Оживување на фудбалот во Индонезија

Репрезентацијата на Индонезија беше поразена во вториот натпревар од шампионатот од страна на фудбалската репрезентација на Малезија, Тигарот на Малезија. И покрај победата од 2:1, малезискиот тим победи поради подобрата гол разлика.

Финалето на купот на Азиската фудбалска федерација помеѓу Индонезија и Малезија беше најoчекуваниот настан на крајот од годината.

Претходно, на денот после Божиќ, на Букит Џалил стадионот, Малезија победи со 3:1 против Индонезија.

Од почетокот на АФФ купот, Индонезискиот тим успеа да ги спои национализмот, медиумското внимание и контроверзиите

Меч на ГБК стадионот во Џакарта. Фотографија од корисникот на Plixi, Цитра


Индонезиски навивачи. Слика од корисникот на Plixi, Хасанудин Али.

Следење во живо во еден од трговските центри во Џакарта. Фотографија на Рани Примза.

Повеќето канцеларии и јавни собиралишта, како на пример галерите, организираа следење во живо на натпреварот. Фотографија на Праст Лампард.

Ден пред натпреварот, напаѓачот Бамбанг Памунгас, напиша пост на блогот:
„Фудбалот е непредвидлива работа.. Некои резултати можат да ве шокираат, но тоа е она што ја прави страсна игра, мистеријата во неа“
Тој мислеше на поразот на репрезентацијата на денот после Божиќ:
Di tengah optimisme akan kebangkitan persepakbolaan kita yg begitu melambung tinggi, kekalahan telak tersebut bak sebuah petir di siang bolong.
[…]
Keceriaan dan teriakan kemenangan itu tidak terdengar lagi, yg samar-samar terdengar hanyalah suara hembusan napas panjang dan decakan penyesalan yg keluar para pemain yg masih nampak setengah tidak percaya..
[…]
Sesaat sebelum memimpin doa penutup, saya meminta waktu kepada Riedl untuk berbicara di depan semua pemain. Dengan setengah berteriak saya berkata “Rekan-rekan kekalahan ini harus berhenti di ruangan ini. Kita tidak memerlukan pembahasan yg lebih panjang mengenai apa yg terjadi malam ini, tidak ada saling menyalahkan tentang apa yg terjadi di lapangan tadi. Kita menang bersama-sama dan sudah seharusnya kita juga kalah bersama-sama”.
Токму на средина на нашето фудбалско оживување, поразот беше шок.
[…]
Бодрењето и пеењето победнички песни не се слушаше повеќе, тоа што се слушаше беа воздишките на неверување кои доаѓаа од играчите..
[…]
Момент пред завршната молитва, го прашав тренерот Риедл да зборува пред моите клупски колеги. „Другари, поразот ќе остане во оваа соба. Ние не треба да проценуваме што се случи или да се обвинуваме еден со друг за тоа што се случило на теренот. Ние заеднички победивме и ако требало да биде, заеднички и изгубивме“.

За прв пат во историјата на индонезискиот фудбал и благодарение на социјалните медиуми како Твитер, фудбалските фанови можат слободно да навиваат за репрезентацијата, да зборуваат за иднината на индонезискиот фудбал и дури да се поврзат со некои од спортистите.

@bepe20: Ternyata 6 kemenangan dan hanya sekali kalah, belum mampu membawa pulang trophy itu saudara-saudara.. Tetap Semangat…!!!

Шест победи и еден пораз, сепак, не можевме да го освоиме трофејот, дами и господа. Задржете го духот!
@IrfanBachdim10: Два пати ги победивме!! Не е доволно за да победиме во купот. Но, ние сме најдобрите на целиот шампионат! И нашите навивачи се најдобри!!
@IrfanBachdim10: Многу сум горд на индонезиските навивачи! Одлични сте! Сите сте одлични! Навистина најдобрите навивачи во светот!! Горд сум на сите и тоа што сум Индонезиец
@okto_maniani : Dukungan yg luar biasa dr para suporter merupakan kehormatan bagi kami.tim kita yg terbaik,suporter kita yg terbaik.
Ни беше огромна чест да ја имаме одличната поддршка од навивачите. Нашиот тим е најдобар, нашите навивачи се најдобри.
Контроверзите

Сепак, ААФ купот исто така беше засенет со контроверзии. Почнувајќи од ласерите кои се употребуваа да им го привлечат вниманието на голманите на неколку натпревари, хаос со дистрибуцијата на билетите и барањето од јавноста да контроверзниот претседател на ПССИ (Индонезиска фудбалска асоцијација), Нурдин Халид, си даде отказ.

Индонезиските фудбалски фанови го обвинуваат Халид за корупција во рамките на ПССИ, што доведе меѓу другото, до недостаток на подобрување на фудбалските објекти во земјата, повреди на фановите во текот на фудбалските натпревари поради слабата безбедност и наместени натпревари заради корумпираните судии.

За време на финалниот натпревар помеѓу Индонезија и Малезија, страсните навивачи извадија знаме на кое пишуваше „Nurdin Turun“ (што значи повлечи се Нурдин!).


Знамето на фановите и викањето со кое се бара Халид да се повлече. Видео преку eihcrats.

Движењето за замена на Халид одекнува на Твитер и Фејсбук.

Фотографии од Цитра, Хасанудин Али, Рани Примза, Праст Лампард.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.