Во овој град во Сибир попрво би избрале мачка за градоначалник

Image edited by Kevin Rothrock.

Фотографија креирана од Кевин Ротрок.

Има околу 700,000 луѓе кои живеат во Барнаул, град во западен Сибир околу 2,200 милји источно од Москва. Во последните пет години, граѓаните на Барнаул немаат градоначалник кои тие си го избрале. Како што политичките процеси во градот и понатаму се одвлекуваат од јавноста, така почнуваат да се манифестираат фрустрациите на обичните граѓани. На пример, една интернет заедница промовира домашна мачка како кандидат за градоначалник.

Во поголемиот дел од минатите пет години, „градскиот менаџер“ на Барнаул беше Игор Савинтсев. Тој поднесе оставка во август оваа година, кога локални истражители го обвинија дека ја злоупотребува својата функција. (Савинтсев е обвинет за продажба на општинско земјиште за ниски суми на бизниси поврзани со неговата фамилија, ставајќи ја владата во загуба од проценети 155,000 американски долари.) Савинтсев беше првиот пост-советски назначен градоначалник на Барнаул, наместо избран и изгласан од граѓаните.

Синот на Савинтсев, Максим, исто така е баш примерен граѓанин. Минатата година тој беше ставен на меѓународна потерница, кога избега од државата, откако беше обвинет за измама и проневерување. Криејќи се од полицијата шест месеци, Максим конечно беше уапсен во Тајланд. Денес, тој ги поминува деновите во руски затвор, чекајќи судење.

Надежните за канцеларијата на Игор Савинтсев (која е времено окупирана од привремен градоначалник) се грст луѓе од локалната власт и претприемачи. На 22 декември, специјална комисија—контролирана од советот на градот и гувернерот на Алтај Александер Карлин—ќе го одберат следниот градоначалник на Барнаул, кој ќе остане на функција до 2017.

Запознајте се со онлајн заедницата на Алтај на Vkontakte (најпопуларната социјална мрежа во Русија). На 6 декември, околу три недели откако властите во Барнаул формално ги регистрираа сите кандидати во градоначалничката трка, Алтај Онлајн најавија нивна трка, повикувајќи ги членовите на заедницата да одберат помеѓу седум кандидати: шест мажи кои всушност се регистрирани, плус мачката на администраторот, Барсик. Една недела подоцна, Барсик има речиси 4,500 гласови (91.2 проценти од сите гласови).

"Who would you like to see as Barnaul's new city manager?" Screencap: Vkontakte

„Кого би сакале да видите како нов градоначалник на Барнаул?“ Скриншот: Vkontakte

Виртуелните избори на Алтај онлајн се појавија на насловните страници во руските медиуми, каде кандидатурата на Барсик се опишува како замена за гласање „против сите.” Онлајн новинската агенција „Gazeta.ru“ објави сторија од 1,000 зборови за Барсик која вклучуваше возвишени коментари од локалните власти од руските „системски“ опозициски партии (групите кои редовно добиваат пратенички места во федералниот парламент, и, барем површно, играат улога во донесувањето на законите во државата). На пример, фигура во „A Just Russia“ (Само Русија) изјави за „Gazeta.ru“, „Проблемот не е со кандидатите. Ова е протест против нашиот систем на вработување на јавни функции. Актуелниот градски совет никогаш дури не се ни извини на граѓаните за минатиот градоначалник.” Во меѓувреме, претставник на Комунистичката партија, која не е застапена со свој кандидат во Барнаул, изјави, „Гласовите за една мачка покажуваат дека луѓето во овој град се подготвени да ги покажат своите канџи.”

"Who? A cat!" (In Russian, these words are spelled very similarly.) Screencap: Vkontakte.

(Фотошопирана фотографија.) „Кој? Мачка!” (На руски, овие зборови се спелуваат слично.) Скриншот: Vkontakte.

Дури и гувернерот на Алтај, Александер Карлин, излезе со доста апсурдно добредојде до омилената мачка на Барнаул, изјавувајќи за новинарите, „Преку симпатичната фотографија на Барсик, нашите граѓани ги пренесуваат нивните специјални желби за идниот градоначалник. Тука, ние го поврзуваме ова добро животно со добросостојба и комфорт.”

Администраторот на Алтај онлајн се потпишува под псевдонимот „Altaiskii Seyatel” (Алтајски земјоделец). РуНет Ехо го праша што тој мисли за целото внимание кое неговата мачка го добива од руските власти и кој е неговиот став кон прославувањето на напаѓањето на Барсик на статусот кво од страна на опозициските партии. „Мачката Барсик го должи својот успех на луѓето во овој град кои не знаат кои се другите кандидати,” рече Алтајскиот земјоделец. „Луѓето не си ги познаваат платформите, зошто се тие во трката за функцијата, или што тие сакаат да направат за градот. Затоа не е јасно зошто опозицијата е толку среќна, кога не можеа да предложат кандидат кој гласачите го препознаваат и разбираат.”

Секако срамно за луѓето кои учествуваат во градоначалничката трка за Барнаул, се чини дека кандидатурата на Барсик не дели корени со опозициските движења за кои повеќето странци знаат од извештаи за протестни маршови во Русија. Алтајскиот земјоделец избегнува директно да ги критикува политичарите, и тој изјави за „Gazeta.ru“ дека Барсик е далеку од опозиционер. Уште повеќе, тој исто така изјави дека Барсик ги сака „All-Russia People's Front“ (Граѓанскиот фронт на сите Руси)—политичко движење инаугурирано од Владимир Путин во 2011, наменето за создавање резервоари за поддршка на Путин и надвор од обединета Русија, владеачката партија во државата.

Алтајскиот земјоделец исто така изјави за РуНет Ехо дека тој се надева дека Барсик може да помогне да се етаблира градскиот бренд, станувајќи нешто како „градоначалник на граѓаните” или дури и туристичка атракција. „Барсик е веќе дел од регионалниот политички естаблишмент,” декларира неговиот сопственик, „и тој не е подготвен да се откаже од неговите политички амбиции.”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.