- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хаити: Политиката за обнова

Категории: Кариби, Северна Америка, САД, Хаити, Владеење, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Закон, Избори, Историја, Катастрофи, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика, Хуманитарен одговор

Последното нешто што му треба на Хаити [1], соочувајќи се со монументалната задача за возобновување од земјотесот кој го разурна [2] Порт-о-Пренс и околината [3] на  12 јануари, [4] е недостаток на  добра власт. [5] Сепак некои членови на хаиќанската блогосфера се повеќе од охрабрени што се однесува за напорите за обнова од земјотресот од 2010.

Tвитер [6], уште откако се објави болната вест, се покажа како најбрз начин за пренесување на мислењата: Mузичарот и хотелиер Ричард Морс [7], кој постојано објавува на Твитер како RAMhaiti [8], продолжува тивко и искрено со неговото:

Што се случи со парите од пред 6 години по уништувањето. Голема црна дупка. Посетете ги Гонаивите ако не ми верувате. Ни требаат нови луѓе, СЕГА [9]

Несомнено, беше пред шест години во септември 2004: Околу 3,000 лица загинаа кога  Tропската бура Џин (Jeanne) [10] го истури својот бес на североисточниот крај од островот, предизвикувајќи уништувачки поплави  и лизгања на земјиштето на Гонаивите [11]. Ужасот се повтори во септември 2008, благодарение на очигледно бескрајното надоаѓање на бури [12]кои ја погодија веќе опседнатата земја.

Процесот на обнова се комплицира откако се  вмеша и политичката клима [13] на Хаити. Според Морс, има малку надеж дека парите за помош ќе стигнат во рацете на  оние кои ќе ги употребат правилно:

Дали некој чул за ревизија??? Историски, фондовите за обнова не одат таму каде што треба. Во што е разликата овој пат?? [14]

Тој објаснува во последниот пост:

Бившиот премиер на Хаити побара ревизија и таа беше отфрлена. Тимот којшто е сега, се плаши од ревизија. [15]

Тој мисли на  Мишел Пјер-Луи [16], којашто, откако претседателот Рене Превал [17] ја номинираше за нејзиното место во јуни 2008, се соочи со тешка битка за докажување во парламентот на земјата [18]. Таа можеби ќе се докажеше, но издржа само една година на местото [19], предизвикувајќи некои блогери да се запрашаат за околностите за нејзиното отпуштање. [20] Но тоа не беше единствениот контроверзен настан на политичката арена во земјата: Фанми Лавалас [21], партијата на симнатиот бивш претседател Жан Бертран Аристид [22], која се уште ужива пристојна популарна поддршка во Хаити, беше попречена во учеството на следните избори во државата [23], кои беа закажани на крајот од февруари, годинава. [24]

Морс продолжува:

ДОСТА СО СТАРИТЕ; САКАМЕ НОВИ. Да чуеме што сакаат кандидатите. Да чуеме што сака НАРОДОТ. Никој не го сака сегашното СТАУС КВО [25]

Хаити падна на  168 место од 180 земји според рангирањето на Транспаренси Интернешнал [26] за индексот за перцепција на корупцијата за 2009 [27]. Морс  бесрамно пишува за 2009 како “ГОДИНА НА ИЗМАМАТА” во Хаити [28], додавајќи уште еден пост на Твитер:

Не е обнова ако се вмешани во ИЗМАМИ и КОРУПЦИЈА. Ги видовте ли оние ланските избори? Меѓунар. Комит. 100% одобрува @ZOEmagazine [29]

Тој исто така одговара на  @ZOEмагазин [30] прилично иронично:

Ако Хаити е дел од системот за ревизија на Меѓународниот комитет, зошто никој не не во ЗАТВОР? @ZOEмагазин [31]

…но внимателно ги објаснува своите изјави:

ОН стана дел од проблемот. Никогаш не кажа нешто за исчезнувањето на ПОМОШТА и ги одобри лажираните избори. @Dohnanyi [32]

Moрс не е единствениот блогер од Хаити кој зборува за претпоставената корупција на Твитер. thehaitian [33] ја поставува практиката во контекст на неговиот пост:

Не може да се очекува надплатената или неплатената работа на владата да не биде корумпирана. Здравствените работници и наставниците со години  не се платени.#haiti [34]

Сепак, тој признава дека работата на владата остава нешто посакувано:

Брзо. Кој и верува на владата на Хаити дека ќе изгради барем една владина зграда? Чесно прашање.#хаити [35]

RAMhaiti изгледа дека се согласува, споделувајќи малку од неговото искуство:

Луѓето ме посетуваат.Загрижени се како ќе биде распределена помошта на Хаити. Многу се загрижени за локалните жители кои се одговорни. [36]

thehaitian моли за транспарентност на начинот на кој се распределуваат парите од помошта:

Треба да знам каде ќе одат сите тие пари. Навистина. Работата ли е да се вратиме таму кај што бевме? Тоа е лоша идеја.#haiti [37]

…и сугерира дека:

Секоја пара која оди за владата на Хаити треба да се потроши за да се изгради од темел до кров даночната служба и за реформи на сопственичките права#haiti [38]

Доволно интересно, Њу Американ Медиа (New American Media) [39] направи анкета [40] на хаиќанската дијаспора во САД и еден од поголемите резултати покажува дека:

Се чини дека Хаиќаните во САД ја изгубија довербата во сегашната влада на Хаити и справувањето со последиците од земјотресот.Три петини од анкетираните се согласиле дека владата, практично исчезнала по земјотресот, а 63 проценти не ја одобруваат реакцијата на претседателот Рене Превал и на владата за земјотесот. Загриженоста за способноста за справување со кризата на владата на Хаити е толку силна што поголемиот дел од Хаиќаните во САД сметаат дека официјални лица од Обединетите нации и меѓународната заедница треба да владеат со Хаити “се додека целосно се обнови од катастрофата.” Анкетата открива и дека Хаќаните не се загрижени за големото американското воено присуство во нивната држава.

Други нетизени [41] исто така  ги ставаат нивните “безвредни”објави [42] на Твитер, со критички придонес на дискурсот кој доаѓа од melindayiti [43]:

Треба да имаме глас во планот за Хаити и уште поважно, нашите ХАИЌАНСКИ партнери треба да се оние кои го креираат планот за  #Хаити [44]

Најпосле, meandering [45] објави линк на неговиот блог кон Бизнис порталот на Хаити [46] и сугерира дека и меѓународната заедница има главна улога:

Од 1 до 3 милијарди долари се на пат кон Хаити: можеби толпата ЌЕ обрати внимание или пак ќе си ги купат обновата, ослободувањето и реконструкцијата однадвор? Со ризик да бидам политички некоректен, можеби меѓународната заедница ќе смета на зборовите на силниот човек од Руанда, Пол Кагаме: “TРГОВИЈА не ПОМОШ”.