Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Пакистан: Салман Тасир – Погребавме човек, а не неговата храброст

Активисти на Граѓанската заедница протестираат против атентатот на гувернерот на Пенџаб, Салман Тасир, во Хајдерабад, провинцијата Синд во Пакистан. Слика на Јасир Рајпот. Авторско право на Демотикс.

Многу се зборуваше пред атентатот на гувернерот на Пенџаб, Салман Тасир. Непотребно е да се каже, реакциите што следеа по неговата смрт го шокираа и ужаснаа светот. Се поставија прашања во врска со степенот на екстремизам во земјата поради тврдења како смртта на Тасир е „Смртта на либерализмот во Пакистан“. Смртта на Тасир го достигна самиот врв, од една страна тие што го одобруваат атентатот и го слават атентатот, а од друга страна оние што мислат дека неговата смрт е чекор назад и национална загуба.

Ставајќи ги работите во перспектива Навин Наќви забележа:

Како одговор на поднесувањето на предлог – законот за измена на законите за богохулење од страна на Шери Рехман , исламистичките партии најавија два протести — 31 декември и 9 јануари (..) каде бројката на вториот достигна и 40.000. Не се сомневам дека воздигнувањето од страна на исламистичките партии и главните медиуми на убиецот на гувернерот Салман Тасир, Малик Мумтаз Кадри, го поткрепи исламистичкото политичко мислење. Но, кога овие луѓе излегоа на улиците на 9 јануари да пејат како подршка на законите за богохулењето,  знаеја дека се мнозинство. Искрено, не постои вистинска морална важност во тоа. Кога оние кои се противат на овие закони се здружија и заземаа јавен простор, тие ја знаеја нивната ранливост. Тие се болно и жалосно свесни за нивниот статус — оној на малцинство во исчезнување. Тоа не ги запре стотиците — мал број, но голем во сила — од доаѓањето секој ден.

Исто така, потенцираше како религиозните партии ја скроија целата дебата за законот за богохулење пред и после атентатот. На мојот блог зборував за причините за атентатот на Тасир, наспроти популарното верување кое го шират религиозните партии:

Тасир не беше богохулник, тој никогаш не го навредил Куранот, Пророкот или Исламот, но беше убиен во името на законот за богохулење што според него, беше порачано. Гувернерот Тасир беше убиен бидејќи побара милост за 45 годишната мајка на пет деца. Дваесет и седум куршуми за заземање став. Неговото убиство ја потенцира злоупотребата на Исламот и Куранот за доброто на моќта и владеењето. Со охрабрување на ваквото однесување промовираме безредие каде што луѓето ќе се нафрлат еден на друг и за најмалото недоразбирање. Дали е ова пораката на Куранот? Дали на ова не учи Исламот? Колку е хумано да се слави смртта на некој?

Таха Кехар во Чајиџилницата Пак го нарекува убиството на Тасир “Почеток на погрешно протолкуваниот Ислам”:

Убиството на Салман Тасир е пресвртна точка за исламскиот свет и фактот дека, многу страни се задоволни од неговата смрт, е засрамувачки. Конечно, начинот на кој умре потсетува на прераното убиство на Индира Ганди. Сепак, единствената разлика тука е тоа што Индира Ганди започнуваше фанатичен напад врз Сик религијата, а г. Тасир само се обидуваше да ги заштити граѓанските слободи на оние кои што имаат различна религија од неговата. Позначаjно, од крајниот резултат од неговата кампања сите ќе профитираа во иста мера. Дали ова е крајот на умерениот Ислам или почеток на низа прекршувања на граѓанските права?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.