- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јордан: Протести за Денот на гневот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Јордан, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Протест

Инспириранa од протестите во Тунис, јорданската Твитер заедница се собра за „Денот на гневот“ кој беше објавен на 12 јануари, а се одржа на 14 јануари, по петочните молитви. Протестантите се собраа околу Јордан, фокусирајќи се примарно на зголемувањето на цените, но исто така упатија загриженост и за политичкото обесхрабрување и влошувањето на владата на премиерот Самир Рифаи.

Извештаите [1] проценуваат дека имало приближно 400 жители во секој од градовите Аман, Ирбид и Карак, со околу 200 протестанти во градот Дибан. Овие протести се одржаа и покрај намалувањето на цените на некои основни прехранбени продукти објавени оваа недела. Овие протести беа организирани од Баатистите и левичарските опозициските партии, но беа многу дискутирани и од самостојните членови на јорданската јавност под хаштагот на Твитер #гневенЈордан.

Али на 12 јануари објави [2]:

Ајде да ги искажеме нашите мислења. Да го извадиме она што е во нас. #Гневен Јордан е официјалниот хаштаг за ГНЕВНИОТ ДЕН НА ЈОРДАН во петок! #Аман #Јо

Јорданците тогаш поминаа два дена објавувајќи на Твитер сериозни, но и полесни поплаки за јорданската култура и политика. Лаит Јунис напиша [3]:

Ме лути тоа што луѓето уште зборуваат за проблемот помеѓу falasteeni/Urdoni (Палестина/Јордан)! ПОРАСНЕТЕ СИТЕ СМЕ ЛУЃЕ #ГневенЈордан

Јазан Шавабкех додаде [4]:

Нашата влада, Каде е промената?? #ГневенЈордан

Владата без причина беше единствената цел на лутите корисници на Твитер, како Абдула Шурбаџи [5]:

Ме прави лут тоа што таксистите мислат дека ги поседуваат улиците во Јордан #ГневенЈордан

Раван Азиз коментираше [6] за една иритирачка навика:

Го мразам фактот што секој прави неред, не си слушнал за канта за отпадоци? #ГневенЈордан

Набрзо, разговорот се прерасна во дискусија за тоа дали валканата облека треба да се проветрува на тој начин без да се обезбедат остварливи решенија. Али Дахмаш изјави [7]:

Зошто го употребуваме ова #ГневенЈордан ? Ако сакаш да ставиш крај на проблемите со кои се соочуваме во Јордан, тогаш предложи решенија. Жалејќи се само не помага #jo

Фарах Филастен се согласи [8]:

Драги Јорданци, престанете со хаштагот #ГневенЈордан. Оставате лош впечаток. Бидете спокојни!

Ханин Абу-Шамат објави [9]:

@AliChubby @AliDahmash @khaledmhakim Јас не сум против #ГневенЈордан, само се надевам дека ќе можеме овој гнев да го насочиме кон луѓето кои што можат нешто да сторат

ЛумаК ги подржа [10] националните отворени сесии:

#ГневенЈордан не треба да се критикува. Во ред е да си отворен, отворањето е форма на лечење, форма на испуштање на фрустрацијата, оди си @Лаит Јунис

Други дискутираа за тоа чија е одговорноста за да се случат промените. ХаземЗ објави [11]:

Само личната иницијатива нема да ги подобри економските услови. Фрустрацијата доаѓа од недостатокот за чувство на сопственост #ГневенЈордан

Омар Тахбоуб беше скептичен [12] за тоа колку можат да постигнат протестантите:

Извинете лути Јорданци, но заминувањето на владата нема да ги намали цените! Ајде да пораснеме и да не очекуваме магија од владата #ГневенЈордан

Вил Али Дахмаш беше еден од многуте кој предложи [13] зголемување на личната иницијатива и на заедницата:

#ГневенЈордан Мои драги пријатели Јорданци, зошто да не почнеме со промената со тоа што ќе им помогнеме на локалните заедници и ќе им дадеме моќ

Други се фокусираа на настаните и учесниците. Членовите на Исламистичката опозиција најпрво изјавија дека ќе учествуваат во демонстрациите на Денот на гневот, но потоа одлучија да се откажат и да одржат свои протести на 16 јануари. Таравнах изјави [14]:

Исламистите го одложија нивното учество во утрешните протести, за во недела. Секогаш 2 дена доцнење за партијата! #ЈО

Многу корисници поставија видео снимки и фотографии од тековните демонстрации и едвај чекаа да ги објават резултатите на крајот од протестите. Насер К објави [15]:

демонстрациите мирно завршија, сите коишто беа загрижени за нас и Јордан сега можат да одмараат #ГневенЈорданa

Анвар Хадад напиша [16]: [17]

@Шузмо: Задоволен што #ГневенЈордан заврши мирно. Реформата нема да дојде само од владата, Јорданците и владата треба заедно да работат, ајде да работиме на #Изгради го Јордан

И после сè што беше кажано, гневните Јорданци сè уште беа лути на една владина институција: официјалниот печат, кој не известуваше за протестите. Фади Кади напиша [18]:

Вебсајтот на #Јо направи добра работа известувајќи за петочните протести- немојте да бидете измамени, нема ништо да најдете утре во Ал Раи [државниот весник] за #ГневенЈордан

Тој подоцна додаде [19]:

Ниту збор за петочните протести ниту во новинската агенција на владата на Јордан- Петра. Сепак, #ГневенЈордан останува како опција