Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Либијската револуција 2011.
Арапските нетизени го осудија кукавичкиот напад врз конзулатот на САД во Бенгази, Либија, минатата ноќ (вторник 11 септември 2012). Четворица Американци, вклучувајќи го и амбасадорот Кристофер Стивенс, беа убиени кога милитантите истрелаа ракети кон нив додека беа превезувани кон побезбедна локација откако демонстрантите ја опколија зградата на конзулатот.
Најновите информации велат дека демонстрантите го опколиле конзулатот, бесни поради филмот со кој се исмејува Пророкот Мухамед, а е во изработка на американско-израелски режисер. Во Каиро се одржа сличен протест каде што демонстрантите се искачија по ѕидовите на амбасадата на САД, го искинаа американското знаме и го заменија со исламски банер.
Убиството на г. Стивенс и на тројца други вработени во американскиот конзулат ги разлути нетизените од целиот регион.
Либијското младинско движење прашува:
@ShababLibya: Што се постигна со нападот врз конзулатот минатата вечер? Ништо освен деструкција, насилство и голема трагедија.
Абдулракееб Ал Азане коментира:

Демонстрантите пред амбасадата на САД во Каиро минатата вечер. Фотографија споделена на Твитер од @khadrania
Наср Алдбеа вели:
Кхалил Агха пишува на Твитер:
Саудиецот Фахад Албутаири нè потсетува:
И Либиецот Ахмед Мисрата се согласува:
@AhmedEMisrata: Синоќешниот настан беше срам за нашата револуција, за нашите жртви, но пред сè срам за учењето на пророкот. PBUH #Benghazi
Од Египет, Шехеразаде коментира:
@_Schehrazade_: Човек којшто си ја вршеше својата работа беше убиен во #Либија бидејќи некои аматери направиле безвреден филм на кој некои изроди му придале важност. Продолжете да мразите.
А од Бенгази, @N_Benghazi пишува:
@N_Benghazi: Пророкот (изрека) не би прифатил невина крв да биде пролеана бидејќи луѓето се навредени од ничиј филм. #libya
Египетскиот писател Карим Ел Дегву предвидува:
A Надја Ел Авади од Египет заклучува:
Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Либијската револуција 2011.