Дополнето (12 април, 2012 година):
Претседателот Рикардо Мартинели одлучи да стави вето на Законот 308 кој ги заштитува домашните животни. Според претседатлот, ветото е ставено само за да се поправат некои толкувања. Тој напиша на Твитер (@rmartinelli) дека „само на еден член од предлог-законот е ставено вето за да можат студентите да продолжат со експериментите во училиштата. Се е во ред.“ Сепак, со ова законот се враќа во Националното собрание, а домашните животни се уште немаат закон кој ќе ги заштити.
Националното собрание на Панама донесе закон за заштита на домашните животни. Здружението за животни и природа на Панама го поздрави новиот закон со емоционален пост на својот веб-сајт:
l Proyecto de Ley 308 es un hecho. Nos unimos, discutimos, se negoció, lloramos, reímos y en el día jueves 15 de marzo de 2012 se hizo historia, el Proyecto de Ley 308 que ampara a los animales domésticos, es un hecho.
Ангелите на животните, група која ги собира животните скитници од улиците и им наоѓа нов дом, на својот веб-сајт го сподели целиот закон со интернет-корисниците:
Que contiene las modificaciones y adiciones introducidas al Proyecto de Ley No. 308, “Por medio de la cual se dictan medidas de protección a los animales, reforma normas penales y dicta otras disposiciones para mantener un trato digno a los animales domésticos”.
Интернет корисниците исто така го споделуваат ова видео за да информираат за законот:
И покрај тоа, деветнаесет дена откако собранието го усвои законот, претседателот се уште не го одобрил. Во Панама претседателот мора да го потпише законот за тој да стапи на сила.
На 31ви март, претседателот Рикардо Мартинели (@rmartinelli) споделил енигматски твит во кој стои дека ќе стави вето на дел од законот 308:
Aun en legal de la presidencia la ley 308 Tan pronto finalize analisis se firma entera o se veta parcialmente. Igual con seguros, minera.
Објавата не помина незабележано на социјалните мрежи туку предизвика многу реакции против претседателот како и барања законот да стапи на сила што е можно побрзо. Беше создаден хаштагот #ley308, а Твитер корисниците се охрабрија да му пишат на претседателот со цел да го притиснат.
Едвард Ален (@DjEdwardAllen) го искористи слоганот од кампањата на претседателот, “los locos somos más” („ние лудите сме мнозинство“) за да побара ратификација на законот:
Los que estamos Locos por los Animales somos Mas! Porfavor firme ya la #ley308!! @rmartinelli @angelesanimales
Елиса Санчез (@Elisa_TaoTao) вети дека ќе продолжи да му пишува на претседателот се додека не го потпише законот:
NO ME VOY A CANSAR DE ESCRIBIR AL PRESIDENTE HASTA QUE NO FIRME LA#LEY308 COMPLETA NO QUEREMOS MAS CRUELDAD DE NINGUN TIPO
Ами Лури (@AmieLurie) се прашува која е причината што го спречува претседателот целосно да го потпише законот и го потсетува дека претседателството е во постојан развој:
Pq tanta vuelta le da para firmar?Q se lo impide??@rmartinelli no todo es jumboferias y el metro tambien hay cosas mas importantes #ley308
Но, не сакаат сите што побргу да се ратификува законот. На блогот Chrisfaw блогерот Крис Фо признава дека има поважни работи во Панама како што е спречување на криминалот во земјата иако нагласува дека е чесно и важно да се поддржи законот.
Me parece crítico que pongamos tanto empeño en aprobar esto, tomándolo como un problema fundamental y viendo cómo tanta gente se involucra con esto, mientras que muchos panameños pierden la vida a causa de la violencia a manos de otro ser humano. Dice mucho de nosotros como sociedad que haya más interés no provocado* para con la prevención de la violencia contra los animales que para la prevención de la violencia entre las personas.
Законот се уште чека ратификација или вето, а луѓето продолжуваат да дискутираат на темата на социјалните мрежи. Засегнати се дури и меѓународни организации; како што известува La Estrella de Panamá (The star of Panama), Humane Society International побарала од претседателот на Панама да го потпише законот:
“Instamos al presidente Martinelli a promulgar esta ley para proteger a muchos animales de la crueldad”, dijo Alexandra Rothlisberger, directora de programas en América Latina para HSI, en un boletín de prensa.