Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Известувањето на Google за разјаснување на гласините носи уште повеќе шпекулации

Што се случува со Google? Милиони кинески нетизени се прашуваат.

На Кинеската огласна табла на Гугл, блог на кинески јазик одржуван од Google.cn, пост насловен како „престанете со гласините“ вели:

过去几天里,我们看到有很多关于谷歌中国以及谷歌员工的不真实的传言,一 些报道称我们已经关闭了在中国的办公室,还有一些报道称我们在中国的员工已经接到通知将于近期离职。这些都是不真实的。目前,谷歌中国的员工同过去一样在 办公室正常工作,讨论产品开发,与客户进行沟通。尽管谷歌总部管理层近期宣布他们将会在未来的几个星期与中国政府就一些事宜进行商讨,谷歌中国的员工们仍 在一如既往地努力向我们的用户和合作伙伴提供最好的产品和服务,用户和合作伙伴对谷歌是非常重要的

Во минатите неколку дена слушнавме многу гласини за Google China (Гугл Кина) и нејзините локални работници. Некои известија дека ги затворивме канцелариите во Кина, а други тврдеа дека нашите кинески работници ќе ги изгубат своите работни места во блиска иднина. Овие гласини не се вистинити! Кинеските работници на Google.cn како и вообичаено, работат во своите канцеларии, дискутираат за развој на производи и разговараат со нашите клиенти. Иако менаџментот од седиштето на Google објави одлука за дискутирање на некои прашања со кинеската Влада, кинеските работници работат напорно како и секогаш да ги обезбедат најдобрите производи и услуги на нашите клиенти и партнери кои се од суштинска важност за Google.cn. Јан 19

Минатата недела, Google на нивниот официјален блог објавија изненадувачка одлука да престане цензурата на содржините на нивната кинеска веб страна, чекор кој многумина го интерпретираа како закана за напуштање на кинескиот пазар доколку е потребно. Ова предизвика масовна реакција кај кинеските нетизени кои во голема мера го поддржаа движењето.

Како и да е проблемот е многу покомплициран отколку што луѓето мислеа. Гласини за вистинските намери на Google наскоро се раширија на интернет. Се појавија различни интерпретации и перспективи за можниот излез на Google од Кина и контроверзија околу оваа тема се уште постои.

Внатрешен шпион

Беше објавено дека Google ги истражува вработените врз основа на сомневање на можно хакирање од внатре. Како што еден напис на Reuters сугерира:

Локалните медиуми, цитирајќи анонимни извори, објавија дека на некои вработени во Google China им беше забранет пристап до внатрешните мрежи по 13 јануари, додека други вработени беа испратени на работно отсуство, а трети беа трансферирани во други канцеларии во оперативниот дел на Google's Asia Pacific.

Ајде да ја погледнеме оригиналната верзија на кинески која е нашироко цитирана и циркулирана на интернет.

Google总部在声明退出中国之后,立刻取消了所有中国工程师访问Google代码服务器的权限。

他们都是在上班后发现服务器的home目录进不去了。事先根本没有通知。

Кинеските инжинери забележаа дека пристапот до серверите на Google им е забранет откако седиштето на Google ја објави одлуката да ја напушти Кина.  Без никакво претходно известување тие забележаа дека не можат да пристапат на домашниот сервер кога пристигнаа на работа.

如果Google是有预谋的撤离,为什么要采取这种手段?他完全可以让员工继续工作,做一些善后工作。为什么Google突然那么不信任中国这边的团队?

Ако повлекувањето на Google беше планирано, зошто тогаш реагираа така набрзина?  Можеа едноставно да ги остават сите во Кина да си работат и да ја помогнат транзицијата. Зошто Google наеднаш не му верува на кинескиот тим повеќе?

