The Web We Want поканува карикатуристи, креативци и уметници да се приклучат наThe Day We Fight Back на 11 февруари, 2014 г. создавајќи оригинална карикатура за надзорот на интернет и правото на приватност.
Карикатурите треба да придонесат за зголемување на свеста за NSA и за барањето одговорност за масовниот дигитален надзор, на начин што ќе ги мотивира луѓето да ги кликнуваат и да ги споделуваат овие карикатури.
Рокот за поднесување е 8 февруари, 2014 г.
Награди:
1-во место : 1000 американски долари
2-ро место : 500 американски долари
3-то место : 250 американски долари
Правила:
1 . Може да учествува секој.
2 . Со поднесувањето на делото, авторот се согласува дека делото е лиценцирано под лиценцата Криејтив комонс – Наведи извор – Сподели под исти услови 4.0. Еден автор може да поднесе неограничен број карикатури.
3 . Авторот ќе наведе име или псевдоним за поднесеното дело. Од победниците ќе се побараат дополнителни лични податоци – но нивните вистински имиња ќе се држат во тајност, доколку тоа го бараат.
4 . Добитниците ќе бидат објавени на 11 февруари, 2014 година. Добитниците ќе ги изберат членовите на Извршниот комитет на The Web We Want.
5 . Средствата од наградите ќе им бидат префрлени на добитниците во рок од 30 дена по објавувањето.
Поднесување:
1 . Преку е-пошта: испратете ја карикатурата – во висока дефиниција (.jpg, .pdf, .svg или .png) на grants@webfoundation.org ПРЕДМЕТ: Cartoon до 8 февруари, 2014 г.
2 . Преку Твитер: твитнете ја качената слика на @webwewant со хаштагот #webwewant
3 . Препорачливо е да ја додадете вашата националност и земја на потекло, но не е задолжително.