Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Зошто софтвер со отворен код?

По претставувањето на слободен и софтвер со отворен код (F/OSS) во претходниот напис, некој се уште може да се прашува зошто корпорациите и владите треба да го поддржат нивното усвојување. Во книгата „Пристап до знаење во Египет“, Нагла Ризик (@naglarzk) и Шериф Ел-Касас посветија поглавје на софтверската индустрија во Египет и улогата на слободниот/софтверот со отворен код. Тие започнаа со нагласување дека исто како и секоја друга економија, постојат две спротивни сили што го карактеризираат порастот на дигиталната економија.

Дигиталната економија се карактеризира со две конкурентно спротивни сили: едната е креацијата и ширењето на малите фирми а другата е порастот и експанзијата на големите структури.

Потоа тие објасуваат како високата цена на производството на ново знаење е во прилог на монополи кои се градат околу производството на знаење и добра со вградено знаење. Значи, отвореноста во однос на интелектуалната сопственост притиска во една или во друга насока.

Софтверот со отворен код обезбедува можност за мали играчи да се вклучат и размножуваат. Истовремено, правата на интелектуална сопственост овозможуваат големи конгломерати да растат околу сопственичкиот код. Ова обезбедува интересни нијанси во интеракцијата помеѓу интелектуалната сопственост и конкуренцијата. Максималистичка IP заштита ќе ги охрабри и овековечи големите монополистички структури изградени околу формирањето на знаење, флексибилни IP режими ќе го овозможат креирањето и ширењето на помалите фирми. Токму тука лежи универзалната тензија помеѓу интелектуалната сопственост и конкуренцијата.

Кажувајќи го ова, тие велат дека владите на земјите во развој треба да ја охрабрат употребата на софтвер со отворен код со цел да го помогнат развојот на малите и локалните структури.

Ова е многу важно за потенцијалното влијание што софтверот со отворен код може да го има во земјите во развој, каде верувањето во овој потенцијал ќе бара внимание од  нивната влада со цел да се заштити индустријата која е во ран стадиум од својот развој.

Некои може да се прашуваат дали земјите во развој може да си го дозволат товарот од фомирање на знаење преку помали и нови производствени структури, авторите го споредија моменталното производство во овие земји со млади индустрии од минатото:

Исто така е модифицирано усвојувањето на аргументот „млада индустрија“, каде економистите уште од раниот деветнаети век се бореле за заштита преку наметнување на увозни бариери, со цел да се дозволи локалните млади индустрии да „пораснат“, со што се развиваат економии од повисок ранг ослободни од заканата од конкуренти преку развиениот увоз.

Тие додадоа:

Eфективно, софтверот со отворен код останува младата домашна индустрија која има потреба од заштита. Во овој случај, заштита не се однесува на блокирањето на увоз преку поставувањето на тарифни бариери, туку на штитењето на фирмите на софтвер со отворен код преку нивно ослободување од заканата од доминантност на пазарот од поголеми бизнис структури, што делумно се должи на заштитата на правото на интелектуална сопственост.

Со ова се нагласува високиот потенцијал на софтверската индустрија во Египет, кога би се споредила со било која друга индустрија од три причини:

Софтверската индустрија е прогласена како потенцијален мотор за порастот на египетската економија. Ова делумно се препишува на човековиот капитал во Египет, знаејќи за традицијата на користење на слободен софтвер во универзитетското образование каде секоја година на инженерските училишта дипломираат илјадници млади египетски мажи и жени. Со оглед на тоа дека земјата има популација од повеќе од 75 милиони луѓе, 60% од кои се помлади од 25 години, Египет често е критикуван од страна на владата, да интегрира силен потенцијал од човековиот капитал во софтверската индустрија.

Втората причина е:

Eгипет низ историјата често ја заземал улогата на културен лидер во регионот, и се сметал за особено силен центар на потенцијална креативност на Арапскиот пазар на софтвер. Пазарот на Блискиот Исток нуди силен потенцијал за египетската софтверска индустрија, особено со арабизацијата и зголемениот интерес за исламската содржина.

