- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Малезија: Премиерот одговара прашања на Твитер

Категории: Источна Азија, Малезија, Владеење, Граѓански медиуми, Политика, Технологија

Премиерот на Малезија, Нажиб Разак, на неговиот Твитер профил [1] објави дека ќе одговара на прашања од граѓаните поставени помеѓу 16.30 и 18 часот, минатиот вторник, употребувајќи хаштаг, #tanyanajib [2], што се преведува како „прашај го Нажиб“ на малајски. Во последно време, премиерот ги употребуваше социјалните медиуми, како неговиот блог, Фејсбук и Твитер за да комуницира со граѓаните, вклучувајќи и дружење [3] со неговите „онлајн пријатели“.

Набрзо стана главна тема на Твитер, со тоа што многу граѓани го прашуваа премиерот за прашања во поглед на проблемите.

Илајн Дали [4], славна личност во Малезија, објави

Ако ние сме една Малезија, тогаш зошто сè уште треба да се изјаснуваме за нашата раса? Од „дан лаин лаин“ (Други раси покрај малезиските, кинески и индиски) мене

(На повеќе официјални настани, Малезијците треба да се изјаснат за нивната раса- малезиска, кинеска, индиска, или друга)

Џиа Лианг [5], праша

дали мислиш дека треба повеќе пари да се инвестираат во развојот на спортовите во нашата земја? Ние покажавме ветување.

Шишевади [6], праша

di KL sdg sibuk dgn projek MRT.bila agaknya LRT akan dibina di kuching?kesesakan lalu lintas semakin teruk di sini.

Кога ќе биде изграден Лесниот железнички транзит [ЛЖТ] во Кучинг, Саравак, како што Масовниот брз транзит [МБТ] проект моментално се привршува во Куала Лумпур? Сообраќајот овде станува сè полош.

Кивенсим [7], наместо да одговори, ги предупреди Малезијците кој што поставиле неважни и осетливи прашања.

Малезијците треба да ја искористат шансата да проговорат, а не да покажуваат колку се незрели Малезијците…

Новинскиот портал Malaysiakini исто така ги нагласи [8] некои од поставените прашања:

@aleffush: Што има во косата на Росмаш?

@dawsydozz: Која е тајната во твоите сочни розови усни?

@idzwan88: Не сум доволно паметен да му поставам на Нажиб добро прашање, но нема да му го трошам времето на Нажиб правејќи се паметен и поставувајќи смешни прашања! Пораснете!

@dearfirdaus: Зошто Малезијците се однесуваат како павијани? Види и самиот на #tanyanajib. Дали е ова поради слабото воспитување?

@jayong28: Зошто не им е дозволено на студентите да учествуваат во политиката, а на 14 годишен му е дозволено да се венча?

@bluswhitehat: Дали ќе можеш да одговориш на сите овие прашања?

Блогерот Томас Чаи, исто така, ги потенцираше [9] некои од поставените прашања и се надева дека премиерот ќе посвети внимание да одговори на секое прашање.

Има многу добро поставени прашања од кои некои не се многу корисни, а некои се сатирични. Јас се надевам дека премиерот ќе одвои време да одговори на прашањата ако искрено сака да ја подобри ситуацијата во земјата.

Покрај Твитер, премиерот исто така одговара на прашања поставени на неговиот Фејсбук профил. Моментално, сепак, сесијата заврши.

Г. Нажиб нема започнато со одговарање на прашањата, ниту пак има индикации кога планира да го направи тоа.