Видео: Влогирање за слепите

Исландски знак кој предупредува за присуство на слепи и глуви луѓе

Исландски знак кој предупредува за присуство на глуви и слепи луѓе на патот од sillygwailo

Никомедес Флорес од блогирачкото движење Voces Bolivianas (Гласови од Боливија) во Боливија објаснува како слободниот софтвер, кој е создаден за луѓето кои имаат проблеми со видот, му помага да комуницира онлајн преку чат, имејл и блогирање. Во меѓувреме, во Етиопија, УНЕСКО и Интернационалната телекомуникациска унија спонзорираат организација која ги обучува слепите и оние со оштетувања на видот како да ги користат компјутерите и комуникациските технологии, а еден од вработените и застапник за мрежата ЕНОВИБ за слепите луѓе им се обраќа на младите за тоа дека слепилото може да биде поволна прилика наместо инвалидитет. На северот од Шпанија, дизајнер развива видео игри кои може да ги играат и луѓето со оштетен вид и објавува демонстрација онлајн, а во Нигерија и Канада, една жена блогира и влогира за животот како глув човек кој многу брзо го губи и својот вид.

Никомедес Флорес е боливиски блогер кој го води центарот за слепи Мануела Гарандилас во Кочабамба. Преку неговиот блог тој ја запознава јавноста со работата на организацијата и во следново видео тој кажува како слободниот софтвер му овозможува да сурфа, да чита и пишува имејл пораки и да чатува со други.

Ова видео од Itutelecommunication ги покажува корисниците на компјутери, браилови принтери и говорното интерпретирање на текст од Адаптираниот технолошки центар за слепи во Адис Абаба, Етиопија:

Исто така во Етиопија, Јетнеберш Нигуси го посетува школото за слепи во Гондар и зборува со учениците за тоа како слепилото е поволна пригода за неа и наместо да ја уназадува, ја има насочено кон образование и работа, наместо да се омажи млада и постојано да биде бремена. Следното видео е создадено од DarkandLight.org:

Во Шпанија, Џавиер Маирена дизајнирал флеш игра која може да ја играат и оние со нарушен вид. Оваа видео игра користи звуци со кои се запознава играчот на каде се движи топката. Таа може да се преземе од следниов линк [шпански]. Следува видео демонстрација од играта:

И за крај, Коко од „Допри го светот“ му раскажува на светот како е да си глув и да се живее со Ашеров синдром, што значи дека со тек на време таа ќе го изгуби и својот вид. Таа не само што пишува блог каде што ги документира нејзините успеси и неуспеси при работата во Нигерија каде помага при наставната програма на школо за глуви и слепи, тука таа исто така влогира за своите авантури низ светот обидувајќи се да види што повеќе работи пред да го изгуби комплетно видот, како и за малку полични работи како на пример како таа се справува со нејзината состојба. Таа има транскрибирано неколку видеа (кои се на знаковен јазик), со цел луѓето кои слушаат да може да го прочитаат текстот, а слепите луѓе да имаат текст кој компјутерот може да им го прочита, како на пример ова видео за работите кои и пречат:

На нејзиниот блог таа исто така пишува за влогирањето и за заедницата на глуви и слепи луѓе, потребата (или не) од снимање или транскрибирање на видеата на знаковен јазик, важноста на заедницата, комуникација помеѓу заедниците за глуви и слепи и некои од предизвиците на луѓето кои се слепи и глуви:

Уште примери: Walmart само што ги претстави звучниците на машините за дебитни картички покрај благајните со цел слепите (кои слушаат)  да можат да слушнат и сами да ги извршат наплатите. Истото важи и за милионите банкомати – постои Браил, но не и дополнителен Браилов дисплеј за да се замени гласот со цел слепите кои не слушаат да можат да прочитаат. Исто така поминувањето на улица е предизвик за глувите-слепи лица, бидејќи не постојат вибрации секаде каде што треба, но секако дека постојат гласовните пораки кога е зелено. Оди!Оди! Застани!Застани!

Податоци кои тераат на размислување.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.