- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран испрати еден мајмун во вселената, друг се врати

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Наука, Технологија
Aftab the monkey before launch into space

Мајмунот Афтаб пред да биде испратен во вселената. Фотографија: IRNA

Блогери и други извори за вести ги оспорија [1] тврдењата на иранската влада дека успешно испратиле мајмун во вселената и дека истиот се вратил жив на 28ми јануари, 2013 година. Официјални фотографии – наводно од мајмунот пред тој да биде испратен, и по неговото враќање – не се совпаѓаат [2], што дополнително го зголеми сомнежот дека ова лансирање можеби никогаш не се ни случило.

Еве го официјалниот материјал снимен од националниот канал IRIB Channel 1:

Многу корисници на популарната веб-страница за споделување на линкови Balatarin [3] велат дека станува збор за лага и cпоредуваат [4]фотографии од мајмунот пред неговото испраќање, со фотографии кои се тврди дека се направени по неговото безбедно враќање, нагласувајќи ги физичките разлики помеѓу двете.

Фотографиите се:

0,,16563829_303,00

Како што може да се забележи од главната фотографија на овој напис, како и од фотографијата погоре (десно) – првиот мајмун има дамка на неговата десна веѓа и пократка, сива коса околу лицето, додека вториот мајмун нема дамка и има долга, кафена коса.

Реакциите на интернет корисниците варираат од тотално скептични до теории на конспирација:

Иранскиот блогер ‘Hagh mosalam ma’ [5] (‘Нашите одредени права’) зазема сатиричен пристап, и повлекува паралели помеѓу вселенската мисија и претседателските избори во Иран во 2009, кои многумина сметаат дека биле лажирани. Тој се шегува велејќи:

Мајмунот кој беше испратен во вселената беше пријател (на врховниот лидер), мајмунот кој се врати се однесуваше чудно. […] Со фотошоп денес може да испратите мајмуни на Марс, а не пак надвор од атмосферата.

Амир Фаршад на својот блог ‘Hot Chocolate [6]‘ (‘Топло чоколадо’) пишува дека:

[Претседателот] Махмуд Ахмадинеџад на оваа нација и даде повеќе добри вести поврзани со прославите Fajr (со кои се одбележува годишнината од победата на Исламската револуција): „Испративме мајмун во вселената и успеавме да извршиме успешен хируршки зафат со цел отстранување на неговата дамка додека истиот беше во вселената, а потоа и да го вратиме во добра здравствена состојба, назад во рацете на врховниот лидер.“