唯一的原因就是,Google内部的技术人员中被安插了党的特务(就在Google上海办公处)事实真相就是,这个人在受 到党的派遣,应聘Google成功之后,就把Gmail的关键代码down下来然后上交给了组织。而这个组织破解gmail系统的目的就是为了获取“人权 团体”的邮件,这些在Google官方的声明都有

Единствената причина мора да е тоа што имало тајни „шпиони“ испратени од Партијата, кои се откриени  во канцеларијата на Google Shanghai, каде работеле како техничари.  Откако биле најмени тие ги спуштиле клучните кодови на Gmail  и ги доставиле до кинески организации. Целта била да се хакира системот на Gmail и да се препречат размените на email пораки на групите за човекови права, мотив кој што е рефлектиран во изјавата на Google.

这样一来会暴露gmail系统的所有漏洞,而且Google官方不能承认这个事情,否则他在国际上的声誉会大受影响。特工 这次的窃密行动,使Google有面临全面破产的危险(Google官方博客也说了,牵涉到知识产权的问题),说白了,再在中国呆下去,可能要威胁到整个 公司的生存,所以才如此仓促的把中国部门的一切工作全部停掉

Секако Google не смее да го открие овој факт бидејќи истиот ќе ги истакне во светлост сите „дупки“ во системот на Gmail и неговата репутација како сигурен и безбеден сервис провајдер ќе биде нарушена. Шпионажата претставуваше значителна закана за Google и токму заради тоа Google изјави дека прашања од интелектуална сопственост биле вклучени. Google очигледно веруваше дека опстанокот на компанијата би бил ставен во опасност доколку остане во Кина така што Google веднаш престана со работа во Кина.

Постот понатаму тврдеше дека имало тројца шпиони и сите тројца биле оперативци на Партијата. Како и да е, неколку одговори на постот го исмеаја ова, велејќи дека е едноставно само сензационална шпекулација.

Рационална одлука

На boxun.com, новинар ги резимира неволјите во кои се заплетка Google откако влезе во Кина.

2006年2月 牌照门

2006年11月 辞职门

2007年2月 地图门

2007年4月 词库门

2007年5月 抄袭门

2007年6月 报告门

2007年7月 流氓软件门

2007年8月 恶搞门

2007年10月 税务门

2008年3月 抄袭门2.0

2008年3月 漏税门

2008年6月 捐款门

2008年6月 泄密门

2008年11月 广告门

2009年1月 低俗门

2009年4月 低俗门2.0

2009年6月 涉黄门

2009年10月 版权门

2009年12月 涉黄门2.0

Делумен превод:

2007/2 На Google Maps, кинески град беше означен со име од времето на јапонската окупација

2009/1 Google беше критикуван од државата заради вулгарност

2009/10 Google беше обвинет за повреда на авторски права

2009/6 Google беше откриен дека покажува непристојни содржини

试想,有哪一个跨国公司架得住如此频繁的折腾?据统计Google在中国的收入大概是其全球总收入的1%,即使退出中国市场也不影响Google的整体业绩,损失不大,丢脸的是中共独裁政府。

Помислете, која меѓународна фирма може да си дозволи толку многу неволји? Приходите на Google во Кина се само 1% од нивните вкупни приходи, така што и да го напушти пазарот нема да биде значително погоден, но кинеската влада ќе изгуби образ. Поради тоа, некои луѓе веруваат дека излезот поради закана е само смислена приказна за да се скрие трговскиот неуспех на Google во Кина.

Блогерот Yemingzhu претпоставува дека Google користи шанса да ја напушти Кина како изговор за нивниот бизнис неуспех.

另一种说法是谷歌退出中国,采取这样高调的方式是为了掩饰其在中国的商业失败,从数据上讲,谷歌在中国是属于典型的叫好不叫座,赢得美誉度,没有得到实惠,还投入巨大的成本,从商业上讲,对股东要有交代,退出不是不可以解释。

Друг пак вели дека излезот на Google има за цел покривање на неуспехот на нивниот бизнис во Кина бидејќи репутацијата на Google не им носи многу профит. Со оглед на високите трошоци, излезот е разбирлив.

Google во моментов е вториот најголем пребарувач во континентална Кина и има околу 30% удел во пазарот споредено со уделот на Baidu кој изнесува 60%.

