- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Палестина во Перу?

Категории: Латинска Америка, Перу, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Младина, Образование, Технологија
Niña en Palestina, Perú.

Девојче во Палестина, Перу. Кадар од видео-клипот на Фондацијата Викимедија

Во видео-клип [1] објавен од Фондацијата Викимедија, може да се видат деца од селото Палестина во перуанскиот регион Укајали [2], како користат лаптопи од проекот ОЛПЦ да создадат напис [3] на Википедија на шпански за нивното место (во меѓувреме направени се преводи на англиски [4], француски [5] и македонски [6]). Клипот, во кој се појавуваат и Џими Велс [7] и Винтон Серф [8], е дел од документарен филм кој наскоро ќе биде објавен во целост. Може да најдете повеќе информации на веб-сајтот „Едно човеково право“ (анг. „A Human Right [9]“).