Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Седум олимписки атлети од Камерун исчезнаа во Лондон

Оваа статија е дел од нашето специјално издание за Олимписките игри во Лондон 2012.

(Оригиналната статија е објавена на 8 август 2012)

Откако ни ги понудија прекрасните национални костими за време на церемонијата на отварањето, седум атлети од Камерун одлучија да го шокираат светот исчезнувајќи од Олимпиското Село од Лондон 2012 (линковите се на англиски).

Во статија објавена на неговиот блог, Саис Какодар напиша:

„Ова е планирано исчезнување, кое секако ги вклучува службите за имиграција. Друсил Нгако исчезна прва. Taa е резервен страничен бек во женската фудбалска екипа. Пливачот Пол Екан Единг за брзо време го направи истото. Боксерите елиминирани за време на прелиминарниот круг, еден по друг, веднаш потоа исчезнаа од Олимпиското Село. Нивните имиња се: Томас Есомба, Кристијан Донфак Адиоуфак, Абдон Меволи, Блез Јепму Мендуо и Серж Амбомо“

A Cameroonian fan at the London 2012 Olympics. Image by joncandy (CC BY-SA 2.0).

Блогот Добредојдовте на iRelate вели дека тоа е вообичаена практика меѓу атлетите и спортистите од Камерун:

„Она што на почеток беше само гласина на крај излезе точно. Седум атлети од Камерун кои учествуваа на Олимписките Игри во Лондон 2012 исчезнаа од Олимпиското Село“, рече Давид Ожонг, шефот на нивната делегација, во една порака до министерството. … Не е првпат камерунски атлети да исчезнат од меѓународнен спортски натпревар. Во минатото, за време на спортски натпревари како Франкофонски игри, Комонвелт игри или јуниорски фудбалски натпревари, повеќе пати се има случено спортисти од Камерун да ја напуштат нивната делегација без официјална дозвола.

CameroonOnline.org дава повеќе детали за причината заради која камерунските атлети исчезнуваат за време на важни спортски настани:

Нивното исчезнување не само што е непријатно туку е и големо изненадување за членовите на делегацијата на камерунската екипа како и за Камерунците кои живеат во Лондон кои го искористија празникот со уште четворица од нив минатиот петок во хотелот Ројал Гарден, каде беше организирана рецепција во чест на атлетите. Да напоменеме дека ова не е прво исчезнување на атлети од Камерун за време на меѓународни спортски натпревари. За време на Франкофонските игри, Комонвелт игрите и јуниорски фудбалски натпревари, повеќе африкански атлети беа привлечени од извидници кои успеале да ги убедат да се откажат од својата делегација ветувајќи им подобра работа без претходна согласност од одговорните. Иако дел од нив конечно успеваат да се натпреваруваат со другите земји, поголемиот дел од нив завршуваат незадоволни.

Автори на коментари на Твитер ги одмеруваат зборовите наменети за седумте атлети:

@Зичиву: Забелешка за седумте спортисти од Камерун кои исчезнаа: животот во Англија ни малку не е лесен. Знам, сум живеел таму.

Безенг: #Министерството за спорт и физичко образование во Камерун треба да биде одговорно за исчезнувањето на седумте атлети

@нфор едвин: Што ќе си помисли светот за #Камерун кога спортистите исчезнуваат од #Олимпиското село во #Лондон 2012? Тоа покажува колку тие се чувствуваат убаво дома

Оваа статија е дел од нашето специјално издание за Олимписките игри во Лондон 2012.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.