- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: Сон за подобри патишта

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Владеење, Граѓански медиуми, Животна средина, Староседелци, Рунет Ехо

Ова лето, на 21 јуни, рускиот премиер Дмитри Медведев, и нареди [1] на владата да го стави на јавно наддавање договорот за изградба на дополнителни 38 km на сè уште нецелосниот пат со наплата помеѓу Москва и Санкт Петербург. Со потпишувањето на одлуката, Медведев ја разгоре дебатата за негативното влијание на автопатот врз околината, која до неодамна се чинеше дека е стивната.

Патиштата со наплата постојат околу големи градови како Санкт Петербург и Москва и се главно обележје на јужните региони во Русија, каде што сообраќајниот метеж е исто така неизоставен дел од секојдневниот живот. Во реакциите на иницијативата на Медведев од месец јуни, некои руски корисници на Интернет мрежата се согласија дека на земјата ѝ е потребна подобрена патна инфраструктура, а тие се подготвени да платат за тоа. На пример, блогерот nikitskij го раскажува [2] неговото искуство со патиштата со наплата во Санкт Петербург:

Ощущения были положительными — помимо ровного полотна дороги, в Санкт-Петербурге креативно подошли к оформления вдоль трассы, а оно было выше всех похвал. Т.е. было не только быстро, но и красиво!-)

Моите впечатоци беа позитивни: покрај измазнетата траса, патот во Санкт Петербург беше креативно дизајниран од почеток до крај, навистина за секаква пофалба. Со други зборови, всушност [возењето] не беше само брзо, туку и прекрасно!-)

Fandorin_k исто така вели „да“ [3] за патиштата со наплата:

 Платные дороги нужны, лишь бы про альтернативный объезд не забывали и ремонтировали время от времени.

Патиштата со наплата се потребни, само не смееме да заборавиме на алтернативните [автопати] патишта и да ги поправаме одвреме навреме.
[4]

Изградба на автопат преку шумата Кимки, Русија. 8 мај 2011, фотографија од Даниел Бејлинсон, CC BY-SA 2.0.

Плановите за изградба на новиот пат со наплата [5] кој ќе ги поврзува Москва и Санкт Петербург му припаѓаат на Министерството за транспорт и датираат уште од 2006 година. Во ноември 2011 година, Министерството направи проценка [6] дека возењето по новите патишта со наплата од Москва до Петербург, штом ќе бидат завршени, ќе ги чини возачите околу 1,600 рубљи (49$ или 39€). Во април 2012 год., претседателот на Aвтодор [7] (Агенција за државни патишта на Русија), Сергеј Келбак, ја процени оваа бројка дури помала [8], односно, патувањето во една насока би ги чинела просечните возачи само 600 рубљи (19$ или 15€). (Келбак објаснува дека речиси 40% од автопатите ќе бидат ослободени од секаква наплата.)

Помеѓу разните проценки за идните трошоци за користење на патиштата, Интернетот се покажа како плодно место за ширење надуени калкулации [9] во врска со висината на патарината. Благодарение на ваквиот интерес и дополнителните грижи за тоа како државата ќе ги троши ваквите приходи, многу блогери реагираа со остри критики. На пример, корисникот на LiveJournal, maydyk [10], тврди дека автопатот всушност значи „неофеудализам“, и го критикува ставот дека приватизацијата на јавни проекти ќе резултира со ветените придобивки:

Платные участки ничем не отличаются от аналогичных бесплатных …

Патиштата со наплата не се разликуваат по ништо од автопатите…

Блогерот sapojnik [9] смета:

Нас, бессловесное быдло, просто заставят в собственной стране ездить по обычному шоссе ЗА ДЕНЬГИ – только и всего.

Само ќе не присилат, нас, безгласната стока, да возиме во сопствената земја на обичен пат ЗА ПАРИ — лесно и едноставно.

Во коментарите на својот профил на LiveJournal, sapojnik исто така се повика [11] на лик од класикот на Николај Гогољ, Maнилов [12], лик кој е познат по тоа што никогаш не правел ништо за своите соништа:

Корисникот на LiveJournal, gena_t се шегува [13] дека граѓаните на Москва и Санкт Петербург се казнуваат заради нивната политичка непослушност:

Показали свою нелояльность, походили с белыми ленточками – теперь получили. Потом еще хуже будет.

[Tие] ја покажаа нивната нелојалност: маршираа со бели панделки. Еве што добија! Нареден пат ќе биде уште полошо.

Прашањето за патиштата со наплата е неизбежна контроверзност во Русија. Патиштата и будалите [14]отсекогаш биле најголемите пречки за нацијата, како што велат жителите. Нискиот квалитет на моменталната патна инфраструктура во Русија останува еден вид на национален срам. [15] Изгледите за подобри патишта, сепак, може да се подобрат, доколку милионите руски Маниловци научат како да ги претворат соништата во акција.