Ma Yun(马云), добро познатиот директор на веб страната за е-трговија, Alibaba.com, го критикуваше Google:

他说,谷歌在美国的成功是一种创业者精神的成功,是一种永不放弃的精神的成功。而进入中国市场后,则变成了以为可以用钱去改变市场,忽略了过去用脚踏实地、用梦想去改变别人的精神。

Google успеа во САД со претприемаштво и настојување за неговата намера. Како и да е, во Кина Google сонуваше дека парите можат да го манипулираат пазарот игноријаќи го фактот дека треба цврсто да стои на својот став за да ги промени останатите чекор по чекор.

Исто така тој ја нарече поддршката на Yahoo за Google, избрзана одлука.

Политичка завера

Gaoren мислеше дека излезот на Google е политички мотивиран, веројатно поддржан од американската влада.

Google是在中国政府的网络监察制度更严格的时候进入中国市场,希望在中国市场分得一羹。在中国政府的网络监察制度越 来越宽松的情况下退出市场,但站出来高调批评网络监察制度,这本身就是滑稽的,也是站不住脚的。至少表明Google和其声明中的道德是格格不入的。 Google只不过是利用政治作为撤出中国市场的遁词。

Google влезе на кинескиот пазар во време на строга цензура и се обиде да земе дел од овој голем пазар. Но денес го напушта пазарот во услови кога рестрикциите на интернет стануваат поопуштени. Бесмислено е сега Google да застане и да критикува рестрикции во оваа време. Не стои до својата висока морална идеја, содржана во нивната изјава и едноставно ја користи политиката како изговор да го напушти кинескиот пазар.

按照Google自己的高调标准,Google本身是一个高举道德大旗的魔鬼。2008年印度22岁的IT专业人士 Rahul Krishnakumar Vaid因为在Orkut网站写下“我恨索尼娅甘地(I hate Sonia Gandhi)”而遭逮捕。 Orkut是Google在印度的一个社交网络网站。Google立即向印度警方提供了Vaid的Gmail电子邮件信息。

Во суштина, според нивните сопствени стандарди Google претставува демон. Во 2008, Рахул Кришакумар Ваид во Индија беше уапсен затоа што на социјалниот медиум Orkut напиша „Ја мразам Соња Ганди“. Google, веднаш штом му беше побарано, ги достави неговите Gmail податоци на полицијата.

2010年1月7号,国务卿希拉里.克林顿(Hillary Clinton)在国务院请吃饭。这是一场小规模的晚宴,规 模虽小,来客却都是通讯科技界的重量级人物。客人名单上有谷歌首席执行官埃里克.施密特(Eric Schmidt)、Twitter联合创始人杰克.多 尔西(Jack Dorsey)、微软首席研究与战略官克瑞格.蒙迪(Craig Mundie),以及Mobile Accord总裁James  Eberhard, Cisco的行销总裁Susan Bostron,纽约大学教授Clay Shirky, Personal个人民主组织创始人 Andrew Rasiej等。这是美国国务院利用信息技术来推进美国外交目标的努力的一部分。

没过几天,在2010年的1月12日Google就跳出来。Google是否在为美国政府的政治目的服务呢?大家拭目以待。如果Google成为美国政府的政治打手,那中国政府对其政治约束是完全必要和合理的。

На 7 јануари, 2010, Хилари Клинтон покани неколку големи имиња од ИТ индустријата на прослава, вклучувајќи ги Ерик Шмит (Google), Џек Дорси (Twitter), Крег Мунди (Microsoft), Џејмс Ебхард, Сузан Бострон (Cisco), Клеј Ширки (Професор на NYU), Ендру Расеј (Група на човекови права). Ова беше оценето како дел од американската иницијатива да ги придвижи напред своите дипломатски цели користејќи ја информатичката технологија. Неколку дена подоцна Google се повлече. Дали ова значи дека ги опслужува интересите на американската влада? Ајде да чекаме и да видиме. Но, доколку е дел од американски политички план, тогаш е сосема разумно за кинеската влада да го oграничи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.