Ова лето, на 21 јуни, рускиот премиер Дмитри Медведев, и нареди на владата да го стави на јавно наддавање договорот за изградба на дополнителни 38 km на сè уште нецелосниот пат со наплата помеѓу Москва и Санкт Петербург. Со потпишувањето на одлуката, Медведев ја разгоре дебатата за негативното влијание на автопатот врз околината, која до неодамна се чинеше дека е стивната.
Патиштата со наплата постојат околу големи градови како Санкт Петербург и Москва и се главно обележје на јужните региони во Русија, каде што сообраќајниот метеж е исто така неизоставен дел од секојдневниот живот. Во реакциите на иницијативата на Медведев од месец јуни, некои руски корисници на Интернет мрежата се согласија дека на земјата ѝ е потребна подобрена патна инфраструктура, а тие се подготвени да платат за тоа. На пример, блогерот nikitskij го раскажува неговото искуство со патиштата со наплата во Санкт Петербург:
Ощущения были положительными — помимо ровного полотна дороги, в Санкт-Петербурге креативно подошли к оформления вдоль трассы, а оно было выше всех похвал. Т.е. было не только быстро, но и красиво!-)
Fandorin_k исто така вели „да“ за патиштата со наплата:
Платные дороги нужны, лишь бы про альтернативный объезд не забывали и ремонтировали время от времени.
Плановите за изградба на новиот пат со наплата кој ќе ги поврзува Москва и Санкт Петербург му припаѓаат на Министерството за транспорт и датираат уште од 2006 година. Во ноември 2011 година, Министерството направи проценка дека возењето по новите патишта со наплата од Москва до Петербург, штом ќе бидат завршени, ќе ги чини возачите околу 1,600 рубљи (49$ или 39€). Во април 2012 год., претседателот на Aвтодор (Агенција за државни патишта на Русија), Сергеј Келбак, ја процени оваа бројка дури помала, односно, патувањето во една насока би ги чинела просечните возачи само 600 рубљи (19$ или 15€). (Келбак објаснува дека речиси 40% од автопатите ќе бидат ослободени од секаква наплата.)
Помеѓу разните проценки за идните трошоци за користење на патиштата, Интернетот се покажа како плодно место за ширење надуени калкулации во врска со висината на патарината. Благодарение на ваквиот интерес и дополнителните грижи за тоа како државата ќе ги троши ваквите приходи, многу блогери реагираа со остри критики. На пример, корисникот на LiveJournal, maydyk, тврди дека автопатот всушност значи „неофеудализам“, и го критикува ставот дека приватизацијата на јавни проекти ќе резултира со ветените придобивки:
Платные участки ничем не отличаются от аналогичных бесплатных …
Блогерот sapojnik смета:
Нас, бессловесное быдло, просто заставят в собственной стране ездить по обычному шоссе ЗА ДЕНЬГИ – только и всего.
Во коментарите на својот профил на LiveJournal, sapojnik исто така се повика на лик од класикот на Николај Гогољ, Maнилов, лик кој е познат по тоа што никогаш не правел ништо за своите соништа:
Корисникот на LiveJournal, gena_t се шегува дека граѓаните на Москва и Санкт Петербург се казнуваат заради нивната политичка непослушност:
Показали свою нелояльность, походили с белыми ленточками – теперь получили. Потом еще хуже будет.
Прашањето за патиштата со наплата е неизбежна контроверзност во Русија. Патиштата и будалите отсекогаш биле најголемите пречки за нацијата, како што велат жителите. Нискиот квалитет на моменталната патна инфраструктура во Русија останува еден вид на национален срам. Изгледите за подобри патишта, сепак, може да се подобрат, доколку милионите руски Маниловци научат како да ги претворат соништата во акција.