- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Нигеријците ја критикуваат владината реакција (односно отсуството на истата) за масакрот во Бага од страна на Боко Харам

Категории: Супсахарска Африка, Нигерија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Катастрофи
A screenshot from a propaganda video showing Boko Haram leader Abubakar Shekau. Public Domain photo from Voice of America.

Слика преземена од пропагандно видео на кое се гледа Абубакар Шекау, лидерот на Боко Харам. Слика во јавен домен од Гласот во Америка.

Во текот на изминатите недели, терористичката организација Боко Харам [1] ја зголеми својата насилна кампања во Нигерија. Муслиманското џихадистичко борбено движење со седиште во североисточниот дел на Нигерија, северниот дел на Камерун и Нигер, одговорно за смртта на илјадници луѓе во последните неколку години, изврши напад врз Бага, [2]еден мал град во државата Борно [3], во северосточниот дел на Нигерија. Амнести Интернешнл  [4]го опишува нападот како најкрвав во историјата на Боко Харам, со околу 2.000 убиени: 

„Се чини дека нападот врз Бага и околните градови, би можел да биде најкрвавиот чин на Боко Харам од листата на сè погрозоморни напади извршени од страна на организацијата. Доколку извештаите во кои се вели дека градот во голема мера бил срамнет со земја и дека стотици или дури и две илјади цивили биле убиени се вистинити, тогаш ова претставува вознемирувачка и крвава ескалација на тековниот напад на Боко Харам против цивилното население.“ вели Даниел Ејр, истражувач на Амнести Интернешнл за Нигерија.

Меѓутоа, нигерискиот штаб за одбрана се спротивстави на ова тврдејќи дека бројот на жртвите е преувеличен. Генерал-мајор Крис Олуколаде, портпарол на војската, изјави [5] дека бројот на жртви во Бага не надминал 150 луѓе:

…Како што можеби веќе знаете, имаше уште еден терористички напад врз градот Бага во државата Борно минатата недела во кој загинаа голем број луѓе. По тој жалостен напад, дел од печатот особено медиумите на интернет раширија многу шпекулации и претпоставки во однос на бројот на жртвите. Некои тврдеа дека повеќе од илјада луѓе биле убиени додека други со сигурност напишаа дека 2000 луѓе ги загубиле животите во тој единствен напад. […] Во меѓувреме, од сите расположливи докази, бројот на луѓе кои ги загубиле животите за време на овој напад досега не надмина 150. Во оваа бројка се вклучени и многуте терористи кои биле наоружани и убиени во текот на нивниот напад и борба со војниците.

Исто така генералот се нафати со проверка на фактите за фотографиите кои кружат на социјалните медиуми, за кои се тврди дека се од Бага по нападот: 

Не им обрнувајте внимание на лажните слики од #BAGA [6] кои кружат на интернет поставени од злонамерни политичари. Тие се од истекувањето на нафта во ДР Конго во 2010 година http://t.co/8WxwojefGf [7] — Ген. Крис Олуколаде (@GENOlukolade) 13 јануари, 2015   [8]

Веста за масакрот во Бага, задоцнетата реакција од страна на владата како и понатамошното несогласување околу вистинскиот број на смртни случаи, го распламти гневот кај сајбер-граѓаните во Нигерија. Chxta смета дека се додека се работи за човечки живот, бројот на жртви е безначаен:

150, а не 2000 умреа во #Baga [9]. Броеви или луѓе? Не, во овие краеви не живееме во Денот на мрмотот. Ние живееме некаде во Пеколот на Данте. — Chxta of Greece (@Chxta [10]) 13 јануари, 2015 [11] 

Џереми Виат, издавач со седиште во Лагос се согласува со мислењето на Chxta:

Несфатливо е како немало соопштение од претседателството за злосторството во Бага. Потполна и тотална нечовечност.  — Џереми Виат (@jeremyweate) 12 јануари, 2015 [12] 

Блосом, блогерка, исто така беше подеднакво изнервирана поради недостатокот од емпатија на владата: 

Ако го поддржувате претседателот Џонатан како мене и не го осудувате масакрот во #Baga [9], ме загрижува вашиот сериозен недостаток од емпатија. — Блосом Нодим ™ (@blossomnnodim) 10 јануари, 2015   [13]

Писателката, Чика Унигве, беше лута поради тоа што властите биле позагрижени за бројот на смртни случаи отколку за заштитата на нејзините сограѓани:  

Ако кон злосторствата извршени врз вашиот народ се однесувате како да се сосема мала непријатност, не обвинувајте ги сите други затоа што го следат вашиот пример #Baga [9] — чика унигве (@chikaunigwe) 12 јануари, 2015 [14]

Геге остана без зборови поради доцната реакција од страна на војската: 

Жал ми е но инцидентот во Бага се случи пред 2 дена. Портпаролот на штабот за одбрана дава изјава дури денес. Тоа е смешно. — Геге (@nigeriasbest) 11 јануари, 2015  [15]

Музичарот елДи ги сатиризираше медиумските помошници на претседателството: 

Коментарите за #Baga [9] досега од страна на поддржувачите на Гудлак Ебеле Џонатан (ГЕЏ) —> pic.twitter.com/641JvsJn5W [16] — елДи 엘디 (@eLDeeTheDon) 11 јануари, 2015 [17]                                                          

Онје Никузи остро го критикуваше претседателот Гудлак Ебеле Џонатан: 

Во правото постои поим „разумна личност“                                     

Дали „разумен лидер“ би се однесувал на начинот на кој ГЕЏ се однесуваше за време на настаните во Чибок и сега во Бага? Се сомневам — Онје Никузи (@cchukudebelu) 10 јануари, 2015 [18]

АјоДи смета дека опозициската КСП (Конгрес на сите прогресивци) ја претвора трагедијата во политичка игра: 

Според многумина во КСП (Конгрес на сите прогресивци) #Baga [9] не е трагедија, тоа се смета за политичко оружје против ГЕЏ. Грозоморно во најмала рака. — Г. Аји Ди (@MrAyeDee) 10 јануари, 2015  [19]

Бабаџиде ја отфрли политиката на владејачката Народна демократска партија и опозициската партија Конгрес на сите прогресивци, посочувајќи наместо тоа на загубените животи: 

НДП/КСП нашите мртви невини соседи во #Baga [9] повеќе не прават разлика #IAmBaga [20] pic.twitter.com/adfNyZLRx0 [21] — #Vote4Jimi (@BabajideFadoju) 10 јануари, 2015  [22]

Танџи Ландерс ги доловува чувствата на страв и вкочанетост од постојаните убиства на невини Нигеријци од страна на Боко Харам: 

#Baga [9] Не можам сосема емоционално да го процесирам тековниот масакр на нашиот народ. Смртта на илјадници и ниту мало вознемирување во нашата национална свест!  — Танџи Ларднер (@TunjiLardner) 9 јануари, 2015  [23]

Боко Харам управува  [24]со градови и села во област со големина на Белгија. Градот Бага е всушност локацијата на воената база која ја користат мултинационални сили поставени со цел да им се спротивстават.