Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Видео: Работилница за деца за изработка на видеа без употреба на камера

marker on film

Маркер на филм

Во Валадолид, Шпанија децата се учат да создаваат филмови без да користат камера. Следат некои од видеата кои го прикажуваат процесот и крајниот резултат на овие работилници.

The Asociación Espacio Rojo (Асоцијацијата Црвен простор) е онаа која ги организира овие работилници и вака тие ја опишуваат нивната визија:

Actualmente, Estamos realizando el Taller ‘Mi primera película’ que es un taller práctico de cine sin cámara. Este taller presenta la forma de hacer cine, películas sin cámaras usando técnicas y soporte cinematográfico como medio de expresión.

Моментално, се спроведува работилницата „Мојот прв филм“, работилница за креирање на филмови без користење на камери. Оваа работилница го покажува процесот на создавање филмови на лента без користење на камери, користејќи други техники и проекции како начин на изразување.

Следува видео со првите филмови создадени од децата:

Во последната работилница, која се случи на 27 декември, децата сликаа на 16 mm филмска лента: потоа сите нивни парчиња беа споени. Во ова видео може да ги видите како работат и како и се воодушевуваат на машината која се користи да се спојат нивните ленти:

Во ова видео, може да ги видите децата како се воодушевуваат на нивниот прв филм:

Може да погледнете повеќе видеа од овој експеримент, како и делови од работилницата на Vimeo каналот на асоцијацијата Црвен простор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.