Турција: Курдите реагираат на социјалните мрежи по повод конгресот на АКП

Премиерот Таип Ердоган на минатонеделната конференција на Партијата на правдата и развојот (АКП) ја прогласи Турција за растечка демократска сила тврдејќи дека станала пример за муслиманскиот свет. На конгресот, кој се одржа на спортски стадион во главниот град на Турција, Анкара, присуствуваа илјадници членови кои громогласно ја изразија својата поддршка. Но, на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, критиките беа гласни и го обвинуваа премиерот за репресија врз Курдите додека во исто време се залага за слободата на другите, како што се Палестинците.

На социјалните мрежи, Курдите беа поделени во однос на присуството на претседателот Масуд Барзани од Курдската Регионална Влада на конгресот на АКП. На конференцијата тој не беше присутен во својство на претседател на Курдистан, што е негов официјален назив, туку повеќе во својство на претседател на Ирачката регионална влада.

Синбад Дерсими де Бакур изјави дека Ердоган го третирал претседателот на федералниот Курдистан како негов градоначалник од северен Ирак. Слично на тоа, Рауф Софи беше нестрплив да нагласи дека претседателот Барзани треба да присуствува на ваква конференција само тогаш кога АКП ќе престане да ги напаѓа Курдите и ќе покаже суштински докази дека има намера да го разреши Курдското прашање.

Снимката од говорот на претседателот Масуд Барзани е достапна онлајн поради што стана предмет на жешки дебати на социјалните мрежи.

Хавар Амин коментираше за посетата на претседателот Масуд Барзани, изјавувајќи:

[Ме] прави да се чувствувам непријатно тоа што и говори на партија која не го признава него, неговата титула, знамето на државата, народот кој што тој го претставува, а да не правиме муабет за тоа дека убивањето на невини цивили го прави тоа по малку нездраво. Ирачките курдски лидери имаат срамно минато на умилкување на други лидери за кои што е јасно дека ќе ги забодат во грб уште во првата дадена можност. Ердоган е човек којшто се изјасни дека е против било каква идеја за Курдска држава па макар била и до Аргентина. Каде е курдската солидарност? Дали ќе трампа економски концесии за туски бомбашки напади во Јужен Курдистан или пак уште полошо, ќе продолжи да се бори со ПКК (Курдска работничка партија)? Оставајќи ги настрана математиките, Ердоган е одговорен за убиствата на илјадници Курди и само поради таа причина тој не треба да присуствува.

Не секој беше критички настроен спрема посетата на претседателот Масуд Барзани. Хумам Тахар верува дека треба да се примени критички пристап кон градењето на мирна иднина, а не живеење во минатото. Тој додаде дека минатото и сегашноста не треба да се игнорираат, но дека е клучно фокусот да биде на иднината на идните генерации и на интересите на Курдскиот народ.

Ребвар Валадбаги изјави дека поканата за претседателот Барзани е со цел да предизвика поделба меѓу Курдскиот народ и дека вревата која се создава од конференцијата е резултат на тактичка покана со цел да се пренасочи вниманието од ситуацијата на Курдскиот народ.

Студентот по Меѓунардно право, Равеш Који додаде дека постојат два типа на препознавање (1) експлицитно препознавање и (2) имплицитно препознавање. Тој потенцираше дека се направени некои достигнувања кои се прогресивни. На пример, во минатото Турција не ги признаваше курдските лидери, додека сега таа политика е изменета како резултат на регионални промени.

Не е јасно до кој размер, присуството на преседателот Масуд Барзани на конференцијата на АКП, ќе го подели Курдскиот народ на оние од Југот и од Северот, но јасно е дека многу Курди од северен Курдистан се чувствуваат предадено. Поделбата не е присутна само меѓу обичниот народ, туку и различни политички партии од јужен Курдистан, вклучувајќи ја и партијата Курдски патриотски сојуз (PUK), се во конфликт во поглед на присуството на претседателот Масуд Барзани на конгресот на АКП.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.