- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Светот го оплакува храбриот јапонски новинар Кенџи Гото, убиен од ИДИЛ

Категории: Источна Азија, Среден Исток и Западна Африка, Јапонија, Јордан, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Политика, Човекови права
The world remembers Kenji Goto, the Japanese journalist beheaded by the ISIS. Photograph shared on Twitter by @halona [1]

Светот се сеќава на Кенџи Гото, јапонскиот новинар убиен од ИДИЛ. Фотографија споделена на Твитер од @halona

Во видео клип со квалитет на мобилен телефон [2] снимен пред пред заминување кон упориштето на ИДИЛ во градот Ал-Рага, јапонскиот новинар Кенџи Гото изјави дека сирискиот народ страда веќе три и пол години, и дека има намера да известува за ИДИЛ и нивните активности во Сирија. „Доста беше,“ тој извика.

На 1 февруари, светот го разбуди веста за убиството на Гото од страна на членови на оваа група, само неколку дена по објавувањето на молбата од жена му да му го поштедат животот [3].

Според сопругата Ринко, екстремистичката група го заробила Гото на 26 октомври 2014. „Од тогаш неуморно работев зад сцената на неговото ослободување,“ рече таа во снимена изјава. „Не зборував јавно до сега затоа што се обидував да ги заштитам моите деца и семејството од медиумското внимание предизвикано кое маката на Кенџи го предизвикаа низ целиот свет.“

Сопругата внимателно го пренесе текот нанастани, укажувајќи дека бунтовниците ја контактирале преку е-пошта на 2 декември 2014. Сепак, по објавувањето на видео-клип со кои бараат откуп [4] од 200 милиони долари за Гото и за Харуна Јукава [5] по скоро месец и половина, „разменивме неколку пораки по е-пошта додека се борев да му го спасам животот,„ додала таа.

Арно ама, групата му ја отсекла главата на Јукава штом поминал рокот за откупот. Потоа ја информирале Ринко за нивното последно барање, со понуда да го ослободат Гото во замена на пуштање на ирачкиот бомбаш-самоубиец Саџида ал-Ришави [6] од затвор во Јордан.

Бунтовниците барале од Ринко тоа „веднаш да го сподели со светските медиуми“, за да не ги загрози животите на Гото и на заробениот јордански пилот поручник Му’ат ал-Касеабех. Наспроти нејзината согласност и постојаните напори да му го спаси животот, екстремистичката група веќе го имала обезглавено Гото. Убиството го снимале и го објавиле подоцна.

Глобален протест

Веројатно најголем доказ за влијанието на Гото на животите на луѓето е глобалниот протист против чинот на екстремистичката група. Светот одбива да го памети Гото по тоа што ИД му го направиле. Наспроти тоа, многумина како Карим, повикуваат на неговата вечна слава за сочуството што го покажуваше за жртвите во зоните на конфликт:

Кенџи Гото во солзи гледајќи го страдањето на Сиријците во Алеп. Овој пат Сиријците леат солзи по него.

Сирискиот блогер Надер упати поздрав до Гото за неговата храброст:

Поздрав до Кенџи Гото, вистински интернационалец, за разлика од натрапничките силеџии од ИДИЛ кои дојдоа од далечни земји за да владеат врз локалното население. Почивај во мир.

Дипломката на Американскиот универзитет во Бејрут Хаја Атаси забележа дека искусниот новинар правел многу повеќе од тоа што му го налага професијата:

Кенџи Гото, јапонскиот новинар обезглавен од ИДИЛ, имаше отворено училиште во предградието на Латакиа во кое сириските деца ги учеше да користат компјутери.

Жан Пјер Дутион, кој вели дека живеел во Сирија во последните седум години, изрази слични ставови:

Одбивам да објавам фотографија која го покажува како жртва на ИДИЛ. Ова е Кенџи Гото, тие го обезглавија вчера.

Саудискиот уметник Малик Наџер изрази сочуство за семејството на Гото, како и многумина други:

Овде Малик Наџер од Саудиска Арабија. Би сакал да изразам сочуство за семејството на Кенџи Гото, тој беше добар човек, нека почива во мир.

Кувајтскиот колумнист Далаа АлМуфти на арапски пиша дека објавува фотографија од расплаканата мајка на Гото да покаже дека не е доволно за починителите од ИД што ги тероризираат арапските мајки, туку го прошириле својот тероризам и до Јапонија:

Зар не беше доволно што починителите од ИД ги тероризираат арапските мајки, туку го проширија својот тероризам и до Јапонија. Ова е мајката на јапонскиот новинар кого го обезглави ИДИЛ

И познати личности и политичари изразуваа сочуство. Познатиот писател Пауло Коелјо даде посмртно слово за Гото преку еден твит, кревајќи го гласот во солидарност со поручникот ал-Касеабех преку хаштагот #IamMuath („јас сум Муат“).

Жив е во нашите срца, храбриот Кенџи Гото. Време е да кажеме јас сум Муат, иако мислам (Бог да чува) дека тој е веќе мртов.

Изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери не пропушти да нагласи дека смртта на Гото е варварски акт:

Упатувам искрено сочуство до жената на Кенџи Гото, неговото семејство, како и народот на Јапонија. Неговото варварско убиство ја покажува бруталноста на ИДИЛ.

Дури и анонимниот профил на Твитер Историски слики, кој има над 2,02 милиони следачи ги повика сите да го запомнат Гото по неговата добрина, споделувајќи ја фотографијата од еден негов разговор со сириски деца:

Вака треба да го запомниме Кенџи Гото, еден навистина храбар и исклучителен човек.

Сепак, многумина остануваат шокирани од веста за неговата смрт. Емили Финч од Лондон напиша:

Се чувстувам емотивно раскината по егзекуцијата на Кенџи Гото, откако ја следев сторијата од нејзиниот почеток.

Новинарот Дима Катиб ја искажа нејзината тага што такви чинови се случуваат не само во Сирија, туку и лажно во името на исламот:

Депримирачки е да се види обезглавување на некој како Кенџи Гото (или на било кој друг човек), во мојата родна земја Сирија во името на исламот.

Независната новинарка Бутаина Азаби сподели потресно потсетување дека 118 новинари се убиени само во текот на минатата година:

Уште еден новинар е обезглавен од ИДИЛ, новинарот Кенџи Гото. Само во 2014 година, 118 новинари беа убиени и 220 се затворени низ целиот свет.

Ужаленото семејство на 47-годишниот новинар покрај сопругата го сочинуваат и двете ќерки, едната на возраст од две години, а другата неколкумесечно бебе.