- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Казахстан: Блогерите дискутираат за религијата

Категории: Централна Азија и Кавказ, Казахстан, Граѓански медиуми, Религија

Бидејќи Казахстан нема чиста религиозна политика, стана нормално секој да се нарекува според неговото или нејзиното верско убедување. Како и пред дваесет години, на никој не му пречеа различните мислења, што се докажа и со дебатата за религијата и традициите која неодамна се прели во блогосферата.

Дискусијата беше разгорена со танцот Кара Зорга, кој стана популарен во последните пет години во земјата.

Уримтал [1] пишува [казахстански]: „Мислам дека Кара Зорга не е само танц, но цел феномен што ја обедини нацијата. Дури и Казахстанците кој живеат во странство учествуваа. Кога нашата влада ги опиша иселениците со не толку ласкави термини, Кара Зорга е еден вид на одговор на таквата критика”.

Оркен [2] напиша пост на темата [казахстански]:

„Ајде да речеме дека танцот има Монголски корени или Калмикианска култура, но ние сме тие што го направивме национален бренд. Монголците, Кинезите и Калмиканците не се спротивставија на ниту еден начин. Токму поради тоа мислам дека ова е знак на игнорирање на фактот дека многу од нас имаат кратка меморија кога е во прашање традицијата па дури и го претставуваат Исламот како спротивставена сила“.

Во 2011, Казахстан ќе претседава со Организацијата на исламската конференција. Не многу одамна имаше дискусија [3] [казахстански] за „потенцијален закон со што ќе се забрани носење на шамии“. Malimetter.org ги потврдува овие извештаи [4] и насочува кон причините, поточно кон заменик- министерот за образование и наука Махметкали Сарбиев [казахстански]:

„Казахстан е мултирелигиозна држава. Ако ние дозволиме луѓето да го носат хиџабот, тогаш утре триесет студенти во еден глас ќе се појават носејќи нешто друго– и тоа нема да води кон ништо добро“, објаснува тој.

Тимур [5] пишува дека законот ќе биде против уставот бидејќи уставот гарантира слобода на религиско изразување [казахстански]:

„Според тоа што го имаме сега, мислам дека нашите службеници и министри не е дека не се свесни дека одат против законот. Но, ако е ваков случајот, тогаш зошто го прават тоа?“

Оригиналниот пост е објавен на neweurasia.net [6]