- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Феминистка објави гола фотографија за да „ја изрази нејзината слобода“

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Жени и род, Слобода на говор

Беше доцна во ноќта кога Ахмед Авадала [1], кој работи во областа на човекови права, здравје, сексуалност и родови, го објави следниов твит:

@3awadalla [2]: Феминистка на 25 јануари ја објави нејзината гола фотографија на интернет за да ја искаже својата слобода. Целосно сум обземен од нејзината храброст!

Во тоа време, тој не беше сигурен дали откривањето на нејзиниот идентитет е добар или лош чекор, како и да е сакаше да ги види реакциите на луѓето за веста. Тој праша:

@3awadalla [2]: Ок, секој сака да дознае која е девојката, но што навистина мислите тоа што таа го стори? #NudePhotoRevolutionary [3]

И како што очекуваше, започнаа различни реакции:

@abraralshammari [4]: @3awadalla јас мислам таа навистина е храбра. Разголеноста е нормална работа и таа праќа порака: напуштете ги минатите размислувања дека разголеноста е срамна.

 

@ReemElmeleegy [5]: @3awadalla Храброст што може да биде погрешно сфатена и земена со други намери, можеби нејзиниот мотив ќе биде исто така извалкан.

 

@ReemAwad [6]: @3awadalla مش شايفاها شجاعة.. دي اسمها قلة حياء 🙂

@ReemAwad [6]:@3awadalla Јас не гледам на тоа како храброст, туку како недостаток на скромност.

@Elna7as_Pasha [7]: @ReemAwad @3awadalla قلة ادب ، جهل في معنى الحريه ، ولو نزلت الشارع كده يبقى تعدت على حريتي بمنظرها كده

@Elna7as_Pasha [7]:  @ReemAwad @3awadalla Тоа е недостаток на скромност и недостаток на разбирање за тоа што е слобода. Ако таа излезе на улиците вака, ќе го сметамтоа како загрозување на мојата слобода.

@SandraYacoub [8]: @3awadalla Не би го сторила тоа и не можам да си помогнам а да не помислам дека постојат други начини за изразување на слободата. Кажувајќи го тоа, тоа е нејзино тело… кои сме ние да судиме?

Авадала тогаш ги сумираше реакциите на луѓето [9] како што некои го проценија постирањето на сликата како напредно и храбро, додека други кажаа било неприфатливо и против религијата. Трета група беа исплашени дека може да има влијание врз револуционерните слики [10]. Тој исто така додаде [11]:

„Знам дека многумина се против она што го стори голата слика, но исто така многумина умираат да ја видаат сликата! :D“ #NudePhotoRevolutionary

Подоцна, таканаречената „Револуција на голата слика“ го откри нејзиниот идентите.

@aliaaelmahdy [12]: Моето име е Алиа Елмахди. Јас објавувам под моето вистинско име. #NudePhotoRevolutionary

Според нејзината биографија на Твитер [13], Алиа се идентификува како „Секуларна, либерална, феминистка, вегетаријанка и индивидуална Еѓипќанка“. Таа исто така напиша на нејзината страница на Фејсбук [14] дека таа „ги одекнувала врисоците против општеството со насилство, расизам, полова дискриминација, сексуално насилство и лицемерие“. Исто така, се откри [15] дека таа била онаа која го започна настанот „Мажите треба да го носат фереџето“ [16] како противење на женското фереџе.

Нејзината гола слика беше објавена во нејзиниот блог [17] заедно со други голи слики од други луѓе и мачка! Блогот можете да го посетите единствено доколку се согласите да погледнете содржина за возрасни.