна Америка, кој ќе посeти 15 држави во Мексико за 20 дена, со цел да се пронајдат исчезнатите имигрантин кои оделе кон Соединетите Американски Држави, веќе донесе резултати. Досега четири лица биле соединети со своите семејства: Макс Фунис, Марвин Селаја, Габриел Салмерон и Силверио Матео.

Mother participating in the caravan stands in front of photos of missing migrants.

Мајка која учествува во караванот стои пред сликите на дел од исчезнатите имигранти. Фотографијата е од Марио Марло од @Somoselmedio, со лиценца Криејтив Комонс (CC BY-NC-SA 3.0)

Караванот, кој веќе е тргнат ќе помине низ главниот град на Мексико, Мексико Сити на 27 и 28 октомври, а ќе заврши на 3 ноември во Чиапас, јужно Мексико.

За повеќе слики од караванот следете го овој линк: SubVersiones.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.