Саудиска Арабија: Оспорено судење од страна на истакнати реформисти за човекови права

Истакнатите заштитници и реформисти на човековите права Мохамед ал-Кахтани и Абдулах ал-Хамид од Саудиска Арабија, кои подолго време се занимаваат со застапувањето на човековите права и се дел од основањето на Асоцијацијата на Саудиска Арабија за граѓански и политички права, имаа второ сослушување од нивниот судски процес во Кривичниот суд – Ријад, во утринските часови на 1 септември. Првите сослушувања од судскиот процес на двајцата беа одржaни одделно минатиот јуни, кога судијата одлучи дека второто сослушување ќе со одржи во исто време.

Обвиненијата против Ал-Хамид вклучуваат:

الدعوة والتحريض على مخالفة النظام، وإشاعة الفوضى، والإخلال بالأمن والطمأنينة العامة، من خلال إعداد وصياغة ونشر بيان يدعو إلى التظاهر في الميادين العامة […]
Повикување на и поттикнување за кршење на правото, ширење на хаос и нарушување на јавниот мир и безбедност преку пишување и објавување на изјави кои повикуваат на протест на јавните плоштади […]
صف نظام الحكم السعودي – ظلماً وتعدياً – بأنه نظام بوليسي يقوم على الجور والقمع ويتبرقع بالدين واستخدام القضاء لتقنين الظلم من أجل استمرار الفتك المنهجي بحقوق الإنسان.

Неоправдано именување на режимот на Саудиска Арабија како полициски режим кој се основал врз неправда и потисниување и дека погрешно ја користи религијата за оправдување на неправдата и да продолжат со кршењата на човековите права.

Абдула ал-Хамад седеше на подот откако судницата се наполни со присутни via @abdulrhmansh

Пред неколку дена, Ал-Хамид ги повика луѓето да присуствуваат на сослушувањето и многу реформисти присуствува.

Новинарот и издавачот од Саудиска Арабија, Навафал-Кудаими, беше меѓу присутните и објави на Твитер:

عبدالله الحامد يحول المحاكمة إلى درس للتاريخ والقضاء حول حقوق المتهم وأصول العدالة الشرعية […]
@Alqudaimi: Абдула ал-Хамид го претвори денешното сослушување во предавање за правата на обвинетите и принципите на правда. Ќе замине во историјата […]

Новинарот и заштитник на човековите права од Саудиска Арабија, Иман ал-Кахтани, исто така, беше меѓу присутните. Таа објавуваше на Твитер за време на сослушувањето:

الحامد مخاطبا القاضي أين أنتم من ضحايا الاعتقال التعسفي والتعذيب وهم يريدون ضرب حسم بسبب رصدنا المضطهدين #محاكمة_الحامد_والقحطاني
@ImaQh: ал-Хамид му рече на судијата: Зошто не се справувате со жртвите на арбитражно затворање и измачување? Тие сакаат да ја уништат [Асоцијацијата на Саудиска Арабија за граѓански и политички права] бидејќи ние чуваме записи од тие жртви.

Судијата одлучи наредното сослушување да го одржи утре, 2 септември, но сослушувањето нема да биде јавно:

لا تظنوا ان المحاكمة علنية بل من حضر دخل بدون استئذان والقاضي أصر علي عدم حضورنا غداً #محاكمة_الحامد_والقحطاني
@ImaQh: Не, сослушувањето нема да биде јавно. Тие што присуствуваа [денес] влегоа без да го прашаат судијата за дозвола, и тој инсистираше дека утре нема да ни биде дозволено.

Познатиот блогер од Саудиска Арабија Фуад ал-Фахран ја искажа својата поддршка со објава на Твитер:

مجرد يوم عادي آخر في حياة د. أبو بلال و د. القحطاني.. يوم تاريخي لنا #محاكمة_الحامد_والقحطاني
@alfarhan: Само уште ден од животите на д-р ал-Хамид и д-р ал-Кахтани. [За останатите] од нас – историски ден!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.