И третата причина:

Од политичка гледна точка, софтверот со отворен код нуди уште еден елемент од компаративна вредност во однос на комерцијалниот софтвер, имено националната безбедност. Всушност широко прифатена норма за безбедност е дека отворениот код на системите ги прави истите повеќе сигурни. Тоа е така затоа што отвореноста им дозволува на истите да бидат пристапни за потемелна проверка и надзор на внатрешното работење на такви системи, со што се намалува можноста за грешки и други начини на кои би можела да се искомпромитира безбедноста.

Авторите сепак тврдат дека главната компаративна предност на Египет моментално лежи во прилагодување и продавање на дополнителни услуги за веќе постоечки софтвер. Тие веруваат дека тоа е посоодветно за моменталното ниво на знаење во земјата, додавајќи дека:

Компаративната предност на Египет лежи во трудоинтензивните услуги наспроти „еднократни производи“

Наспроти владите, и како софтверот со отворен код би можел да ги поттикне иновациите таму, и корпорациите би требале исто така да користат софтвер со отворен код. Брус Перенс го дели софтверот (и технологијата генерално) на диференцирачки и не-диференцирачки.

Диференцирачка технологија е онаа која го прави вашиот бизнис попожелен за вашите клиенти од бизнисот на вашиот конкурент. На пример, доколку ја посетите страницата Amazon.com и ако побарате книга, Амазон исто ќе ви предложи и други книги кои биле купени од луѓе што ја купиле истата таа книга. Често книгите што Амазон ви ги препорачува се доволно интересни за да купите и една од нив. Доколку отидете на веб-страницата на Барнс и Ноблс, тие не ја нудат истата услуга, и не не изненадува фактот дека Аmazon продава повеќе книги оналјн. Со што, за Амазон, оваа услуга на препорачување е бизнис-диференцирач. Очигледно, би било грешка вашите бизнис-диференцирачи да бидат со отворен код, затоа што во тој случај вашиот конкурент би можел да ги искористи истите за да стане посакуван од клиентите на начинот на кој е посакуван и вашиот бизнис.

Од друга страна постојат и не-диференцирачки технологии:

Најверојатно 90% од софтверот во секој бизнис е не-диференцирачки. Голем дел од него е наведен како инфраструктура, базата врз која се гради диференцирачка технологија. Под категоријата инфраструктура спаѓаат оперативни системи, веб сервери, бази на податоци, сервери на Јава апликации, општите алатки кои се користат на компјутерите како веб прелистувачи, имеил клиенти, табеларни пресметки, апликации за изработка на презентации и друго. Секој друг софтвер кој нуди диференцирачка вредност на не-софтверска компанија е изградена врз една или повеќе од овие инфраструктурни компоненти.

Одржувањето на не-диференцирачката сопственост е како одново измислување на тркалото, корпорациите треба да разберат како софтверот со отворен код од друга страна ќе им помогне во намалувањето на трошоците, и ќе им помогнае да добијат подобри инфраструктурни продукти, бидејќи тие ќе соработуваат со таа цел – подобри продукти.

Не би имало никакво негативно внимание врз вашиот бизнис доколку вашиот конкурент разбере како функционира секој дел од вашиот не-диференцирачки софтвер. Всушност, тој конкурент може да биде најдобриот соработувач кој некогаш сте го имале, доколку соработката е лимитирана на работење на вашиот не-диференцирачки софтвер, затоа што нивните потреби се најслични на вашите. Овој пример се среќава секојдневно во светот на софтверот со отворен код, во кој HP и IBM се парнери во развивањето на софтвер кој им помага во продажбата на двете компании, додека тие и понатака остануваат конкуренти на пазарот на повисоки нивоа каде диференцијацијата помеѓу нив е можна и ефективна.

Помалку или повеќе, наведените мислења се со цел да објаснат како софтверот со отворен код е подобар за корпорациите и владите од практична гледна точка. Но, моралните вредности на слободниот софтвер и правата на луѓето на знаење и слобода на користење на нивниот софтвер како што тие сакаат, не треба да бидат игнорирани.

Го препорачуваме поглавјето за софтвер со отворен код во Египет на Access to Knowledge in Egypt на египетските службеници, или било кој друг заинтересиран во прагматичните вредности на софтверот со отворен код за земјите во развој. Погледнете „Слободен и софтвер со отворен код“ за вовед во софтвер со отворен код.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.